Поголема плата или поголемо задоволство во работата?

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
151
Интересна дилема...имате работа која ви причинува задоволство да ја извршувате и добивате понуда за поголема плата,да речеме плус 100 Евра за работа којашто не ве исполнува...што ќе изберете,дали парите ќе бидат пресудни,како ќе го насочите вашето размислување? :toe:...кометари
 

Lev testis

Антички македонец
Член од
17 август 2009
Мислења
114
Поени од реакции
9
Многу тешка дилема. Јас имам среќа да работам нешто што го сакам од дете, а и доста добро е платено. Ама работата е тешка(секогаш се бара 100%), и да наиде полесна и помалце платена работа а да сум задоволен со неа мислам дека би ја прифатил.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Во поголем број случаи преовладаат парите.
Но тука мора да се направи одредена поделба според пол. Истражувањата покажуваат дека мажите се тие што повеќе внимание им даваат на парите а жените повеќе на работата-најверојатно поради општествените очекувања тато носи мама меси...и слично.

Плус она најважното, во капитализмот нема задоволство туку само капитал :pos:
 
Член од
8 август 2005
Мислења
456
Поени од реакции
78
Интересна дилема...имате работа која ви причинува задоволство да ја извршувате и добивате понуда за поголема плата,да речеме плус 100 Евра за работа којашто не ве исполнува...што ќе изберете,дали парите ќе бидат пресудни,како ќе го насочите вашето размислување? ...кометари

Инетересна дилема се сложувам, затоа и мојот одговор нема да биде прост одлучувачки и со конктртен став, причини:
Колку човек и да стои на тезата дека од тужи искуства по безболно се учи, додека не се увери сам не бива.Значи треба да си проба..откако ке се изгори..тогаш ке почне поинаку ад размислува.
Вистина е дека кај нас, може до вчера си работел бербер, а денес ке ти понудат работа за молер па тогаш почиста е работата околу тоа што ти праи задоволство, шишање глави или фарбање ѕидови, знаеш што сакаш, полесно е при одлучување. Мислам ке победи желбата.
Но ако имаш тесно поврзни работи, слични, или од иста бранша, што ке те држни некако во допир со старата работа а сепак поразлична.. е тогаш веке е заебано за мислење..мислам дека сите ние би се дрзнале на предизвикот иако посел тоа може да испадне дека новата работа и не етолку интересна како старата.
Друга работа што сакав да кажам, во темата подобро е да стои пораст на плата во проценти..бидејки ..да сум бербер и да земам 100 еур плата ид ами понудат за 200 да бидам молер..и тоа како би сменал па и иц да не ми праи кејф..мегутоа дилемата е некдае ако земас 350 -500 еур дали би мењал за 100 еур..
Кога разликата во плата би била до 15 % јас лично би одбрал таа што повеке ми прави кејф.нема ништо полошо од нервоза на работа :)
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Задоволството од работата е примарно.
Да биде исполнета, креативна, работа во која ќе се надоградуваш и секојдневно учиш.
Ништо полошо од монотонија.
Добро јас сум можеби субјективен, бидејќи средствата за живот не ми зависат од она кое го работам, па можам да пребирам, но нормално е дека е пожелно да се работи нешто кое те прави среќен и реализиран.
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
553
Задоволството од работата е примарно.
Да биде исполнета, креативна, работа во која ќе се надоградуваш и секојдневно учиш.
Ништо полошо од монотонија.
Добро јас сум можеби субјективен, бидејќи средствата за живот не ми зависат од она кое го работам, па можам да пребирам, но нормално е дека е пожелно да се работи нешто кое те прави среќен и реализиран.
+ на ова би ги додал и колегите. Доколку има добра атмосфера помеѓу вработените со мерак ќе идеш на работа. Дури једва ќе чекаш да дојде понеделник :smir:
Спротивно доколку нема добра атмосфера + ако си замерен со некој колега работата ти се претвара во пекол.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Јас ја имам идеалната ситуација:
Работам работа која ја сакам, за која сум учел.
Платен сум солидно за таа работа
Со колегите соработуваме и се согласуваме прекрасно.
 
Член од
18 февруари 2009
Мислења
89
Поени од реакции
1
dobra ti e temava nema sto. samo sto jas gi imam probano i dvete varijanti i ti kazuvam spored moe mislene deka koga go rabotis toa sto go sakas bez razlika na parite sto gi zarabotuvas te ispolnuva .sega rabotam nesto sosema drugo za pogolemi pari no nikako ne mi pretstavuva nekakov predizvik go rabotam i zarabotuvam svojot leb kako robot idam rabotam se vrakam doma i toa e se . :tapp::tapp::tapp::tapp:
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
убаво е да го работиш тоа што го сакаш што те исполнува, но што ако не е добро платено, или пак ако не можеш да најдеш работа??? значи мора да се направи некој баланс помеѓу задоволството и парите(кои претставуваат еден вид задоволство) и да се одбере нешто што ќе ги задоволи и двете. не може поради пари да се работи нешто што не сакаш, ќе ви се одмили и од работа и од се ако секој ден се враќаш дома нервозен. е кога ќе се направи тој баланс можат сите да бидат задоволни и среќни...
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Дефинитивно подобра плата. Во право се сите кои погоре пишаа дека е убаво работата да биде нешто што не' исполнува и во кое уживаме, но ако не ни го вади лебот, џабе ако ни е таму рај, кога после тоа дома ќе минуваме низ пекол, и едвај ќе врзуваме крај со крај. Подобро би ги издржал предизвиците, тешкотиите, па и монотонијата кои може да ми ги понуди работното место, но барем после тоа ќе можам да си ги дозволам оние работи кои сум ги сакал за мојата фамилија, но и за моето лично задоволство.
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.398
Поени од реакции
21.971
Најдобро би било и двете...Но ако треба да бирам ќе изберам поголема плата..Бидејки знаеме во какво време живееме сметките неможеш да си ги платиш а не за нешто друго..Затоа бирам поголема плата..
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.695
Поени од реакции
12.108
Парите се пресудни, монотонија или не, дома ко ќе вриснат гладни усти и даночници... Добро би било како погоре случаите на комбинација -добро платена, а по сопствен мерак, задоволство...ама тоа не е толку чест случај во оваа држава. Дури и изборот на школо, студии овде е поставено малку поинаку-вообичаено се бира според она најмногу што се бара а помалку случаи според желбите и афинитетот.

Дефинитивно поголема плата 12 поинтс.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Многу фактори би влијаеле за да се донесе било каква одлука во случајов. На пример: колку навистина ни се потребни тие плус пари во моментот, која е разликата меѓу она што го работиме и што треба да го работиме, дали работата со плус пари е легална/илегална, колку е ризична... итн. Вака на муабетење не може вистински да се каже за што би се одлучиле зашто не ги знаеме другите фактори.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Сите сакаме работата да не исполнува и тие минумум 8 часа дневно да ги поминуваме со задоволство.
Нo еве пример безвезален цел живот сакаме пример да работиме како маркетинг агент и ни понудуваат работа која е платена 20 000, а воедно и добиваме работа како економист ли што знам јас во некоја добра фирма за 30 000. И што ќе одбереме?
Јас би економист за 30000.
За вас не знам :)
Али јас работам за да заработам.

А ако веќе станува збор за минимална разлика во платите би избрала работа која сметам дека повеќе ќе ме исполнува, а при голема разлика како примерот секако онаму каде платата е поголема.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.137
Поени од реакции
163
Ako vo toj moment mi treba nekoja para plus bi ja izbrala podobro platenata rabota, inaku bi ja izbrala rabotata sto mi pretstavuva zadovolstvo.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom