Подарок за членот над Вас

Член од
30 мај 2012
Мислења
2.024
Поени од реакции
3.153
Ц ц ц директ у кичма ме стегна.

Подарок едно од помошните игралишта од Македонија ЃП да тренирате ваши деца бесплатно. :P
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.998
Па едно време бевте во втора лига, па после бојкотиравте и ве ставија во трета, сеа сте у прва. Претходно бевте шампиони.
Инаку не сум комита, не навивам за Вардар и не гледам македонски фудбал. Ако одам да гледам фудбалски натпревар навивам или за македонскиот фудбалски клуб или сум неутрален гледач. А тоа се случива еднаш годишно.
Репрезентативниот план е веќе нешто сосема друго. :)

Имате едно помошно во Сарај или се лажам? :)

Можеби сакаш М.Ѓ.П. Шкендија? Или ќе има тепачки на трибините, непоследно после инцидентот во Ѓорче!?
Или ти одговара Македонија- Шпанија? :)
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
2.024
Поени од реакции
3.153
Далеку од тоа и да си навивач на Вардар не ми смета, баш напротив. Него тоа го пишав дека мислев се зезаш и ти за карта Македонија ЃП - Вардар затоа што моментално мојот клуб игра во 2ра лига и мака мачи сезонава како ќе опстои без спонзори без ништо само со деца. Но јебеш га, како и да е јас ифам за клубот да го гледам не ми е толку битно дали е во 2ра лига или 5та(иако кај нас нема до толку). Немој да ме сватиш погрешно за ништо. :)
Иначе има 1 помошно игралиште со вештачка трева одма до главното игралиште и на 30-40 метри уште еден добар стадион за тренинзи.


Од мене имаш 1 ручек во "Еленче" кога ќе дојдеш некогаш во Ѓорче на утакмица. :)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.998
Јас мислев дека не испаднавте. Но изгледа згрешив, но тоа е, веќе реков дека неколку сезони сум отсечен од нашиот фудбал. Но и факт е дека никогаш и не сум бил навивач на ниту еден наш клуб.

Но има и куп, зарем не. Можеби таму ќе се сретнат.

И во врска со спонзорствата. Па Сокол ништо не превзема? Каков градоначалник е, покрај тоа едвај стана градоначалник, врти криминал и пак да не помогне. Мислам срамота. Треба да ги стимулира да играат, а не да гради споменици, да го реставрира вовчето или да гради стамбени објекти......Ај да не те гушам со политика. :)

Во Сарај (каде што се спојуваат Вардар и Треска) има клуб Ласта (така се викаше, нели?). Е тука ќе играме одбојка и ќе ручаме. И Боб ќе го земеме со нас, ќе не вози со новата кола. Тоа ќе биде чест-возење. :)
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
2.024
Поени од реакции
3.153
Нема врска, подобро и да не пратиш Мак. фудбал, дека поголема беда од нашава лига нема никаде, во Мадагаскар ако играат фудбал сигурно е барем 2 пати подобра од нашава лига.

За купот и таму неможат да се сретнат.. Екипи од рангот на Врапчисте, курци палци го играат купот, нашиот клуб не го игра бидејќи не дава пари за учество.

Сокол? Зашто да дава пари во клубот кога се знае какви криминали си врти и си пере милиончиња, а и сите знаат како си победи во Ѓорче на изборите али ај. Малку и избегавме од темава, а и муабетов не е за на интернет. :)

За кајак клубот така се викаше да, но кај што е се влева Треска во Вардар тоа си е дел од Ѓорче. Може слободно кога сакате поминете ќе изиграме и ќе ручаме. :)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.998
Ок, тоа последното не го знаев. Но ете нешто научив.
Јас сакав еднаш да пробам, ама 2 пати размислив. Реката беше брза, а јас немав никакво искуство, макар и инструкторот ми рече дека ќе биде зад мене. :D

Сокол ќе го тргнам на страна, а не гледам зошто темава не е за на интернет. Мислам ако дневно излезат 50.000 (нека бидат и 10.000) нови мислења, треба најмалку 50 лица истите детално да ги прочитаат. Затоа нема потреба од паника. :)

Кога ни тргна разговорот (многу ли те замарам?) и Кометал ЃП, женските ракометарки, на времето беа шампиони, мислам дека имаа и големи успеси во лигата на шампионќите. Тогаш навивав за нив, денес сум неутрален поради тоа што и за таму го изгубив спортскиот дух.

Уште едно пиво за секој случај, од мене. :)
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
2.024
Поени од реакции
3.153
Ѓорче си е Ѓорче.. Што да се каже е попусто. Од време на време некој што сака и одговара ќе приправи и тоа е тоа.

Иначе кога ги спомна ракометарките. Да, тие беа европски прваци во ракомет, тие беа национална гордост и ја претставуваа Македонија, а не Ѓорче Петров. Секако дека и ти и сите ќе бидете за нашите. И Вардар и Металург играат ЛШ ракомет, па и мене ми е мило да стасаат што подалеку ако можат и нека освојат, со тоа би се гордееле и ти и јас и цела Македонија, но Ѓорче е мојот матичен клуб не ме сваќај погрешно. Во фудбал, кој сака нека освои од Мак. клубови би бил среќен затоа што знаеш дека шампион ако ти биде шкендија или слога кој ќе не претставуваат во Европа ти нема ни зборот Македонија да го слушнеш а не пак знаме да видиш од некаде туку ќе слушнеш илирида, голема албанија итн итн.

Фала за пивото, од мене имаш фамилијарна пица(кога веќе не пиеш алкохол :D ).
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.998
Никаде не реков дека некој тим претставува одредена општина, кога “плива“ во мегународните води. Затоа се согласуваме. Но се знае К.Ѓ.П. (или фк, Македонија Ѓ.П) има/а најгомема подршка од својата матична општина. На тоа алудирав. :)

Јас го почитувам секој став, иако не сум обврзан да се сложам со истиот, но ние се сложуваме околу општите ставови. ;)

Од мене фамилијарна скара. :)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.998
Ќе го замолам Шутрак да оди кај него “на кафе“ затоа што јас не знам да кречам.
Уствари можеби знам, за се има прв пат, нели? :)
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
2.024
Поени од реакции
3.153
Ај и јас ќе ви се надоврзам иако и јас по прв пат ќе кречам па ќе ја наредиме некако.
Подарок скала од мене за денеска. :)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.998
А да му залепиме тапети? Барем тоа е лесно.

Но има едно интересно помагало кое го рекламираат на Топ Шоп. Интересен е тој молер. Од мене еден таков. :)
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
2.024
Поени од реакции
3.153
После ќе не викаат тапетари. :D

Средено се тоа, сега за појадок.. Од мене имаш бурек(каков сакаш) со јогурт. :)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.998
Филе данк.
Но прво кафе па потоа доручек. Затоа од мене нес (или турско), какво и да пиеш. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom