Повреди во бокс

Член од
25 ноември 2010
Мислења
153
Поени од реакции
141
Повреди како и секој спорт може да се јават од незагревање, затоа пред секој тренинг треба добро да се загрееш. Носот е најчесто првата жртва кај аматери, а тоа се случува во дел од секунда, спуштен гард и мало невнимание, али не е тоа ништо страшно поради тоа што така се стекнува искуство. Следен пат ќе пазиш повеќе. Од опрема за штитење најбитна е гумицата за заби, кај кацигата и не глеам некоја кузнае каква функција, освен да ти смета на глава. Јас почнав да носам, али секој удар го осеќав со иста јачина како пред да ставам кацига па ја тргнав.
 

Пропалица

Мртов/а
Член од
25 јуни 2011
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.406
Во секој спорт има повреди.
Отвори неколку теми а тоа се Боречки вештини(така беше изгледа), Клубови за бокс и тепање.
Ме интересира зошто сакаш да почнеш да тренираш Бокс?
Која ти е целта?
Ако сакаш да се тепаш(по твоите теми забележувам дека те мачи нешто) тогаш имаш различни видеа на youtube.com
Еве ти видео ако сакаш да научиш неколку тактики, има ги уште ама мрзе ме да го ставам
Ама само треба да знаеш дека тепањето не е решение !
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Напраив тема тепање еве зашто...зашто секојдневно гледам како луѓе се тепаат мој другари еве се тепаат без причина ми викаат ај одиме да чекаме некој да тепаме и јас ги одбив...ама важно секојдневно гледам тепање...сакав да дознам која е поентата секој ден да се тепаш и тепаш и тепаш? затоа напраив тема Тепање а напраив тема Бокс зашто интересен ми е ко спорт,сакам да се запишам не за да истепам некој надвор туку едноставно да научам како да се заштитам од одреден напад некад ако ми притреба и за забава толку....
Следниот пат кажи им, место да одиме да тепаме некој, да одиме да бркаме девојчиња ;)
 
Член од
8 декември 2010
Мислења
84
Поени од реакции
16
Добро темава од ПОВРЕДИ во БОКС се претвори во кажи им да бркаме девојчиња и дали сум сакал да тепам некој тепам бла бла...ако знаете за повредите во боксот пишете а ако незнаете ќутете дај...
 
K

kalimer0

Гостин
Да можна е таква повреда а шансите зависат од твојата дефанзивна способност и техника.
Скршеница на носот е лоша работа, размисли дали навистина сакаш да тренираш бокс.
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Добро темава од ПОВРЕДИ во БОКС се претвори во кажи им да бркаме девојчиња и дали сум сакал да тепам некој тепам бла бла...ако знаете за повредите во боксот пишете а ако незнаете ќутете дај...
Море мисир , самиот си свесен дека со тепањето има повреди , нос , арката слично , во боксот ударите најчесто ги добиваш во глава, па сметај глата тиква ќе ти ја направат!
А доколку си кремче , ако ми се случи ова ако она ... поарно седни дома извежбај шах, го вежбаш мозокот....
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Се изначитав глупости по темава и тоа претежно од личности кои поим немаат од бокс или некоја борбена вештина. Зашто коментирате за тема која не ви е позната, која е поентата?

Од мое искуство како и од искуство на дечки што тренираат, во фудбал и кошарка и други колективни спортови често настануваат многу посериозни повреди него во бокс, проверено во пракса и кај мене и кај други а да не спомнувам профи спортисти.

Тоа дека боксот дава многу повреди е глупост, ако си добар нема да се повредуваш ако не те бива ќе те маваат ама тоа е мавање во кое свесно идеш зашто никој не те тера да идеш во ринг со супериорен противник. Сепак и ако е подобар не значи дека ќе те повреди затоа си постои држење дистанца и ескиважи. Само лош боксер чека да го удрат па да се тргне.

Откога почнав со кајгана фудбал имам повеќе повреди него за 10 год боксерски тренинг а играм активно само неколку месеци, фудбалов е крш во споредба со боксот.

Сеа по темата.

Почетник не смее да спарингува барем неколку месеци а да е до мене неколку години нема да иде со противник, има премногу други работи за учење.

Кога се работи сам со тренерот нема како да се повредиш освен ако не си ептен глуп па со тупаница да мавнеш во нешто тврдо. Палците у зглобчињата на раката мора да се чуваат, еден неконтролиран удар во чело може да ти ги повреди трајно.

Повреди можат да настанат и при тренинг на ескиважи ако не ескивираш добро па тренерот те погоди во лице однодно нос, тој е најкритичен дел но и тоа се регулира.

Ескиважите од почеток се прават бавно и во тек на неколку месеци се наголемува брзината за ученикот да има време да ја совлада техниката и да добие осет како да не ја мести главата за удар.

Со добар тренер повреда нема да има, ниту една!

Спарингот со друг боксер е веќе друга работа но не се спарингува ако веќе не си стварно на некое ниво и се спарингува по можност со подобар од тебе кој намерно ќе те штеди, значи може да се договорите да не се удирате во глава или ударот да е строго контролиран.

Јас спарингувам со татко ми без ракавици со голи раце (што е поопасно) и никогаш не сум имал повреда ама спарингот е контролиран.

Ако спарингуваш со полуобучен тип кој ќе почне да боксира како реална борба (што знае да се случи) е тука стварно треба концентрација како на ринг зашто може да му се отпушти вистински удар и ако не му ескивираш ќе те погоди во глава.

Боксот е прекрасна вештина ама си бара посвета, внимание и целосна концентрација додека се тренира впрочем како и кај сите други спортови и вештини.
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Сакам да тренирам бокс ама ме попречува нешто...мојте викаат можеш да имаш повреди на пример скршен нос,ребро или др....ама јас мислам дека на почеток кога почнуваш со боксот не верувам дека може да дојде до тие повреди или може?
Има кацига,има ракавици.. Тоа се само глупости.. и мене ми збореа дома ќе имаш скршен нос,главата вака главата така.. ништо од тоа..
--- надополнето: 7 јануари 2012 во 16:37 ---
Се изначитав глупости по темава и тоа претежно од личности кои поим немаат од бокс или некоја борбена вештина. Зашто коментирате за тема која не ви е позната, која е поентата?

Од мое искуство како и од искуство на дечки што тренираат, во фудбал и кошарка и други колективни спортови често настануваат многу посериозни повреди него во бокс, проверено во пракса и кај мене и кај други а да не спомнувам профи спортисти.

Тоа дека боксот дава многу повреди е глупост, ако си добар нема да се повредуваш ако не те бива ќе те маваат ама тоа е мавање во кое свесно идеш зашто никој не те тера да идеш во ринг со супериорен противник. Сепак и ако е подобар не значи дека ќе те повреди затоа си постои држење дистанца и ескиважи. Само лош боксер чека да го удрат па да се тргне.

Откога почнав со кајгана фудбал имам повеќе повреди него за 10 год боксерски тренинг а играм активно само неколку месеци, фудбалов е крш во споредба со боксот.

Сеа по темата.

Почетник не смее да спарингува барем неколку месеци а да е до мене неколку години нема да иде со противник, има премногу други работи за учење.

Кога се работи сам со тренерот нема како да се повредиш освен ако не си ептен глуп па со тупаница да мавнеш во нешто тврдо. Палците у зглобчињата на раката мора да се чуваат, еден неконтролиран удар во чело може да ти ги повреди трајно.

Повреди можат да настанат и при тренинг на ескиважи ако не ескивираш добро па тренерот те погоди во лице однодно нос, тој е најкритичен дел но и тоа се регулира.

Ескиважите од почеток се прават бавно и во тек на неколку месеци се наголемува брзината за ученикот да има време да ја совлада техниката и да добие осет како да не ја мести главата за удар.

Со добар тренер повреда нема да има, ниту една!

Спарингот со друг боксер е веќе друга работа но не се спарингува ако веќе не си стварно на некое ниво и се спарингува по можност со подобар од тебе кој намерно ќе те штеди, значи може да се договорите да не се удирате во глава или ударот да е строго контролиран.

Јас спарингувам со татко ми без ракавици со голи раце (што е поопасно) и никогаш не сум имал повреда ама спарингот е контролиран.

Ако спарингуваш со полуобучен тип кој ќе почне да боксира како реална борба (што знае да се случи) е тука стварно треба концентрација како на ринг зашто може да му се отпушти вистински удар и ако не му ескивираш ќе те погоди во глава.

Боксот е прекрасна вештина ама си бара посвета, внимание и целосна концентрација додека се тренира впрочем како и кај сите други спортови и вештини.
Комплетен одговор..
 

Пропалица

Мртов/а
Член од
25 јуни 2011
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.406
Добро темава од ПОВРЕДИ во БОКС се претвори во кажи им да бркаме девојчиња и дали сум сакал да тепам некој тепам бла бла...ако знаете за повредите во боксот пишете а ако незнаете ќутете дај...
Друже ако те влече(привлекува) многу боксот тогаш оди не размислувај за повреди во секој спорт се јавуваат повреди
Си има

Заштитник за глава

Заштита за заби

не бери гајле за повреди
Поздрав
и дај пиши се запиша ли или?
--- надополнето: 8 јануари 2012 во 16:27 ---
Следниот пат кажи им, место да одиме да тепаме некој, да одиме да бркаме девојчиња ;)

:)(y)
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Игор, да не имаш информација колку кошта заштита за заби тука во Македонија и каде може да се најде?
Имаш Everlast во таа малата продавничка во подрумот во Рамстор, на друго место имаш во Pride и во Винг фитнес.
Јас од Рамстор земав Everlast single за 350 денара.
 

Пропалица

Мртов/а
Член од
25 јуни 2011
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.406
More ej se tepacista tuka
Ако некој тренира бокс тоа не мора да значи дека е тепач, денес боксот има огромна популарност па дури и се користи во фитнесот па и го користат жени, од боксот може да се ослабе(некој го користат за да ослабнат) за само 30 мин тренирање се топат околу 300 калории, боксот е доста напорен, тежок и груб, со боксот се тренира целото тело тој е комбинација од кардио тренинг и тренинг за сила
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
земи си кацига и гумче за забите, видов во ранерс 100-200 ден беа ама незз дали беа едноделни или дводелни, ти препорачувам едноделни, секој кој пробал да се бави со спорт кој е сколн на повреди размилувал неколку пати на ова тема, не е страшно, тренерот нема да те пушти да спарниг да имаше се додека не научиш добро да се движиш, јас тренирав 6 месеци, после 5-6 недели го имав првиот спаринг против веќе истрениран противник, тоа е пдобро од повеќе аспекти бидејќи тој има контрола на ударите и нема да те повреди и ќе научиш нешто плус од тоа,
не му се плаши и со среќа,
Јас имав проблеми на почеток сите удари т.е диреци ги фаќав со челото бидејќи спуштав главата надоле(лош потег) ама се поднаучив малку да користам и движење во борбата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom