Е добро де, ова е почеток на иницијатива, пошто единствена најава за протести што ја знам е најновата на вмро што ќе почне во Мај. Мене прво не ми се чека толку, а второ не сакам пак партиски да е ова... А за реквизити, добро би било, кога ќе биднат над 1000 луѓе да има мегафон, за обраќање, кон политичарите, кон полицијата, кон насобраните...
А за временска рамка ете ако влезеш во иницијативава, може да се договориме.[DOUBLEPOST=1521279619][/DOUBLEPOST]Во договор со модераторите, за да опстане оваа иницијатива и да не биде мета партиско препукување кое покажува кој е крив, што уствари ќе го продлабочи јазот меѓу нас. И е во спротивност од она кон што цели иницијативата,
секој кој ќе употребува речник како што се употребува во темата Случувања во Македонија од типов „тогаш ќутевте“ „Бранко/Грујо е крив“ или било каков речник кој провоцира и води кон поделба ќе добие перманентен бан.
Ете тие се условите за да опстане темата.. А верувам дека тие се условите за да успее една ваква иницијатива. Затоа ве молам оставете ти препукувањата за другата тема, нема да бараме поеднинци кривци, кривицата е колективна, кај сите, почнувајќи од нас што се караме меѓусебе и ќутиме на неправдите, завршувајќи до нашиот избор.
Ако секој од нас повика на единство по социјалните медиуми и притоа заборави на партискиот речник, секој ден ќе бидеме се повеќе и повеќе. Има една последна правна рамка која остана да не се донесе овој закон, а тоа е непотпишување на Иванов.. Јас не верувам дека Иванов на крајот ќе го остави овој закон непотпишан и покрај све што кажа. Но доколку види народ на улица, народ кој не е собран од ниедна партија, можеби и ќе се предомисли.
Имаме сеуште време да се вратиме како држава во нормален колосек, но ако седиме дома и не превземеме ништо, ќе помине и овој закон и 1000 вакви други закони. Ако пак чекаме другата партија да излезе со протести, никој не ни гарантира дека ќе поминеме уште една тешка политичка криза која дополнително ќе го раздели народот, за да на крајот добиеме курто-мурто ситуација,
Значи сега е вистинско време, да се обединиме и да извршиме масовен притисок врз властите.[DOUBLEPOST=1521287917][/DOUBLEPOST]
@viktora @Bafra @Solid @LordDragonII @.......... @Con Artist @poimanemam @INDIJANEC123 @Кеплер @Scirea @lans @PewDiePie @stratUs @Darling @курајбер @Aleksandar91 @TITTANIK @MKD123
Има поента бафра, дај да ги заборавиме меѓусебните разлики и да организираме еден протест... без да ги спомнуваме тие за коишто се караме во другата тема... Кога нема да ги спомнуваме нив, одма причините за раскол ќе ги снема.. Пошто ставот на сите ни е ист....