Повик за протест

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.645
Поени од реакции
4.945
Па постојат две струи ... едните се за протест против продажбата на националните интереси, против договорот со Бугарија, против промена на името, против донесувањето на законот за јазици, а другата струја ќе протестирала за приватизацијата бе не ми се верува што читам тука дошло 2020 година сеуште некои говорат за приватизацијата од пред 3 декади :facepalm:
Јас велам да отидеме уште подалеку во минатото во времето после втората светска војна кога Комуњарите им одземале овци и ниви на селаните ... бог да чува наместо да се гледа сегашноста ние ќе се враќаме назад и ќе протестираме за нешто од пред хх децении, дај барем да протестираме и против Турците поради данокот во крв !
Jas imam akcii od privatizirani kompani...zar i protiv mene protestiraat :eek:
 
B

Bafra

Гостин
Народот треба да се насочи, затоа постојат владетелите.
Тоа де, треба да се насочува исто кало ОВЦИТЕ. Затоа е овчарот, плус се им собира.

Глуп,туп, наивен, алчен, нечесен, мрзлив па затоа му треба владетел, иначе ќе треба да почне да мисли и вложува труд и енергија. Вака најлесно, владетелот е крив, БЦ и Грујо се криви не народот.

Ај за последен пат, СРЕЌНО во фантазиите, во борбата против ветерниците и против 180.000 паразити кои прават како што ќе им наределе, не се тие криви :facepalm:

Член од
8 јуни 2010
Мислења
105
Поени од реакции
261
Еве јас бев вчера(недела) на протестот пред владата, немаше повеќе од 300 души. На пат натака поминав од кај плоштад, и поминаа околу 30ина души навивачи на ФК Шкупи(чинам Шверцери им се викаше навивачката група). Беа прилично организирани и гласни во извикувањето на нивните националистички изјави. А пред Влада, двајца без тројца, и да дефинитивно фали човек кој ќе го организира народот. Малку бев скептичен бидејки организатори беа Филип Петровски кој сеуште е член на ДПМНЕ и некое си Христијанско Братство, меѓутоа немаше партиски знамиња, се вееше само македонското. Реално добар дел беа дојдени за да се сликнат за на фејсбук или инстаграм, други пак стоеја во позадина, се смееја и тераа сеир. За греота сме. Патриотизмот во Македонија е станат пример за потсмев, иако имаше млади луѓе на протестот, нели треба да се искористи нивниот младечки дух, нели се бориме да останат тука? Во какво општество би живееле?
Јас најискрено не верувам дека ќе успееме нешто да направиме. На народот му е страв дека ќе заврши во затвор, а добар дел веќе кренаа и раце. На телевизија членови на СДС убедуваат колку тоа законот ќе придонесел за државата, а мене ме плаши она изреката дека “ако доволно долго повторуваш една лага, ќе стане вистина“ па уште и народов да почне да им верува (аха, мало морген)...
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.576
Поени од реакции
26.098
Тоа де, треба да се насочува исто кало ОВЦИТЕ. Затоа е овчарот, плус се им собира.

Глуп,туп, наивен, алчен, нечесен, мрзлив па затоа му треба владетел, иначе ќе треба да почне да мисли и вложува труд и енергија. Вака најлесно, владетелот е крив, БЦ и Грујо се криви не народот.

Ај за последен пат, СРЕЌНО во фантазиите, во борбата против ветерниците и против 180.000 паразити кои прават како што ќе им наределе, не се тие криви :facepalm:
Не разбирам што сакаш да кажеш, според ова што го кажуваш, не ни требаат политички партии ниту пак воспоставениот систем на власт во државава... И тоа го кажуваш како аргумент дека не треба да се протестира....

Поентата на протестот е тоа што политичките партии ја злоупотребиле довербата што народот им ја дал... Тоа што сакам да се оградиме е дека сметам дека секогаш кога протестите се партизирани во државава тие не ни донесуваат ништо подобро, туку само поголема беда. Како што беше случај со шарената револуција.

