Значи ти сакаш против добро организирана, обединета, вооружена структура наречена администрација, која официјално брои 180.000 членови, која е навлезена во секоја пора од општеството, која контролира бизнисмени нешто да промениш со протест.
Па ако нашите дедовци се кренале против добро организирана фашистичка окупација, зошто ние не би се кренале против нашите политичари и нивната администрација.. Па нивната администрација мислиш дека не е свесна за тоа што го прават.. мислиш дека немаат грижа на совест... па ние не повикуваме на реваншизам...
Како што гледаме умира времето кога они застануваа во одбрана на нивните господари... Веќе политичарите ништо не ги пере...Дури и нивните најгласни поддржувачи почнуваат да застануваат против нив...
Ти очекуваш, дека кога ќе ве видат 50.000 ќе се уплашат и магично се ќе се среди ... нема да има патни трошоци, нема да има репрезентации, нема да има задолжувања, нема да има глупа и неписмена администрација, судиите ќе делат правдина итн итн...
Не ми е мене целта да уплашам некого, мене ми е целта да го охрабрам народот.. Тие што треба да ги охрабрам се полицијата и администрацијата... Ако тие видат 50К луѓе, не треба да се уплашат... напротив, треба да се охрабрат, дека конечно народот излегол надвор, без да биде повикан од политичка партија.. Да им стави крај на уцените што овие ги имаат, ... Да му стави крај на ова лудило...
Погледни ја темата Економија колку и што пишува народ, а колку во Случување и Вести ... никој не ни е крив што сме економски неписмени, што не се почитуваме како луѓе, туку се однесуваме подоле од животни.
Затоа ќе не јаваат и цедат, ќе не замајуваат дека шќиптарите се виновни, а шќиптарите ќе ги лажат со Македонците им се виновни итн итн.
Точно така, раздели па владеј.. Но сегментацијата меѓу Албанците и останатите етнички заедници за жал неможеме ние да ја решиме, се додека Албанците немаат критичка мисла, и додека новинарот Селмани или како и да се викаше добива смртни закани дека критикувал еден од нивните.. Албанците за жал не само што се гетоизирани од нас, они се гетоизирани самите од себеси... И тука секоја наша критика е лошо сватена.... Тоа што ДУИ е сеуште во влада го докажува тоа... Па сега колку пуно и да се лути...
Читајќи од постовите а кажуваш дека си економски среден, не би требало ти да си толку лековерен, па мислам дека пробуваш да испровоцираш нешто кај народот. Зашто не повикуваше на протести пред 4-5-6-7 години, уште тогаш се знаеше каде иде овој брод.
Значи мојата активност надвор од форумот, можеш да ја нагаѓаш само и немислам да ја образложувам, а и не е важна... Што и да кажам тука за тоа што сум направил и како сум направил, што сум пробал и како сум пробал, не е релевантно и ќе заврши со докажување, а тоа не ми е целта...
Најмалку што сум е лековорен, мислам далеку од тоа дека сум перфектен, но сепак сум освестен....
Зошто не сум повикал на протести на форумов, била причината што никад не сум сретнал народ до денеска, кој бара да излезе, но вика дека нема кој да го води, нема кој да го повика.... Мојата парола е дека водичот по правило сам излегува кога народот ќе излезе надвор.. Јас и не сакам да сум водич, немам такви амбиции, но ете можам да направам иницијатива, да се повика народот. Место да бараме некој да не повика, да излеземе сите надвор....
А искрено не гледам убава иницијатива во оние кои повикуваат на протести, било тоа да се за името, а и сега што гледам Филип за законов. Гледам негативна енергија, гледам очај, гледам брзоплетост, никаква организација. Гледам повторно стереотипи...
Да не зборувам дека во 80% од ЕУ земјите ист е случајот, така што мечката сегде ќе игра.
Помина моментот за вистински промени во 1995, сега е фаза на тоталитарни режими и крвави немири. Ние сме кај последната реченица од Niemöller quotation:
First they came for the Socialists, and I did not speak out—
Because I was not a Socialist.
Then they came for the Trade Unionists, and I did not speak out—
Because I was not a Trade Unionist.
Then they came for the Jews, and I did not speak out—
Because I was not a Jew.
Then they came for me—and there was no one left to speak for me.
Знаеш овој дел ти е пророчки, како да ја кажуваш судбината која мораме да ја доживееме....
Ние мораме да бидеме самите сопственици на својата судбина и не смееме да дозволиме други да ја градат, најмалку преку вакви пропаганди..