Проблемот со Ле Пен и сличните е што на страна ставовите за имиграција, немаат релевантна политика за економски развој и напредок на земјата а тоа го бара средната класа.
На секој малку разбран човек јасно му е дека излез на Франција од еврозоната или ЕУ ќе претставува катастрофа од невидени рзамери за земјата.
Наспроти тоа, Макрон е првиот француски претседател во историјата што е "хард кор европеец". Он ветува дека ќе се бори за тврд Брегзит и планира да преземе дел од најсилните ЕУ институции што денес се во Лондон (европската агенција за лекови и агенцијата за финансии). Он им ветува дека ќе гледа да го направи Париз тоа што беше Лондон во ЕУ.
Дали ќе успее тоа да го направи е голем прашалник и зависи од парламентарните избори на лето.
Во секој случај многу по позитивно ветување за разлика од тие на Ле Пен.
Зошто Макрон ме потсеќа на Оланд, посебно знаејќи дека Оланд е убедливо најлошиот претседател на Франција во историјата ?
Британците им е топ, ако гледаш на сите анкети торевците кои сега се водени од антиЕУ крилото убедливо ги добиваат изборите, нели дека Британија нема да може без ЕУ.
Во Франција во подем се крајните опции, и десница и левица, никој не го коментира фактот што комунистите во Франција освоија 20 % од гласовите, и можеби остварија најдобар резултат во Западна Европа по падот на Берлинскиот ѕид, или можеби воопшто во демократски услови.
Радува успехот на крајната десна опција која е повеќе блиска до мене а тоа се Debout la France, единствена крајно десна опција во Франција која не добива пари од Русија, и дополнително покрај што антиЕУ опција имат и антиНАТО ставови, и освоија гласови блиску до Социјалистичката партија.
Ако ги гледаше вклучувањата ќе видеше дека младите сите беа крајно десно настроени, а во помал дел крајно леви, едвај чекаат да гласат за Ле Пен што мене многу по ме радува, него некаква победа на Ле Пен.Сите истражувања покажуваат дека генерацијата Z е порадикално десна дури од генерациите што биле помеѓу двете светски војни.
И за крај ќе го видиме Макрон, кој у парламент ќе има едно 25-30 комунисти, и како ќе се справи со нив, поради изборниот процес Ле Пен не може да освои повеќе од 7-8.
п.с. Кога сме кај парламентарните избори во дел од Франција во втор круг влегува кандидат на Фронтот и Комунист, веќе Републиканците ќе бидат ставени на свршен чин да ја поддржат Ле Пен, со што и тие ќе мора да одат повеќе десно од што се сега.Не чека бурен период.