Тешко е, да ... на работа на фантазијата е тоа што го иницираме, да ... Но тоа е во мометнов единствениот исправен пат, да се ослободиме од клинч.... Или мислиш дека секој еден граѓанин треба самостојно да му дојде умот, и да се грижи сам за себе, како он знае и умее ... Може следното што ќе го кажеш е дека не ни треба држава...

Многу арогантно е да дисквалификуваш и потценуваш еден народ, како таков ... Можеби имаш некаква позиција над тој „глуп“ и „мрзлив“ народ во моментов и го гледаш од некаков си комфор... НО... многу малку треба да почне мечката да игра и во твојот двор... па после да се сетиш на овие арогантни досетки, кои ги правиш од комфорот на твојот свет, околу кој имаш изградено Кинески ѕид очигледно....

Не сакам да те навредам, но ваква една констатација најмалку очекував од тебе... Ова е базично непознавање на тоа како светот функционира, потценување на силата на медиумската пропаганда и релативизирање на злосторството што му се случува на Македонскиот народ буквално со изјава „You asked for it“.
 
Ај да те испоштувам иако реков последен пат на темава.

Значи ти сакаш против добро организирана, обединета, вооружена структура наречена администрација, која официјално брои 180.000 членови, која е навлезена во секоја пора од општеството, која контролира бизнисмени нешто да промениш со протест.

Ти очекуваш, дека кога ќе ве видат 50.000 ќе се уплашат и магично се ќе се среди ... нема да има патни трошоци, нема да има репрезентации, нема да има задолжувања, нема да има глупа и неписмена администрација, судиите ќе делат правдина итн итн...

Погледни ја темата Економија колку и што пишува народ, а колку во Случување и Вести ... никој не ни е крив што сме економски неписмени, што не се почитуваме како луѓе, туку се однесуваме подоле од животни.
Затоа ќе не јаваат и цедат, ќе не замајуваат дека шќиптарите се виновни, а шќиптарите ќе ги лажат со Македонците им се виновни итн итн.
Читајќи од постовите а кажуваш дека си економски среден, не би требало ти да си толку лековерен, па мислам дека пробуваш да испровоцираш нешто кај народот. Зашто не повикуваше на протести пред 4-5-6-7 години, уште тогаш се знаеше каде иде овој брод.

Да не зборувам дека во 80% од ЕУ земјите ист е случајот, така што мечката сегде ќе игра.

Помина моментот за вистински промени во 1995, сега е фаза на тоталитарни режими и крвави немири. Ние сме кај последната реченица од Niemöller quotation:

First they came for the Socialists, and I did not speak out—
Because I was not a Socialist.

Then they came for the Trade Unionists, and I did not speak out—
Because I was not a Trade Unionist.

Then they came for the Jews, and I did not speak out—
Because I was not a Jew.

Then they came for me—and there was no one left to speak for me.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.576
Поени од реакции
26.098
Јас најискрено не верувам дека ќе успееме нешто да направиме. На народот му е страв дека ќе заврши во затвор, а добар дел веќе кренаа и раце. На телевизија членови на СДС убедуваат колку тоа законот ќе придонесел за државата, а мене ме плаши она изреката дека “ако доволно долго повторуваш една лага, ќе стане вистина“ па уште и народов да почне да им верува (аха, мало морген)...
Кој се бори има шанси да изгуби, кој не се бори веќе изгубил....
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.576
Поени од реакции
26.098
Значи ти сакаш против добро организирана, обединета, вооружена структура наречена администрација, која официјално брои 180.000 членови, која е навлезена во секоја пора од општеството, која контролира бизнисмени нешто да промениш со протест.
Па ако нашите дедовци се кренале против добро организирана фашистичка окупација, зошто ние не би се кренале против нашите политичари и нивната администрација.. Па нивната администрација мислиш дека не е свесна за тоа што го прават.. мислиш дека немаат грижа на совест... па ние не повикуваме на реваншизам...

Како што гледаме умира времето кога они застануваа во одбрана на нивните господари... Веќе политичарите ништо не ги пере...Дури и нивните најгласни поддржувачи почнуваат да застануваат против нив...

Ти очекуваш, дека кога ќе ве видат 50.000 ќе се уплашат и магично се ќе се среди ... нема да има патни трошоци, нема да има репрезентации, нема да има задолжувања, нема да има глупа и неписмена администрација, судиите ќе делат правдина итн итн...
Не ми е мене целта да уплашам некого, мене ми е целта да го охрабрам народот.. Тие што треба да ги охрабрам се полицијата и администрацијата... Ако тие видат 50К луѓе, не треба да се уплашат... напротив, треба да се охрабрат, дека конечно народот излегол надвор, без да биде повикан од политичка партија.. Да им стави крај на уцените што овие ги имаат, ... Да му стави крај на ова лудило...

Погледни ја темата Економија колку и што пишува народ, а колку во Случување и Вести ... никој не ни е крив што сме економски неписмени, што не се почитуваме како луѓе, туку се однесуваме подоле од животни.
Затоа ќе не јаваат и цедат, ќе не замајуваат дека шќиптарите се виновни, а шќиптарите ќе ги лажат со Македонците им се виновни итн итн.
Точно така, раздели па владеј.. Но сегментацијата меѓу Албанците и останатите етнички заедници за жал неможеме ние да ја решиме, се додека Албанците немаат критичка мисла, и додека новинарот Селмани или како и да се викаше добива смртни закани дека критикувал еден од нивните.. Албанците за жал не само што се гетоизирани од нас, они се гетоизирани самите од себеси... И тука секоја наша критика е лошо сватена.... Тоа што ДУИ е сеуште во влада го докажува тоа... Па сега колку пуно и да се лути...

Читајќи од постовите а кажуваш дека си економски среден, не би требало ти да си толку лековерен, па мислам дека пробуваш да испровоцираш нешто кај народот. Зашто не повикуваше на протести пред 4-5-6-7 години, уште тогаш се знаеше каде иде овој брод.
Значи мојата активност надвор од форумот, можеш да ја нагаѓаш само и немислам да ја образложувам, а и не е важна... Што и да кажам тука за тоа што сум направил и како сум направил, што сум пробал и како сум пробал, не е релевантно и ќе заврши со докажување, а тоа не ми е целта...

Најмалку што сум е лековорен, мислам далеку од тоа дека сум перфектен, но сепак сум освестен....

Зошто не сум повикал на протести на форумов, била причината што никад не сум сретнал народ до денеска, кој бара да излезе, но вика дека нема кој да го води, нема кој да го повика.... Мојата парола е дека водичот по правило сам излегува кога народот ќе излезе надвор.. Јас и не сакам да сум водич, немам такви амбиции, но ете можам да направам иницијатива, да се повика народот. Место да бараме некој да не повика, да излеземе сите надвор....

А искрено не гледам убава иницијатива во оние кои повикуваат на протести, било тоа да се за името, а и сега што гледам Филип за законов. Гледам негативна енергија, гледам очај, гледам брзоплетост, никаква организација. Гледам повторно стереотипи...

Да не зборувам дека во 80% од ЕУ земјите ист е случајот, така што мечката сегде ќе игра.

Помина моментот за вистински промени во 1995, сега е фаза на тоталитарни режими и крвави немири. Ние сме кај последната реченица од Niemöller quotation:

First they came for the Socialists, and I did not speak out—
Because I was not a Socialist.

Then they came for the Trade Unionists, and I did not speak out—
Because I was not a Trade Unionist.

Then they came for the Jews, and I did not speak out—
Because I was not a Jew.

Then they came for me—and there was no one left to speak for me.
Знаеш овој дел ти е пророчки, како да ја кажуваш судбината која мораме да ја доживееме....

Ние мораме да бидеме самите сопственици на својата судбина и не смееме да дозволиме други да ја градат, најмалку преку вакви пропаганди..
 
Последно уредено:
B

Bafra

Гостин
Па ако нашите дедовци се кренале против добро организирана фашистичка окупација, зошто ние не би се кренале против нашите политичари и нивната администрација.. Па нивната администрација мислиш дека не е свесна за тоа што го прават.. мислиш дека немаат грижа на совест... па ние не повикуваме на реваншизам...

Како што гледаме умира времето кога они застануваа во одбрана на нивните господари... Веќе политичарите ништо не ги пере...Дури и нивните најгласни поддржувачи почнуваат да застануваат против нив...

Не ми е мене целта да уплашам некого, мене ми е целта да го охрабрам народот.. Тие што треба да ги охрабрам се полицијата и администрацијата... Ако тие видат 50К луѓе, не треба да се уплашат... напротив, треба да се охрабрат, дека конечно народот излегол надвор, без да биде повикан од политичка партија.. Да им стави крај на уцените што овие ги имаат, ... Да му стави крај на ова лудило...

Точно така, раздели па владеј.. Но сегментацијата меѓу Албанците и останатите етнички заедници за жал неможеме ние да ја решиме, се додека Албанците немаат критичка мисла, и додека новинарот Селмани или како и да се викаше добива смртни закани дека критикувал еден од нивните.. Албанците за жал не само што се гетоизирани од нас, они се гетоизирани самите од себеси... И тука секоја наша критика е лошо сватена.... Тоа што ДУИ е сеуште во влада го докажува тоа... Па сега колку пуно и да се лути...

Значи мојата активност надвор од форумот, можеш да ја нагаѓаш само и немислам да ја образложувам, а и не е важна... Што и да кажам тука за тоа што сум направил и како сум направил, што сум пробал и како сум пробал, не е релевантно и ќе заврши со докажување, а тоа не ми е целта...

Најмалку што сум е лековорен, мислам далеку од тоа дека сум перфектен, но сепак сум освестен....

Зошто не сум повикал на протести на форумов, била причината што никад не сум сретнал народ до денеска, кој бара да излезе, но вика дека нема кој да го води, нема кој да го повика.... Мојата парола е дека водичот по правило сам излегува кога народот ќе излезе надвор.. Јас и не сакам да сум водич, немам такви амбиции, но ете можам да направам иницијатива, да се повика народот. Место да бараме некој да не повика, да излеземе сите надвор....

А искрено не гледам убава иницијатива во оние кои повикуваат на протести, било тоа да се за името, а и сега што гледам Филип за законов. Гледам негативна енергија, гледам очај, гледам брзоплетост, никаква организација. Гледам повторно стереотипи...

Знаеш овој дел ти е пророчки, како да ја кажуваш судбината која мораме да ја доживееме....

Ние мораме да бидеме самите сопственици на својата судбина и не смееме да дозволиме други да ја градат, најмалку преку вакви пропаганди..
Убаво напишано и СРЕЌНО (y)

Знаеш овој дел ти е пророчки, како да ја кажуваш судбината која мораме да ја доживееме
Тоа се вика Акција и Реакција, т.е. причинско последични врски. Многу лесно се гледа што следи. Не е првпат, а нема ни последен пат, оти стануваме се поглупи место поосвестени.

Па ако нашите дедовци се кренале против добро организирана фашистичка окупација, зошто ние не би се кренале против нашите политичари и нивната администрација.. Па нивната администрација мислиш дека не е свесна за тоа што го прават.. мислиш дека немаат грижа на совест... па ние не повикуваме на реваншизам...
:lolzz::lolzz:

Тие фашисти, за 1 (една) година направиле пруга до Струга, а ние до Бугарија ја правиме 25 години, имаме потрошено преку 400 милиони долари а ни 50% не е направено. Сега ти е јасно каква тиња народ живее тука.

Те молам не ме цитирај повеќе на темава, среќно во намерите, секое добро и памет во глава
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.576
Поени од реакции
26.098
Можеби пругата ја изградиле за да однесат полесно 7К евреи во смрт....
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.397
Поени од реакции
7.846
Секоја чест @jamajka за ентузијазмот, само што кај нас сеуште е тешко да настане опшествен ефект на снежна топка (snow ball effect) па да дојде до спонтано собирање на маса луѓе...уште потешко е тука на кајгана да креираш некакво јадро кое би покренало нешто посериозно, затоа шо знаеш кај нас со каква се методологија се служат за разбијат нешто што или не им одговара или не е под нивна контрола па може да забега, и на крај и обете можности.

