Не ми е јасно само, што очекувате. Цела држава песна да не запее доживотно?
Пре пре прежално е што се случи, млади деца загинаа ради неколку грешки, прва што немало распрскувачи а требало (за ова сите што пушите внатре ставете прст на чело следен пат). Второ што немало убави пристапи према излези а требало, трето што пуштале малолтеници а не требало.
И ова е се работа на МВР да истражи за секое А требало, да процесуира и судството да казни. Ние треба мнооогу внимателно да следиме и при најмал кикс да треба да се иде протест и keep them honest. У меѓувреме, секој што чувствува потреба за жал, апсолутно треба да си го оствари личното право за жалење и да си жали на свој својствен начин, молк, црква што и да е (секако без излегување на граници од нормалното).
Но толку. Луѓе за жал умираат, но луѓе и се раѓаат. Како што се случи оваа трагедија, така се случуваат и убави настани, за 99.9% од државата животот продолжува и се добиваат поводи да се слави, и што сега треба да размислат што ќе каже комшијата? Ако сакате такво општество да станеме (ако веќе и не сме уствари) кое преставува хистерична тетка у менопауза, за брзо уште толку ќе се иселат.
Сите беа солидарни дури и брачата (освен некои исклучоци) се искористи максимумот за денови на жалост, ама тоа е тоа. Можеме и пола година да ставаме црни слики, цитати и свеќи по интернетов и на 150 протести да одиме, ништо не ги враќа тие 59 луѓе.
Видовме дека за неколку дена испроцесираа се живо и диво, од бивш министер до командири, и слободно кажете ми кога истово се има случено претходно. Дај олабавете, тоа што некој ќе излезе или ќе прослави убав настан личен е исто негово лично право кое тој го има како и тие што жалат. За жал изгубивме млади, но исто така и бебиња се раѓаат, па тие не ли заслужуваат радост?
За среќа голем дел од државата немаат никого изгубено директно, и тие луѓе после првичниот шок од 2-3 дена, се ресетираат и се враќаат у нормала. Истото како што јас кога загубив другар од 22 години, никој од вас тука не жалеше. Нормално не ни знаевте ама и да знаевте ќе молчевте 7 дена? Не, затоа што не ве допира директно, и затоа не брмчете многу многу како тетки, оставете да оди процесот и оставете им го жалењето на најблиските како интимен момент нивен.
А кога ќе се заебе нешто искачајте кршете слободно, ама не уперувајте прсти у други луѓе кои не се поврзани со ова а едноставно продолжуваат да живеат, затоа што така и вие бивате дел од системот кој мотивира да си одиме од тука.
Мајк аут.