Позитивна листа на лекови

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.751
Поени од реакции
8.246
Како и во секоја бранша мора од набавки да лаапат. Пред еден месец ставив магнета макс или како и да е името, се јавувам да прашам дали може само со апликација како секаде на Балкан наместо да ми носат андроид бокс бидејќи секако тв-то е андроид и апликацијата ја има во плеј стор. Цитирам одговор од контакт центар: ако сите прават така набавки нема да има од што да живеат:tapp:
На жената требало барем во најмала рака да и се дае медаља за искреност. Да беше друга држава ќе ти речеа: нема проблем господине и ќе те игнорираат.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.238
Поени од реакции
37.010
„-Има и пари, нема никаков проблем, само чекаме да се избере новиот Управен одбор!- изјави Таравари.„

„Вчера директорот на ФЗО Сашо Клековски изјави дека очекува за десетина дена да се знае дали ќе има проширување на позитивната листа со девет нови лекови, бидејќи во моментот не е прашање дали има пари или нема пари за девет лекови.


...толку состаноци, советувања, дописи на експерти, за само девет лекови кои ќе ги вметнат на позитивна листа, :facepalm:



cisticna-fibroza-protest.jpg


...се надевам дека ќе се сетат на тие пациенти со цистична фиброза кои лекот Трикафта живот им значи и ќе го вметнат на позитивна листа!


трикафта-игор.jpg

imagesџџ.jpg blagojce-ilievski-vlada1-1.jpg
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.751
Поени од реакции
8.246
„-Има и пари, нема никаков проблем, само чекаме да се избере новиот Управен одбор!- изјави Таравари.„

„Вчера директорот на ФЗО Сашо Клековски изјави дека очекува за десетина дена да се знае дали ќе има проширување на позитивната листа со девет нови лекови, бидејќи во моментот не е прашање дали има пари или нема пари за девет лекови.


...толку состаноци, советувања, дописи на експерти, за само девет лекови кои ќе ги вметнат на позитивна листа, :facepalm:



Прегледај го приврзокот 425093


...се надевам дека ќе се сетат на тие пациенти со цистична фиброза кои лекот Трикафта живот им значи и ќе го вметнат на позитивна листа!


Прегледај го приврзокот 425094

Прегледај го приврзокот 425095 Прегледај го приврзокот 425096
Зарем трифактата е проблем?
Ајде ќе кажат скап лек е ова она. Ама простоќата на медицинските власти е на највисоко ниво.

Еве трансплантираат срце со газда Јовиќ, ама комбињата за брза помош немаат венски аспирин и хепарин кој во секоја секунда кај инфаркт живот значи.

Абсурдни примери има милион во оваа вукојебина.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.238
Поени од реакции
37.010
Зарем трифактата е проблем?
Ајде ќе кажат скап лек е ова она. Ама простоќата на медицинските власти е на највисоко ниво.
Еве трансплантираат срце со газда Јовиќ, ама комбињата за брза помош немаат венски аспирин и хепарин кој во секоја секунда кај инфаркт живот значи.
Абсурдни примери има милион во оваа вукојебина.
...ништо не е тоа, бисер на денот е настан, кога на еден од домашните му се слошило дома, домашните викнале Брза помош, додека чекале помладите членови давале вештачко дишење притискале гради, колку што знаеле некакава реанимација, кога дошле набргу од Брза помош продолжиле се вртеле тоа низ куферот барале и на крај ги прашале домашните ,,дали им се наоѓа дома една ампула адреналин"???
:eek:
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.100
Поени од реакции
7.465
како може да не разбираш таков широк едноставен текст!
А ти како не можеш на кратко и јасно прашање, да дадеш краток и јасен одговор....
Прашањето ми е, дали луѓето кога идат да се вакцинираат, (и бебиња и деца), директно на шалтер плаќаат од свој џеб или само примаат вакцина и си одат, без денар да дадат?
Разбрав дека народот директно на лице место не плаќа, но тоа што сакаше да дообјасниш дека институцијата ги покрива трошоците, беше збунувачкото и непотребно, бидејќи јасно е дека не постои материјално, а бесплатно.

Првин пишуваш не биле бесплатни, а после кажуваш дека поради националната програма ги покривале, односно излегува се бесплатни:

сите други вакцини во календарот за имунизација на педијатриска популација не се на позитивна листа т.е. не се бесплатни, ама според Национална програма за заштита на населението и рана имунизација вакцините ги покрива Министерство за здравство исто како што ги покрива „инсулините“ со сопствени тендери, а потоа ги снабдуваат Здравствените домови.
Еве види дал сум сфатил:
За некој месец кога ќе почне вакцинација против сезонски грип, луѓето примаат вакцината и ништо не плаќаат, но за ц.ц 20.000 (од ракав е бројкава) луѓе е бесплатна, а после секој нареден ќе треба да си плати целосна сума.
Родители кога носат деца на редовна вакцинација, денар не плаќаат за ниту една вакцина што е редовна.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.751
Поени од реакции
8.246
А ти како не можеш на кратко и јасно прашање, да дадеш краток и јасен одговор....


Разбрав дека народот директно на лице место не плаќа, но тоа што сакаше да дообјасниш дека институцијата ги покрива трошоците, беше збунувачкото и непотребно, бидејќи јасно е дека не постои материјално, а бесплатно.

Првин пишуваш не биле бесплатни, а после кажуваш дека поради националната програма ги покривале, односно излегува се бесплатни:



Еве види дал сум сфатил:
За некој месец кога ќе почне вакцинација против сезонски грип, луѓето примаат вакцината и ништо не плаќаат, но за ц.ц 20.000 (од ракав е бројкава) луѓе е бесплатна, а после секој нареден ќе треба да си плати целосна сума.
Родители кога носат деца на редовна вакцинација, денар не плаќаат за ниту една вакцина што е редовна.
Ти со сила се правиш или си?

Фондот ги плаќа тие вакцини, а фондот го плаќаме сите ние! За тие што не го плаќат фондот бирото за вработуање им ја плаќа таксата на социјална основа.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.001
Поени од реакции
22.322
Мислам дека е подобро да се исфрлат некои лекови како репаглинид и еналаприл и на нивно место да се стави некој нов како периндоприл.

Фондот е црна дупка, негово дигитализирање ќе скрати голем дел од проблемите ама па на партиските неспособњаци ќе треба да им се бара ново работно место во тој случај.

Друг голем проблем кој го оптоварува Фондот но и штети генерално финансиски и здравствено на државата е што народов мисли дека матичниот лекар служи како место каде што оди да му одобри барање некое, дали треба да пие (пример) цефиксими, кларитромицини, диазепами... не е важно, он оди а докторов му препишува и така непотребно се издаваат тон лекови*. Аааа за син ми е амоксиклавот, он е во Словенија а таму не даваат лекови како тука хехехе. Али таков е системот на капитација во ПЗЗ - крајно нефункционален и не верувам да се смени за уште 15 години така да тоа е што е.

*Тука и боледувања може да се вметнат, пола боледувања се со фиктивни дијагнози зошто народов ни е неработлив, радо би дремел дома и зимал пола плата. :toe:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.238
Поени од реакции
37.010
15.09.2024
... Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување, донеле одлука за дополнување на Позитивната листа на лекови (после пат било во 2014 година) со вкупно девет лека по генеричко (хемиско) име, односно, по форма и јачина со што позитивната листа се проширува за вкупно 20 лека, односно со 59 фабрички (бренд имиња)и тоа:


imagesjj.jpg PACKSHOT-atixarso-90-mg.jpg

- лекови против крвни болести - антикоагуланси (Prasugrel, Ticagrelor),


nebilet-tablete.jpg prenesa-30x4mg-1.png Valsacor28_40_3D.jpg 6486825-87-6486825-PICFRONT3D.jpg

- лекови против болести на срце и крвни садови - против висок притисок и високи масти (Nebivolol, Perindopril, Valsartan, Fenofibrate),
elicea-30x10mg-1.png unnamedvv.jpg duloxetine-capsules_1629808960.jpg

- лекови за централен нервен систем - антидепресиви и за третирање деменција (Escitalopram, Memantine, Duloxetine).
што ќе го чини буџетот на ФЗСРМ еден милион евра на годишно ниво.


...е сега морам да искоментирам дека може се НОВИ ЛЕКОВИ на позитивна листа, но во ова група најмалку се две генерики кои се применувале многу одамна дури во екс ЈУ биле актуелни, а конкретно антихипетензивот Valsartan познат и како ДИОВАН 80мг, ако се сеќаваат постарите генерации (види слики) го исфрлиле од употреба поради споредни несакани ефекти, инаку си беше уште тогаш на рецепт, а се давало (препишувало) само за исклучителни индикации, а зошто сега после скоро 30 години повторно „воскресна“ лекот како најприменлив и најпрепишуван и како „НОВ ЛЕК“мора да има некое објаснување! :toe:

...истото е со генериката (хемиското име) fenofibrate на лекот „Katalip“ кој исто така е еден од постарите лекови кои се препишувале пред 50 години при покачен холестерол, но поради многу контраиндикации и несакани ефекти веќе не се препишувало и не знам сега како преку ноќ, станал „НОВ ЛЕК“ , дали воопшто тие што се во комисија за одлучување на позитивна листа, тие што давале предлози воопшто знаат дека стари лекови кои ги препишувале уште од минатиот век ги нарекуваат сега „НОВИ ЛЕКОВИ (генерики), дали се запознати со многуте несакани ефекти и контраиндикации или работаат само според препораки од ... :toe:

Screenshot 09-17-2024 17.01.56.png Screenshot 09-17-2024 17.06.36.png

Screenshot 09-17-2024 17.46.35.png

Screenshot 09-17-2024 17.29.04.png
 

Kajgana Shop

На врв Bottom