Покрај поскапувањето на струјата, укината е и дневната ефтина тарифа

Член од
28 март 2006
Мислења
17.822
Поени од реакции
12.317
Да, и Македонија исто, беспари :unsure:

14.05.2013, 16:14
ЕЛЕМ, ЕВН И МЕПСО ДОСТАВИЈА ТРОШОЦИ ЗА ПРЕСМЕТКА НА НОВА ЦЕНА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА
Дали ќе поскапи струјата, ќе знаеме во август
Енергетските компании "Електрани на Македонија" (ЕЛЕМ), МЕПСО и "ЕВН Македонија" денеска до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) треба да ги достават пресметките за нивните трошоци врз основа на кои треба да се пресмета дали ќе има промена на цената на струјата за домаќинствата и за фирмите.
Директорот на ЕЛЕМ Дејан Бошковски вчера потврди дека ЕЛЕМ, најдоцна денеска ќе ги достави трошковните пресметки, но не сакаше да коментира дали ќе бараат одобрување на повисоки трошоци од лани.
"Цената на струјата е одлука на Регулаторната комисија за енергетика, и не можам тоа да го коментирам. Во пресметките нема да се вклучат инвестициите на ЕЛЕМ во проектот за Попова Шапка", рече директорот на ЕЛЕМ Дејан Бошковски.
ЕЛЕМ во следните две години треба да вложи околу 28 милиони евра во модерен ски центар на Попова Шапка.
И од "ЕВН Македонија" потврдуваат дека и нивните пресметки се на пат кон Регулаторната комисија за енергетика.
Согласно правилниците на Комисијата, трошковни пресметки доставува и МЕПСО, но само за надоместокот за управување со пазарот на електрична енергија, додека за надоместокот за управување со преносот на електрична енергија, трошоците се доставуваат на секои три години.
РКЕ до 1 август годинава треба да одлучи дали ќе ја поевтини или поскапи струјата.

Тешко дека ќе поефтини. Регулаторната елем и мепсо поврзани со владата. А на владата и требаат пари за буџетот
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Да, и Македонија исто, беспари :unsure:

14.05.2013, 16:14
ЕЛЕМ, ЕВН И МЕПСО ДОСТАВИЈА ТРОШОЦИ ЗА ПРЕСМЕТКА НА НОВА ЦЕНА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА
Дали ќе поскапи струјата, ќе знаеме во август


Тешко дека ќе поефтини. Регулаторната елем и мепсо поврзани со владата. А на владата и требаат пари за буџетот
Еве уште една вест која ги засилува сомнежите: Владанка Авуровиќ била во Загреб за истава работа. Погледнете со кого се договарале
http://www.sobranie.mk/?ItemID=2FDFA951663CE64691410C3AF8FDAE01
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Валон Сарачини на ова би одговорил: Ако дојде до либерализација на пазарот на струја, струјата би се покачила за 50%. Додека имаме монопол само по 10% се покачува.
Или во превод, ќути има и полошо.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Валон Сарачини на ова би одговорил: Ако дојде до либерализација на пазарот на струја, струјата би се покачила за 50%. Додека имаме монопол само по 10% се покачува.
Или во превод, ќути има и полошо.
Ленин тактика.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ленин тактика.
Не.....
Подобро е да се каже - идиот и кретен тактика. Јас постојано повторувам политичариве не сметаат за идиоти и кретени
Законот за енергетика од 1997 имаше 78 члена на 21 страна
http://www.kocani.gov.mk/ZAKONI/Zakoni za energetika, rudarstvo i industrija/Zakon za energetika.pdf

Сегашниот Закон е од февруари 2011 има 208 члена на 124 страни
http://www.evn.mk/getdoc/fa911cb7-4ef8-4402-8732-6111cdef74eb/Закон-за-енергетика.aspx
Меѓутоа овој Законот од 2011 е двапат дополнуван
И тоа во октомври 2011 со три члена на три страни
http://www.erc.org.mk/odluki/ZAKON ZA DOPOLNUVANJE NA ZAK.ENERG.-SLUZ.VES.BR.136-03.10.2011.pdf

И поголемо дополнување во мај 2013 со 29 члена на 14 страни
http://www.erc.org.mk/odluki/IZMENA ZANKON ENERGETIKA.pdf
За споредба Законот за облигациони односи, кој е во секоја држава најобемен закон, има 1141 член на 296 страни
Ако имате трпение да ги погледате Законот за енергетика ќе ви стане јасно дека во тој закон нема ништо друго освен празни зборови според кој се е во рацете на претпијатијата кои се занимаваат со енергетика и регулаторна
Затоа имаме најскапа струја
Затоа се се кршат човекови права за да Топлификација мами и ограбува
Затоа Македонија увезува една третина од струјата
Затоа струјата уште ќе поскапува и не се знае крајот на тие поскапивања
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Велат дека цената на струјата во Словенија е најскапа.... - огин скапа,... поскапа од било каде..
Во Словенија ефтината струја е во сабота и недела и празници 24 часа, а во работните денови од 22 до 06 наутро
Еве најдов страница на која може да се пресмета колку би ме чинела струјата во Словенија.
http://www.zanesljivo.si/Informativni-izračun.aspx?OM=24&NM=2&VT=768&MT=835
На калкулаторот отчукав за скапа струја ( VT ) 768 KWh,
ефтина тарифа ( MT ) 835 KWh. За пресметовна моќ отчукав 7KW
и добив цена од 181 евра

Инаку ова се количините кои ги платив во јануари 2013 и таа фактура од ЕВН изнесуваше 7936 денари.
Повелете, пресметајте колку би ве чинела струјата во Словенија.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Да прашам, колку е односот индустриска струја : нормална струја? За цена зборам.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Да прашам, колку е односот индустриска струја : нормална струја? За цена зборам.
Во моментов цената на струјата за домаќинствата во Македонија е 6,56 денари висока тарифа и 3,28 ниска
тарифа за еден киловатчас
За останатите приклучени на ниско напонската мрежа дуќани, школи, и се друго е 10,20 денари
Ова се цени кои ги плаќаат граѓаните
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Во моментов цената на струјата за домаќинствата во Македонија е 6,56 денари висока тарифа и 3,28 ниска
тарифа за еден киловатчас
За останатите приклучени на ниско напонската мрежа дуќани, школи, и се друго е 10,20 денари
Ова се цени кои ги плаќаат граѓаните

Ај сеа ко да сум прваче :)
Значи индустриска струја е 10.2 денари киловатчас?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.822
Поени од реакции
12.317
Језиво, ќе дремеме навечер на кандило.
Од 1 јули нова цена на струјата

За две недели ќе се знае дали и за колку ќе поскапи струјата од 1 јули. Од Регулаторната комисија велат дека енергетските компании побарале големо зголемување на центата, но последниот збор ќе го има Комисијата која цената ја креира согласно методологијата, вклучувајќи ја и цената на светската берза која е ниска.
Правни и технички проблеми, односно неподготвеноста на Регулаторната комисија за енергетика и енергетските компании се причина за одложениот старт на либерализацијата на пазарот на струја за 147 те компании кои требаше пред шест месеци да ја купуваат струјата на слободен пазар. Според регулаторот Петров уште една причина е и цената на струјата која најмногу ќе се одрази врз домаќинствата.
- Mоже да се каже дека ЕЛЕМ, МЕПСО, ЕВН и РКЕ се неподготвени за либерализација, но малите крајните потрошувачи доколку влеземе неподготвени треба да го понесат најголемиот товар, вели директорот на Регулаторната комисија за енергетика, Димитар Петров.
Останува да се почитува рокот за домаќинствата кои од 01 јануари 2015 имаат обврска да излезат на слободниот пазар. И министерот за економија Сарачини и вицепремиерот Пешевски изјавија дека либерализацијата за компаниите ќе значи поскапа струја за 20, а за граѓаните за 25% ако во процесот се влезе без подготовки и анализи. Сепак во регулаторна се крои нова цена на струјата со сметките за јули. За колку Петров не открива, вели енергетските компании бараат многу.
- Tие во своите пресметки бараат многу, но ние ќе одлучиме согласно методологијата, вели Димитар Петров.
Регулаторите имаат рок во следните две недели да одлучат за колку ќе се зголеми цената на струјата од 1 јули, но исто така ќе донесат одлука кој ќе биде новиот рок за либерализација на пазарот на струја за 147 те компании.


Ова ли е таа Македонија што грабела напред.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Во моментов цената на струјата за домаќинствата во Македонија е 6,56 денари висока тарифа и 3,28 ниска
тарифа за еден киловатчас
За останатите приклучени на ниско напонската мрежа дуќани, школи, и се друго е 10,20 денари
Ова се цени кои ги плаќаат граѓаните
Дали е ова со се оние 33% ангажирана моќност или тоа и плус ддв-то е плус кога ќе ти ги опнат во сметка?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom