- Член од
- 14 мај 2009
- Мислења
- 1.581
- Поени од реакции
- 1.853
Ти благодарам за убавите зборови.... би сакал да е така, ама сепак не ќе да е! Колку и да е корисна темава, сепак до друго нешто ќе да е до намалувањето на потрошувачката.... Топлата зима и највеќе нешто друго за што пишував во една друга тема, мислам во темата за странските инвестиции! Намалувањето на потрошувачка на енергија воопшто: на гас на струја, јаглен.... и намалената лична потрошувачка, се јасни индикации за нешто друго, а не за наводно зголеменото производството во МК и на зголемениот обем и димамика на вработувањата во однос на минатиот период, како и на зголемениот обем на странските инвестиции (како што велат од Владата нели!?).... Арно ама едното не оди со другото, те многу логично е да одат правопропорционално, те да се зголемуваат, а не како велат раст на вработеноста, раст на производството, раст на БДП, раст на странските инвестиции.... а пад на личната потрошувачка и пад на потрошувачката на енергија. Ми нема баш логика! А како гледаме се поголем е бројот на мали и средни компании кои згаснуваат, ги набројав: Леснина Бујото, Римес, РНР студио, К-15.... па еве го и Тедико е готов. многу од трговијата пропаднаа, полупразни се трговските центри, Фамили Шоп карши Градска празен (иако како трговци мали потрошувачи, ама се собира нели!?) Но тоа е друга тема нели!?...Предлагам @Dr Zmigo да отвори тема Најекономично добивање на струја - така ќе собереме податоци за се што ни треба
Сега ќе објаснам зошто предлагам тоа да го направи Dr Zmigo
Темата Најекономично затоплување, што тој ја отвори имаше неверојатно влијание. Слушнавте дека потрошувачката на струја минатата година се намали за 3,5%. Што значи цела Македонија имаше огромна корист од Кајгана и Dr Zmigo. Никој не направи толку, колку што направија Кајгана и Dr Zmigo.
Што значи имаат „ среќна рака “
Иако темата Ауфидерзен Мк. (на мое двојно жалење) ја престигна со постови, сепак мило ми е што темата која ја отворив за економично греење (затоплување) има толкава популарност во (потфорумот) темата Економија, толку многу прегледи и постови.... уште повеќе што разменивме толку убави идеи, пишувавме и пишуваме неоптеретени со политика, без интерес, без карање и навреди (што не е случај со останатите каде ги има во изобилие)....секако највеќе ми е мило ко ќе ми се заблагодари некој на добрата идеја мислење или ко ќе ја пофали темата генерално и ќе каже дека тука добил идеја..... Уште еднаш фала за убавите зборови... Секако ги следам иако не ги разбирам толку и твоите стручни мислења, особено во темава и за затоплување и особено во делот за онаа направијата која ѓоамити штедела струја....јас немам причина да не ти верувам дека теориски тоа е можно (иако искрено не ги разбирам шемите и твоето стручно мислење објаснување на темата), ама сепак никој не се јави да каже дали е вистина и практично тие направи кои се нудат на пазарот дали нешто вредат да користат, дали заштедуваат како велат дилерите од 20-40%.... те да се набават!?
Последно уредено: