Пожар во Кочани, диско Пулс.

Член од
12 декември 2010
Мислења
10.764
Поени од реакции
11.943
Референдум да има сега во Кочани, ја глава сечам дека би изгласале да се припојат кон Бугарија. Се виде од државава смрдена наша.
Секако Бугарија е лулка на законието и некорумпираноста :masa:
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.410
Поени од реакции
5.929
Не ми е јасно само, што очекувате. Цела држава песна да не запее доживотно?

Пре пре прежално е што се случи, млади деца загинаа ради неколку грешки, прва што немало распрскувачи а требало (за ова сите што пушите внатре ставете прст на чело следен пат). Второ што немало убави пристапи према излези а требало, трето што пуштале малолтеници а не требало.

И ова е се работа на МВР да истражи за секое А требало, да процесуира и судството да казни. Ние треба мнооогу внимателно да следиме и при најмал кикс да треба да се иде протест и keep them honest. У меѓувреме, секој што чувствува потреба за жал, апсолутно треба да си го оствари личното право за жалење и да си жали на свој својствен начин, молк, црква што и да е (секако без излегување на граници од нормалното).

Но толку. Луѓе за жал умираат, но луѓе и се раѓаат. Како што се случи оваа трагедија, така се случуваат и убави настани, за 99.9% од државата животот продолжува и се добиваат поводи да се слави, и што сега треба да размислат што ќе каже комшијата? Ако сакате такво општество да станеме (ако веќе и не сме уствари) кое преставува хистерична тетка у менопауза, за брзо уште толку ќе се иселат.

Сите беа солидарни дури и брачата (освен некои исклучоци) се искористи максимумот за денови на жалост, ама тоа е тоа. Можеме и пола година да ставаме црни слики, цитати и свеќи по интернетов и на 150 протести да одиме, ништо не ги враќа тие 59 луѓе.

Видовме дека за неколку дена испроцесираа се живо и диво, од бивш министер до командири, и слободно кажете ми кога истово се има случено претходно. Дај олабавете, тоа што некој ќе излезе или ќе прослави убав настан личен е исто негово лично право кое тој го има како и тие што жалат. За жал изгубивме млади, но исто така и бебиња се раѓаат, па тие не ли заслужуваат радост?

За среќа голем дел од државата немаат никого изгубено директно, и тие луѓе после првичниот шок од 2-3 дена, се ресетираат и се враќаат у нормала. Истото како што јас кога загубив другар од 22 години, никој од вас тука не жалеше. Нормално не ни знаевте ама и да знаевте ќе молчевте 7 дена? Не, затоа што не ве допира директно, и затоа не брмчете многу многу како тетки, оставете да оди процесот и оставете им го жалењето на најблиските како интимен момент нивен.

А кога ќе се заебе нешто искачајте кршете слободно, ама не уперувајте прсти у други луѓе кои не се поврзани со ова а едноставно продолжуваат да живеат, затоа што така и вие бивате дел од системот кој мотивира да си одиме од тука.

Мајк аут.
 
Последно уредено:

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.618
Поени од реакции
31.460
Баш тоа, мора народот да сфати дека треба да се притискаат политичарите и дека се лесно менливи. Тогаш ако не сватат дека треба да работат за народот, а не за нивните клептомански интереси, слободно нека не се со тоа занимаваат. И тој глуп наратив што сме го преземале од старите "ќути може и полошо" треба да го искорениме, ако сакаме подобар живот.
Искрено мене и наративот "промена на системот" ми е исто толку глуп. Системот е апстрактен поим, го сочинуваат граѓани како мене и тебе.
Зошто тие граѓани се до тој степен неморални, не знам, може е до образованието, до менталитетот, но до недостаток на свест е сигурно.
Сега пораката на протестот е да се направи притисок, нека тера до кога може, и за брзо ќе се смени во барање оставки, па барање избори.
Никој не е будала да вложува толку напор за организација а да не добие нешто.
 

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
1.059
Поени од реакции
1.869
Никој не е будала да вложува толку напор за организација а да не добие нешто.
значи имплицираш дека дефакто нема шанси нешто да се смени? Или имплицираш дека искоренување на корупција е недобивање ништо?

За мене на пример и те како е добивање нешто доколку се покаже насока и притисок од граѓаните кон власта да конечно се сменат некои работи и да тргнеме у колку-толку права насока. Како што рекоа тука, да му се даде стимул на мицко со притисок и искажување револт на улица да го шутне пеналот.

Ама дегени се вмровциве и ептен им е страв. А штом им е страв.. ваљда си го имаат кабаетот.
Автоматски споено мислење:

Секако Бугарија е лулка на законието и некорумпираноста :masa:
Па не, ама и те како се покажаа на дело, рака на срце. Додека овие кај нас наместо поддршка, помош, сплотеност фатија се закануваат на фејсбук дека ке тепале студенти што ке излезат на протест.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.618
Поени од реакции
31.460
значи имплицираш дека дефакто нема шанси нешто да се смени? Или имплицираш дека искоренување на корупција е недобивање ништо?
Јас не знам како да се реши корупцијата. Не сум го учела тоа, не ми е струка.
Само знам дека тоа се луѓе, може си ти, можеби е брат ти, што не чувствуваат непријатност кога даваат мито или кога примаат мито.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.764
Поени од реакции
11.943
значи имплицираш дека дефакто нема шанси нешто да се смени? Или имплицираш дека искоренување на корупција е недобивање ништо?

