15.09.2024
... Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување, донеле одлука за дополнување на Позитивната листа на лекови (после пат било во 2014 година) со вкупно девет лека по генеричко (хемиско) име, односно, по форма и јачина со што позитивната листа се проширува за вкупно 20 лека, односно со 59 фабрички (бренд имиња)и тоа:
- лекови против крвни болести - антикоагуланси (Prasugrel, Ticagrelor),
- лекови против болести на срце и крвни садови - против висок притисок и високи масти (Nebivolol, Perindopril, Valsartan, Fenofibrate),
- лекови за централен нервен систем - антидепресиви и за третирање деменција (Escitalopram, Memantine, Duloxetine).
што ќе го чини
буџетот на ФЗСРМ еден милион евра на годишно ниво.
...е сега морам да искоментирам дека може се НОВИ ЛЕКОВИ на позитивна листа, но во ова група најмалку се две генерики кои се применувале многу одамна дури во екс ЈУ биле актуелни, а конкретно антихипетензивот Valsartan познат и како ДИОВАН 80мг, ако се сеќаваат постарите генерации (види слики) го исфрлиле од употреба поради споредни несакани ефекти, инаку си беше уште тогаш на рецепт, а се давало (препишувало) само за исклучителни индикации, а зошто сега после скоро 30 години повторно „воскресна“ лекот како најприменлив и најпрепишуван и како „НОВ ЛЕК“мора да има некое објаснување!
...истото е со генериката (хемиското име) fenofibrate на лекот „Katalip“ кој исто така е еден од постарите лекови кои се препишувале пред 50 години при покачен холестерол, но поради многу контраиндикации и несакани ефекти веќе не се препишувало и не знам сега како преку ноќ, станал „НОВ ЛЕК“ , дали воопшто тие што се во комисија за одлучување на позитивна листа, тие што давале предлози воопшто знаат дека стари лекови кои ги препишувале уште од минатиот век ги нарекуваат сега „НОВИ ЛЕКОВИ (генерики), дали се запознати со многуте несакани ефекти и контраиндикации или работаат само според препораки од ...