Чисто добронамерно би ти предложил, пошто во повеќе наврати имаш нагласено дека си учествувал во конфликтот против учките 2001 и со тоа имаш статус на бранител, токму да ја избереш таа целна група на која и ти припаѓаш и да биде одскочна даска за некои посериозни поместувања, организациски веќе преку здруженијата на бранители добиваш одредена структура и маса на луѓе.
Имаат тие здруженија некоја тежина како ветерани, екс припадници на безбедносни структури кои им е преку qr од пазарот итн.

;)
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.576
Поени од реакции
26.098
Секоја чест @jamajka за ентузијазмот, само што кај нас сеуште е тешко да настане опшествен ефект на снежна топка (snow ball effect) па да дојде до спонтано собирање на маса луѓе...уште потешко е тука на кајгана да креираш некакво јадро кое би покренало нешто посериозно, затоа шо знаеш кај нас со каква методологија се служат за разбијат нешто што или не им одгобара или не е под нивна контрола па може да забега, и на крај и обете можности.
Клин само на форумов тоа го кажаа може 30-40 души... Да не зборам надвор колку луѓе одбиваат протест само со таа причина... Па тоа е масата бе... Сите тука на форумов, што ми одговорија дека се песимисти, да се приклучеа на иницијативата, досега веќе ќе имавме организирано јадро... Јас да мислев поинаку од тебе и од нив, немаше да ја организирам оваа иницијатива... дека сметам дека мора да му се врати вербата на народот, а ние треба и мора да бидеме пример за тоа...

Чисто добронамерно би ти предложил, пошто во повеќе наврати имаш нагласено дека си учествувал во конфликтот против учките 2001 и со тоа имаш статус на бранител, токму да ја избереш таа целна група на која и ти припаѓаш и да биде одскочна даска за некои посериозни поместувања, организациски веќе преку здруженијата на бранители добиваш одредена структура и маса на луѓе.
Имаат тие здруженија некоја тежина како ветерани, екс припадници на безбедносни структури кои им е преку qr од пазарот итн.

;)
Ти благодарам за сугестијата, секоја идеја е добредојдена, но јас не се сложувам дека треба да се ограничиме на оваа структура од три причини:
1. Во минатото многу се експлоатираше и злоупотребуваше оваа тема, така што сметам дека посебно обраќање на оваа група луѓе, повеќе ќе нанесе штета одколку корист на една ваква иницијатива.
2. Тоа е ограничена група на луѓе кои се повозрасни, и тие своето си го одработиле, има нова генерација, кои мора да ја искористат својата глава и да застанат и они на браникот на државата, на еден подруг начин. Ако сега ние повозрасните им ја одбраниме државата, тогаш што ќе се случи после 30-40 години кога нас ќе не нема ?
3. Јас не сметам дека треба да имам некакви привилегии, ниту пак мислам дека треба да имам предност во носењето одлуки само затоа што сум бил бранител, па да барам некаква одредена групација која ќе застане позади мене. Ниту пак сметам дека било каква групација било да е НВО или партиска организација би било паметно да се повика, бидејќи колку што партиите се со оцрнет образ, толку се и невладините организации и разните здруженија... Значи јас инсистирам, доколку некое здружение/партија/организација/религиозна група сака искрено да ни помогне, нека не застанува позади еден ваков протест, може да ни нанесе само штета.

Секако и овие и сите други се добредојдени како поединци, но мора највеќе да се сконцентрираме на младината, они треба да живеат во оваа држава и они треба да се изборат за своето место во неа. А сигурно ние повозрасните треба да им помогнеме во тоа. ... Значи сите заедно да се избориме за подобро утре....
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.576
Поени од реакции
26.098
100 stapa po tugj grb ic ne bolat. Jas samo toa ke vi kazam.
Владе ќе заигра мечката кај сите... Мислам дека луѓето го осетија веќе тоа... Тие што живеат сеуште во шарените бајки се естаблишментот, а тие што го чекаат принцот на портокаловиот коњ се оние кои ги сликаше Геро, во врвот на надмоќта на својата победничка агонија....

Оние другите се исплашени и притиснати во ќоше.... Тие се вистинското тело на овој народ, кој некој треба да го разбуди и покрене.....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom