- Член од
- 30 јули 2014
- Мислења
- 5.431
- Поени од реакции
- 17.778
Сакаш да кажеш дека ова е сценарио за дестабилизација на Иран?15 милиони Азери живеат у Иран.Интересно како баш таму пукна тиквата.Ма ни случајно ова не е масло на јенките .
Сакаш да кажеш дека ова е сценарио за дестабилизација на Иран?15 милиони Азери живеат у Иран.Интересно како баш таму пукна тиквата.Ма ни случајно ова не е масло на јенките .
Ti si kemalist a ? Ako si postujem ...Ова е дело на гомнарот Путин и клошарот Ердоган. Голема штета што Азербејџан и Ерменија паднаа на штосевите на овие двајца хипократи.
И ако не се лажам Азерите имале некоја вооружена рецесионистичка групација внатре во Иран. Тоа е еднакво на Курдистан во Турција. Не е дека е без план Ердоан. Го вкључува пан-турцизмот во игра, две горливи прашања по внатрешната политика и на Русија и на Иран. Само не верувам дека имаат плодна почва да го остварат тоа во Нагорно Карабах чија што армија има највеќе оружје и најголема војска по глава на жител. Последниот пат Азерите потишаа капитулација со изгубена територија дупло од Нагорно Карабах, притоа официјално ниту Ерменија не влегла во оваа војна, ниту пак Русија.15 милиони Азери живеат у Иран.Интересно како баш таму пукна тиквата.Ма ни случајно ова не е масло на јенките .
Никогаш не биле ни блиску до губење на војната Ерменците од Нагорно Карабах, успехот им е во текот на целата војна, во нагорна линија. Оваа војна, беснееше во ерата на војните во СФРЈ, во ерата на Чеченската војна, така да, Русија и се нема некако помешано во оваа војна. Можеби имало некои доброволци, како и во секоја војна. Од другата страна секако дека бил Шамил Басаев, кој патем речено побегнал од таа војна, со многу позитивни зборови за војската на Нагорно Карабах.Ваљда после малку едукација нема толку да тресеш зелени за „големото пријателство“ меѓу САД и Ерменија. Да не се вмешаше Русија кога Ерменија почна да губи во војната со Азербејџан, и да не стои Русија и сега позади Ерменија, сосема друга ќе беше состојбата.
Во право си, но сепак Ерменија и Азербејџан имаат право да се одбранат. А за Путин и Ердоган се согласувам.Ова е дело на гомнарот Путин и клошарот Ердоган. Голема штета што Азербејџан и Ерменија паднаа на штосевите на овие двајца хипократи.
Иако на секој му делиш совети да се едуцира, можеби ти си тој што треба најмногу да се едуцира.Што жалиш?
Дека ништо не разбираш?
„Ок“ партнерство имаме и ние со САД, па тоа никако не ги спречи да ги помагаат УЧК во тероризам против Македонија. Ниту тоа „Ок партнерство“ ни значеше нешто кога токму „сојузникот“ САД не натераа да потпишеме капитулација преку рамковен договор.
Толку разбираш и сега што се случува со Ерменија и Азербејџан. Земи прво прочитај што значи „енклава“, а после прочитај и кое мнозинско население живее во Карабах, и на крај едуцирај се што значи „окупација“.
Прочитај малку и за историјата на судирот меѓу Ерменија и Азербејџан - макар во пост СССР периодот.
Ваљда после малку едукација нема толку да тресеш зелени за „големото пријателство“ меѓу САД и Ерменија. Да не се вмешаше Русија кога Ерменија почна да губи во војната со Азербејџан, и да не стои Русија и сега позади Ерменија, сосема друга ќе беше состојбата.
Но се разбира дека Русија се вмеша, и дека ќе остане заинтересирана да остане ангажирана во Ерменија, и во регионот воопшто. Затоа што не сакаат НАБУКО и сличните проекти да заживеат и да им бидат конкуренција.
Сите тие енклави и ексклави во Кавказот се дел од советското divide et impera - кое Русија го наследила од СССР, и кое активно го употребува до ден денес. Таа игра повеќемина знаат да ја играат.
Koj момент од divide et impera не ти е јасен?Русија има продадено повеќе оружје на Азербејџан отколку на Ерменија. Нешто за што се силно критикувани од Ерменците.
Нешто како Давид и Голијат ? Арно !Иако на секој му делиш совети да се едуцира, можеби ти си тој што треба најмногу да се едуцира.
Војната во Нагорно Карабах е пример за тоа како мала не многу обучена војска без некаква опрема направи партал една солидна армија и по бројност и по опрема.
Никакво (сосем минимално и невлијателно) Руско вмешување нема во таа војна.
Единствено Русија превентивно има разместено војска во Ерменија (која е скоро постојано надвор од конфликтот) со цел да спречи евентуална агресија од страна на Турција. Турција е најголемиот поддржувач на Азербејџан.
Впрочем, Русија има продадено повеќе оружје на Азербејџан отколку на Ерменија. Нешто за што се силно критикувани од Ерменците.
Ја сменуваш темата, не беше цитиран за тоа.Koj момент од divide et impera не ти е јасен?
Не реков дека не стои, но не беше во војната меѓу Ерменците и Азербејџан.Нешто како Давид и Голијат ? Арно !
