Апсолутно.
Колку од зградите имаат противпожарен систем, со прскалки, со аларми за детекција на co2? И доколку имаат, дали се одржаваат? На колку од купците им е ова битно уствари?
Колку од вас тука на темава, кога ги оставате автомобилите паркирани по тротоари, во тесни улички за да заштедите 30 денари за паркинг, помислувате дали блокирате влез за брза помош/пожарна ако бидне нешто?
Немаме совест за ништо, после други се криви.
Пред неколку години не се сруши цел кров на градинка во Скопје? Цела среќа беше за викенд, што ќе се случеше доколку беше работен ден? И тогаш ќе се повикувавме на непостоечки стандарди, ќе прогласевме ден на жалост и пак по старо?
Цела држава е фушерај, најискрено велам дека кога и да доаѓам на посета, ми е страв и по тротоар да се движам, да се загледа човек малце лево десно, горе доле, еден куп опасности има, од висечки кабли, дупки по тротоар, настрешници…
Ужас, ужас, ужас. Нека почиваат во мир децата, страшно е ова. Не знам како ќе се опорават фамилиите.