Русија инсистира да се повлечат Азерите од освоената територија. Дали Азерите ја користат состојбата во која се наоѓа Русија и си играат курташак.
Ако моментално Русија влезе во конфликт во Азербејџан, тоа ќе значи да изгуби каква-таква подршка од Турција, која BTW и праќа дронови на Украина. Азерите се најверојатно осоколени од Американците, кои им викаат дека е сега моментот да го вратат Нагорно Карабах.
Како и да е, добро е да се знае дека Русите дури и за таму спремиле алтернатива. Што збори за на широко и на долго подготвувана акција, која излегува од границите на Русија.
Ептен тензично во Нагорно Карабах. Според изворов, Русите и Азерите си размениле предупредувачки куршуми. Ништо чудно Азериве да се свртат и против Русите овдека.
Сличен јазик, слична култура. Заедничко непријателство кон Турците...
Азербејџан се шиитска држава слично како и Иран (и се дефакто потурчени Персијци), но сепак антагонизмот е толку голем кон Турците, што Ерменија ја осеќаат за поблиска од Азербејџан.
Добро, малце е покомплексно од овие две реченици. Има разни струи меѓу Азерите, има многу Азери во Иран...
И веќе не е работата дали има фајде од Ерменија или не. Иран целава ситуација ја гледа како шанса. И ако сака да ја искористи, ќе мора да застане цврсто на страна на Русија. А ова моментално е огромна помош на Русите. Можеби Ерменија ќе го изгуби целосно Нагорно Карабах привремено ако го злоупотребат моментов Азери. Но со Иран, барем Ерменија ќе се заштити. А каков ќе биде одговорот на Русија понатаму, можеме да си замислиме. Претпоставувам Азерите ќе го изгубат и Баку во специјална операција со вакво курчење.
Така ќе ja изгубат наклонетоста на Турција. А незнам колку во моментов им е тоа релевантно.
Интересна работа, треба да иаме во предвид дека Путин му го спаси животот на Ердо во неуспешниот воен пуч и тоа непосредно после соборувањето на Рускиот авион на границата помеѓу Сирија и Турција. Тоа значи дека Ердоган има некаква улога за Русија и затоа му помогнаа да се оддржи на власт. Е сега Ерменија е во воен сојуз со Русија, а истовремено Русија е гарант за териториите во Нагорно Карабах. Во моментов е многу важно Русија да ги почитува обврските, пошто непочитување ќе се смета за слабост. Затоа и мислам дека Америте ги гураат Азерите во оган.
Сепак мислам дека поважно ќе им биде да си ги одржат гаранциите, одколку добри односи со Турција, која ги вооружува Украинците со напаѓачки дронови (без разлика што не се покажаа баш). А зошто му помогнале на Ердоган да остане на власт, мислам дека чисто поради практични причини, Ердоган е причина за раскол во НАТО.
Реална политика. Иран си ги гледа своите интереси. Инаку иронијата да биде поголема Азерите се турцифициран/туркофонски ирански народ. Fun fact: Дупло повеќе Азери живеат во Иран отколку во Азербејџан.
Уште нешто што е релевантно: Азерите се Шиити, исто како Иранците. Турците се Сунити.
Азерите се блиски и во сојуз со Турција, која можеби се декларира како неутрална во ситуацијава но дефакто е во противничкиот табор/сојуз (со САД/ЕУ/НАТО). Иран има интерес да помогне на Ерменија, всушност за себе работат. Русија и Кина им се единствените (долгодишни) сојузници, заеднички интереси имаат.
Гасот е важната работа во случајов, поточно гасовдот кој преку Турција оди во ЕУ (кои сега се очајни за гас што не е од руско потекло)... Инаку да, ако Азерите иницираат судири, сами си пукаат во ноги. Сега на Русија ќе им одговара директна/индиректна (на пример преку Иран) подршка на Ерменија и дестабилизација на регионот. Компромитирање на тој гасовод би бил како удирање 3 муви со еден удар.
Интересен демант на Песков што повеќе ми личи на сериозно предупредување.
Гугл преведува:
„Песков рече дека зборовите на пратеникот на Државната дума Дељагин за можноста Русија да ги нападне нафтените полиња во Баку не одговараат на позицијата на Москва.“
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.