За мене на пример и те како е добивање нешто доколку се покаже насока и притисок од граѓаните кон власта да конечно се сменат некои работи и да тргнеме у колку-толку права насока. Како што рекоа тука, да му се даде стимул на мицко со притисок и искажување револт на улица да го шутне пеналот.

Ама дегени се вмровциве и ептен им е страв. А штом им е страв.. ваљда си го имаат кабаетот.
Автоматски споено мислење:


Па не, ама и те како се покажаа на дело, рака на срце. Додека овие кај нас наместо поддршка, помош, сплотеност фатија се закануваат на фејсбук дека ке тепале студенти што ке излезат на протест.
А бе друже они ти се до коска корумпирани и кај нив е исто безаконие и многу лесно може да се деси ваква несреќа
Во делот за донирање и ние исто сме солидарни и секад при било кои тргедии сме давале помош особено на соседниве земји
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.999
Поени од реакции
31.138
Референдум да има сега во Кочани, ја глава сечам дека би изгласале да се припојат кон Бугарија. Се виде од државава смрдена наша.
Да не грешам душа ама луѓето од Кочани имаат најголема вина во оваа трагедија како...Градоначалници, полиција, инспектори...на толку криминални работи, мито и корупција, прогледување низ прсти за малку пари го зацрнија градот.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.378
Поени од реакции
10.724
Да не грешам душа ама луѓето од Кочани имаат најголема вина во оваа трагедија како...Градоначалници, полиција, инспектори...на толку криминални работи, мито и корупција, прогледување низ прсти за малку пари го зацрнија градот.
Ти од кај си бе друже? Да знам што правиш ти у твојот град за да спречиш да не се деси истово срање како у Кочани?
 

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
1.059
Поени од реакции
1.869
и разгледајте го профилот на ПУЛС клубов на инстаграм пред да го избришат да видите како уназад се организирале т.н. пиротехнички забави со вртење огин со танчарки.

значи постојано се дешавало ова, не е дека дошле сеа днк и ете сакале да пукаат прскалици внатре.
Сликите каде што имаше пиротехника на нивниот инстаграм профил се избришани.
кој направи скриншотови нека ги објави чисто за да стојат.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.764
Поени од реакции
11.943
Јас не знам како да се реши корупцијата. Не сум го учела тоа, не ми е струка.
Само знам дека тоа се луѓе, може си ти, можеби е брат ти, што не чувствуваат непријатност кога даваат мито или кога примаат мито.
Со зголемување на плата, со зголемување на затборска казна и конечно да почнат да ловат бивши функционери како и свои од партија, неселективно
Сега да ги осудат сите од прв домпоследен што е било како инволвиран во случајов, да де затворат за дурмо и за модуларната цел врв политички на сдс да видиш како ке почнат да се подзамислуваат што и како потпишуваат
 

LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
902
Поени од реакции
1.416
Србите треба да ги земиме за пример на отпор против корупција.

Замислете ова да се случеше Србија што нам ни се случи, досега сите автопати ќе беа блокирани и сите државни институции ќе беа полни со молотови коктели и ќе се бараше тотален ресет на системот.

А кај нас? На партиските ботови (сите вработени во државно) им е кажано да ќутат и да не дигаат врева, студентите исто така имаат притисок од професорите да не прават врева (професорите имаат притисок од партија тие над нив) и така се во круг.

Да, нека се стиши, сигурно дека се ќе се среди на мирен начин од истите на власт што се вртат 30 години, само ќутете и мирно полека се нека се заташка и пак ќе биде како што било и порано.

ЗЛО со ДОБРО некогаш не се решава. Sometimes the world doesn't need a hero, sometimes what it needs, is a monster.

Затворање на автопати, хулиганите на улици со поддршка на граѓаните/цивилите, палење на сите државни институции, масовни протести и излезеност (освен болници/училишта) и се така се додека не колабрира владата и се почни се од 0, со моментална техничко формирана влада од морални луѓе кои не се партиски определени СДС/ВМРО/ДУИ итн.

Не верувате дека ќе проработи ова? Можи да изгуглате Французите,Англичаните и Еѓипканите како го прават тоа.

Доколку не ова, тогаш се ќе биде исто како порано и нема потреба да се жали Македончето повеќе оти никогаш не порасна јајца за тоа што е негово.

 
Последно уредено:
Член од
23 април 2022
Мислења
578
Поени од реакции
2.857
Сликите каде што имаше пиротехника на нивниот инстаграм профил се избришани.
кој направи скриншотови нека ги објави чисто за да стојат.
Не се избришани, стојат сликите од настапот во Станица 26 некој ден пред трагедијата
 

Kajgana Shop

На врв Bottom