На Кавказ нема мирољубив народ , се е ѕвер до ѕверче . Тоа е и предуслов да останеш жив таму .
Приказна за мали деца е дека Русија не стои зад Ерменија али нејсе , некому и тоа му е нужно . Мислам дека 60-70% од Ерменците живеат во Русија , па вие видете сега кој со кого е .
Реализацијата на НАБУКО е у питање , сите ќе ги пробаат силите таму .
А се започна со засилувањето на муриканското влијание во Украина . И пред тоа Украина крадеше плин и не го плаќаше , дури ни по повластената тарифа . Арно ама после влезот на америте почнаа трзавиците и стегањето на врвката околу Украина , која патем изгуби и добар дел од територија.
Потоа следуваше блокада на Јужен тек и неговата алтернатива низ Турција , да во одговор се случи Сирија и зацементирувањето на идеата за гасовод од Катар . Сега на ред е Азербејџан , што мене реално и не ми е јасно , зошто ? Таму нема доволно резерви на гас ,за да бидат конкуренти на Русија !
Кој е пресудниот фактор во војната во Нагорно поради кој бројчано и технолошки инфериорна војска, како таа на Ерменците се најде во ситуација да им нанесе тежок пораз на Азерите, кои покрај бројчаната и технолошката надмоќ, во тоа време имаат и сериозна поддршка и помош од искусни борци како Чеченците ( иако Шамил Басаев практично избегал од таа војна тврдејќи дека истата се водела повеќе поради националистички, а не религиозни мотиви и каде неговата чета за прв пат доживува пораз на воено поле ), турските националисти и муџахедините од Авганистан? Теренот? Дури, војската на Ерменците се наоѓа во ситуација каде после иницијативата им е отворен патот се до Баку, но склучуваат мировен договор и се повлекуваат од територијата на Азербејџан.Војната во Нагорно Карабах е пример за тоа како мала не многу обучена војска без некаква опрема направи партал една солидна армија и по бројност и по опрема.
Да!Ја сменуваш темата, не беше цитиран за тоа.
Сега ќе ми кажеш дека треба да се едуцирам?
Чудно, но Русија стоела позади Ерменците исто онолку колку што стоела позади Србите во тој период. Значи скоро ич. Чак што више, во моментот пред капитулација, кога Ерменците излегле надвор од Нагорно Карабах, Азербејџан се обратил на помош кај Русија, за да престане Ерменското напредување. Исто така ниту Ерменија не се замешува официјално во оваа војна иако доста доброволци има од Ерменија.Приказна за мали деца е дека Русија не стои зад Ерменија али нејсе , некому и тоа му е нужно . Мислам дека 60-70% од Ерменците живеат во Русија , па вие видете сега кој со кого е .
Пресудниот фактор е масакрот на Ерменците од страна на Османлиите во 1915. Во СССР, за разлика од Азербејџанците, Ерменците имаат многу поактивно учество во војската. Исто така Ерменците низ светот имаа(т) бесплатни летни извиднички кампови за деца Ерменци, кои наликуваат на воени кампови. Да напоменам дека конфликтот во Нагорно Карабах се претвара во војна во оној момент кога се случува масакр на Ерменците во Баку, каде што разјарена толпа Азербејџанци на очиглед на полицијата убива Ерменци на улица. Ситуација која подсетува на холокаустот на Ерменците. Тоа генерално е и мотивот на војската на Нагорно Карабах.Кој е пресудниот фактор во војната во Нагорно поради кој бројчано и технолошки инфериорна војска, како таа на Ерменците се најде во ситуација да им нанесе тежок пораз на Азерите, кои покрај бројчаната и технолошката надмоќ, во тоа време имаат и сериозна поддршка и помош од искусни борци како Чеченците ( иако Шамил Басаев практично избегал од таа војна тврдејќи дека истата се водела повеќе поради националистички, а не религиозни мотиви и каде неговата чета за прв пат доживува пораз на воено поле ), турските националисти и муџахедините од Авганистан?
Раздели па владеј се случува во Македонското општество каде што народ од иста етничка и верска припадност се раскарува. Во случајот со Ерменците, војната во Нагорно Карабах ги сплоти уште повеќе. И гледано од очите на САД, нивните сојузници Азерите, изгубија 20% од територијата.Koj момент од divide et impera не ти е јасен?
Види, учествувале Руси платеници, доброволци и на двете страни(а Украинци Грузијци, претежно на страната на Азерите). Во тоа време, за операцијата Горанбој во 1992, Русија е далеку од консолидирана држава која води политика надовор од дворецот во Кремљ.Русија ја помагаше Ерменија, а богами го помагаше и Азербејџан. Не само што продаваше оружје на двете страни, туку нивни војници се бореа - за двете страни. Само еден пример ти е битката кај Горанбој:
https://en.wikipedia.org/wiki/Nagorno-Karabakh_War#Operation_Goranboy
Успешната оклопната офанзива на Азерите била запрена само после активно вклучување на руски сили кои ги бомбардирале позициите на Азерите. Во исто време, руски војници имало и на спротивната страна.
@jamajka на ова мислев. Русија активно и помага на Ерменија, додуше само за да не изгуби - не и да победи. Истата стратегија ја имаат и во Сирија, Асад да не изгуби - но не и целосно да победи.