Повикот на Ктхулху и други ужасии - Х.Ф. Лавкрафт - За првпат на македонски

Eru

Член од
31 октомври 2013
Мислења
40
Поени од реакции
78
100% се согласувам, мене ми е тешко да читам некои негови дела особено оние каде што нема многу дијалог помеѓу карактерите*, знае да биде хаотичен, наеднаш да се префрла од една на друга работа а и реално приказна која може да се напише во 5 страни он знае да ја направи во 15.

Се на се, Лавкрафт ми е еден од омилените автори (и космички хорор како жанр) но е пренапорен за читање.

*2 години ја читав Хоророт во Музејот, приказни како the green meadow и the crawling chaos беа мачни за читање, the mound исто едвај ја завршив иако пак имаше интересни дешавки во неа за разлика од првите две.
Сите раскази што ги спомна се напишани во соработка со други автори, така што не се баш 100% дела на Лавкрафт и разликата меѓу нив и делата кои Лавкрафт сам ги напишал е доста забележлива. Ама да, дефинитивно прозата му е тешка за читање. Сепак, по тоа е знаменита. Би сакал да можев да кажам дека моите преводи се полесни за читање бидејќи се на македонски, нашиот мајчин јазик, па со тоа јазичната бариера е поднамалена, но тоа би било лага. :D Ама се надевам дека ќе ги ѕирнеш.
 
Последно уредено:
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.377
Поени од реакции
20.000
Сите раскази што ги спомна се напишани во соработка со други автори, така што не се баш 100% дела на Лавкрафт и разликата меѓу нив и делата кои Лавкрафт сам ги напишал е доста забележлива. Ама да, дефинитивно прозата му е тешка за читање. Сепак. по тоа е знаменита. Би сакал да можев да кажам дека моите преводи се полесни за читање бидејќи се на македонски, нашиот мајчин јазик, па со тоа јазичната бариера е поднамалена, но тоа би било лага. :D Ама се надевам дека ќе ги ѕирнеш.
Ми се допаѓа неговиот архаичен стил на пишување и е навистина негов "бренд" до толку што денес е копиран речиси од сите игри/филмови/медиуми кога станува збор за овој жанр (сепак се смета нели како негов изумител) но истовремено ми прави проблеми во следење и разбирање на приказната, особено кога ќе сретнам некој нов збор или пак кога ќе се заборави со објаснувања на околината.

Па Планини на Лудилото ми беше многу полесна да ја следам на македонски отколку на англиски така да ете најверојатно проблемот е јазичната бариера па се надевам во блиска иднина ќе дојдат на ред за читање и твоите преводи па ќе може да се навратиме тука со импресии и коментари.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Eru

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.425
Поени од реакции
4.254
Не би го нарекол архаичен. Ги имам читано готскиве хорори и барем мене ми делуваат посварливи за читање. Иако ова со хипнозава беше малце смешно. Подобро структуирање и наратива. Тоа е стрикно негов и едниствен стил. Што е малку премногу како некои филмови или серии. Забележав во претпоследната приказната во книга(декстер вард) дека...почнува на средината. И оваа пак беше ...една од по уредните негови. Барем држи доволно кохерентна наратива за да може да се прати. Иако има доста скокови и дигресии...и излишни делови. Како да....осцилира од тоа што е тн сегашност во самата приказна. Прво иде да раскажува дааалечно минато(што во реалност би можела да си биде сопствена сказна сама по себе како преквел) па иде во блиското минато, за да го продолжи наративата, и да рипне во минатото идно. Ми текиња дека огромни дигресии имаше и во хоророт на данвич, како едно од подолгите новели. Додека сенката на инсмут...беше релативно океј и покрај неколкуте инсерти на флешбек. Сега ја читам...dream quest to unknown kadath...реално..не ми се допаѓа...делува како некој предозиран на кафе како да пробува да раскаже нешто. Таа е како последна во збиркава некрономикон.
 
Интересно. Јас па воопшто го немам тој впечаток дека има многу дигресии. Токму напротив. Мислам дека расказите му се многу збиени и сосредоточени да ја движат приказната, без воопшто да има излишни делови и забегувања од дејствието. За разлика на пример од Стивен Кинг којшто е кралот на дрдорење за работи што немаат блага веза со приказната, и затоа сите книги му се по 700+ страници. Но можеби проблемот е тоа што иако нема забегувања во дејствие, речениците, иако ја движат приказната, се толку накитени и граматички сложени што оставаат впечаток на забегување. Така што, забегува во смисла на прозен стил, односно во начинот на којшто ги раскажува работите, но не би рекол дека забегува во самото движење на дејствието и во давање на неважни информации. Искрено не можам да се сетам на ниту еден параграф од стилот на "еј секунда само пред да продолжам да раскажувам, ова другово да ти го кажам" или кај што посветува исклучително многу време на опишување неважни работи. Бидејќи сепак најмногу пишува раскази, а не романи, па сакал-неќел морал да е економичен во раскажувањето.
А "Кадат" мене ми е еден од најомилените раскази, но е добар пример за расказ кај што мора многу да се сконцентриран кога го читаш и плус да сакаш такви разуздани, психоделични дејствија. И мачки. :D
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.425
Поени од реакции
4.254
облемот е тоа што иако нема забегувања во дејствие, речениците, иако ја движат приказната, се толку накитени и граматички сложени што оставаат впечаток на забегување. Така што, забегува во смис
Како што кажав. Многу натрупување има пред кулминацијава. како дава цел синопсис за експериментиве на типот. Откако направи долг и комплициран флешбек за историја на предокот на типот што ги има инспириано експеримент. Дури ни hint-овањето не му е толку субтилно да те остави зачуден. Повеќе од очигледно е што се дешава, и малце фест форвардинг наместо години раскази би годело. Не е битно за наративата.
 
Eru

Член од
31 октомври 2013
Мислења
40
Поени од реакции
78
Како што кажав. Многу натрупување има пред кулминацијава. како дава цел синопсис за експериментиве на типот. Откако направи долг и комплициран флешбек за историја на предокот на типот што ги има инспириано експеримент. Дури ни hint-овањето не му е толку субтилно да те остави зачуден. Повеќе од очигледно е што се дешава, и малце фест форвардинг наместо години раскази би годело. Не е битно за наративата.
"Декстер Ворд" сепак е новела што малку отстапува од неговиот нормален стил, така што ок е да има такви подетални моменти, кои ги нема кај другите пократки раскази.
А предвидливоста и очигледноста на исходот дефинитивно е проблем со многу од делата, но мене не ми пречи тоа, бидејќи мислам дека начинот на раскажување прави да не се намали уживањето во приказната, макар што знаеш како ќе заврши. Што само по себе е доста тешко да се постигне и е главен фактор во тоа дали едно дело ќе вреди да се препрочита (или филм да се прегледува). Таквите дела, иако знаеш како ќе завршат, пак ги читаш/гледаш по многу пати бидејќи самото патување до тој завршеток, макар познат, го причинува уживањето.
 
Член од
1 ноември 2017
Мислења
66
Поени од реакции
40
Здраво дечки,

Задоволство ми е да објавам дека мојата прва збирка преводи на раскази од хорор великанот Х.Ф. Лавкрафт штотуку се издаде и стана дел од македонската книжевност! Издавач сум лично јас на што сум неописливо горд.

„Повикот на Ктхулху и други ужасии“ содржи 18 од најдобрите раскази на Лавкрафт низ 352 страници.
Може да се купи на: https://www.poligramaton.mk/p/knigi.html
Цената е 399 ден. + 130 ден. за достава ширум Македонија.

Постов е апла само-промоција, но чинам вреди да се сподели бидејќи ова е прво издавање на овие раскази на Лавкрафт на македонски и како такво е од извесна важност за нашата литература. А и тоа што лично јас сум издавач на еден од моите најдраги автори ме исполнува со грозничава жизнерадосност која тешко се опишува. Со години работам на преводиве и до последен момент ги чипчев.

Прозата на Лавкрафт е една од најсложените за преведување, полна со несекојдневни зборови и синтакси, па беше мошне грамаден потфат. Особена акрибија посветив на фондот на употребени зборови, внимавајќи секој еден англиски збор да е преведен со еден и само еден македонски пандан во сите наврати кај што е употребен (освен кај што контекстот или природата на нашиот јазик не заповедуваат поинаку, се разбира).

Во план ми се три збирки со делата на Лавкрафт. А следуваат и аудиокниги. За да останете во тек, заследете ме на Instagram на @poligramaton.

Ако сакате да прочитате некои од моите други преводи од жанрот на фантастиката, вклучувајќи го и единствениот македонски превод на Силмарилионот на Џ.Р.Р. Толкин, разгледајте ја poligramaton.mk.

За прашања или коментари, тука сум.

Поздрав,
Никола
poligramaton.mk
instagram.com/poligramaton/
Фала што ја преведе, но мислам дека насловот е погрешен. Cthulhu според англиската транслитерација, би се превело како „Ктулу“. Како дојдовте до „Ктхулху“? На руски е Ктулху, а на српски „Ктулу“.
 
Последно уредено:

Eru

Член од
31 октомври 2013
Мислења
40
Поени од реакции
78
Фала што ја преведе, но мислам дека насловот е погрешен. Cthulhu според англиската транслитерација, би се превело како „Ктулу“. Според мене, правилно треба да е: „Повикот на Ктулу и други ужасии“.
„Ктулу“ е погрешно бидејќи, иако тоа е изговорот кој најчесто се користи разговорно (дури и јас го користам најмногу), не е правилен изговор во канонска смисла. Се користи чисто бидејќи е лесен, за да не мора секојпат да си го кршиш јазикот со правилниот изговор. Лавкрафт е мошне јасен дека ова треба да е збор кој кога ќе го видиш треба во умот да ти ја јави помислата на нешто крајно вонземно, да си помислиш „што е бре ова, како се изговара ова чудо“. „Ктхулху“ е многу поблиску до правилниот изговор кој го остава правилниот впечаток во умот на читателот. Така што, сликовито кажано, „Ктулу“ е лесно изговорливиот „прекар“, а „Ктхулху“ е името што му стои во лична карта. :D
Се разбира, во најстрога смисла, дури и „Ктхулху“ всушност не е 100% точно, бидејќи 100% точниот изговор не може да се напише или изговори со човечки букви и човечки гласни жици.

А за „ужасии“, решив да одам со него наместо со „ужаси“ за да бидам доследен до стилот на Лавкрафт кој изобилува со необични, дијалектални и нестандардни зборови.
 
Фала за одговорот. Те прашувам бидејќи сакам да ги преведам страниците поврзани со Ктхулху на македонската Википедија. Ќе го преведам како ти што го преведе тогаш, и како навод ќе ја ставам и твојата книга исто така, како издание на македонски. Поздрав. :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Eru

Eru

Член од
31 октомври 2013
Мислења
40
Поени од реакции
78
Фала за одговорот. Те прашувам бидејќи сакам да ги преведам страниците поврзани со Ктхулху на македонската Википедија. Ќе го преведам како ти што го преведе тогаш, и како навод ќе ја ставам и твојата книга исто така, како издание на македонски. Поздрав. :)
Браво за трудот! Слободно стави линк до книгата. Имај предвид и дека на https://www.poligramaton.mk/, под „Х.Ф. Лавкрафт“ имам и други преводи на Лавкрафт направени после издавањето на книгата. Нив ги спремам за во втората збирка што ми е во план за напролет.
 
Eru

Член од
31 октомври 2013
Мислења
40
Поени од реакции
78
Како дојдовте до „Ктхулху“? На руски е Ктулху, а на српски „Ктулу“.
Извини, не сум ти одговорил на ова прашање.
Причината поради којашто се решив да одам со „Ктхулху“ наместо „Ктулху“ како што е на руски, е бидејќи не гледам причина зошто ако веќе се употребува втората „х“ не би се уптребила и првата. Така што според мене единствените прифатливи варијатни се „Ктулу“ (прифатливо во разговор, но канонски погрешно) или „Ктхулху“ (канонски точно). „Ктулху“ го сметам за ниваму-нитаму.
 
Член од
1 ноември 2017
Мислења
66
Поени од реакции
40
Извини, не сум ти одговорил на ова прашање.
Причината поради којашто се решив да одам со „Ктхулху“ наместо „Ктулху“ како што е на руски, е бидејќи не гледам причина зошто ако веќе се употребува втората „х“ не би се уптребила и првата. Така што според мене единствените прифатливи варијатни се „Ктулу“ (прифатливо во разговор, но канонски погрешно) или „Ктхулху“ (канонски точно). „Ктулху“ го сметам за ниваму-нитаму.
Ја преведов страницата на Википедија за Повикот на Ктхулху и други ужасии (еве ја врската) и за самото чудовиште Ктхулху. Само те молам провери дали се точни насловите на расказите, бидејќи некои ги немаше преведено во твојот линк.
 
Eru

Член од
31 октомври 2013
Мислења
40
Поени од реакции
78
Ја преведов страницата на Википедија за Повикот на Ктхулху и други ужасии (еве ја врската) и за самото чудовиште Ктхулху. Само те молам провери дали се точни насловите на расказите, бидејќи некои ги немаше преведено во твојот линк.
Ја ѕирнав статијата. Целта ти е да оваа статија биде посветена конкретно на книгата „The Call of Cthulhu and Other Weird Stories“ издадена во 1999 од Пингвин? Ако да, мојата книга не е нејзин еквивалент. Насловот е сличен само по случајност. Затоа и изборот на раскази е поинаков. Јас би ти рекол да го замениш „Повикот на Ктхулху и други ужасии“ со „The Call of Cthulhu and Other Weird Stories“ во текстот и корицата од мојата книга со корицата на „The Call of Cthulhu and Other Weird Stories“. Ако сакаш да ја спомнеш мојата книга, можеш на крај да додадеш секција што би се викала нешто како „Лавкрафт на македонски“ и во таа секција да пишеш дека некои од расказите коишто се наоѓаат во „The Call of Cthulhu and Other Weird Stories“ можат да се најдат во „Повикот на Ктхулху и други ужасии“.

А во однос на насловите на расказите, ако оваа статија треба да е посветена конкретно на книгата „The Call of Cthulhu and Other Weird Stories“, насловите исто така треба да се на англиски. Но, до секој наслов можеш да го ставиш македонскиот превод и можеби линк до моите преводи. Еве како јас би ја направил оваа листа, каде што можеш да ги видиш и преводите на насловите со кои јас би одел:
  1. Dagon (Дагон)
  2. The Statement of Randolph Carter (Изјавата на Рендолф Картер)
  3. Facts Concerning the Late Arthur Jermyn and His Family (Факти за покојниот Артур Џермин и неговото семејство)
  4. Celephaïs (Селеф)
  5. Nyarlathotep (Нјарлатотеп)
  6. The Picture in the House (Сликата во куќата)
  7. The Outsider (Отпадникот)
  8. Herbert West -- Reanimator (Херберт Вест - Реаниматор)
  9. The Hound (Песот)
  10. The Rats in the Walls (Стаорците во ѕидот)
  11. The Festival (Прославата)
  12. He (Тој)
  13. Cool Air (Студен воздух)
  14. The Call of Cthulhu (Повикот на Ктхулху)
  15. The Colour Out of Space (Бојата од семирот)
  16. The Whisperer in Darkness (Шепкачот во темница)
  17. The Shadow Over Innsmouth (Сенката над Инсмот)
  18. The Haunter of the Dark (Опседнувачот од мракот)

Забелешка за Celephaïs: Исто како што Damascus на македонски е Дамаск, а не Дамаскус и Ulysses e Улис, а не Улисис, сметам дека поточен превод на ова име би било „Селеф“, бидејќи Лавкрафт очигледно намерил ова име да звучи како имињата на градовите од антиката, коишто обично на македонски се пренесуваат без крајните наставки кои постојат на англиски.
 
Средено. Не сум администратор, така што само го отстранив пренасочувањето кон Пингвин, и ја направив статијата само за твојата книга. Слободно можеш и ти да ја прошириш (викифицираш) ако сакаш, додавајќи повеќе информации. Планирам да направам и посебни статии за секој расказ и да ги поврзам со англиските, и ќе додадам дека има и изданија на македонски од тебе. Ама тоа во иднина кога ќе имам повеќе време. Поздрав.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Eru
Член од
23 ноември 2023
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво екипа! Ме интересира книгичево да не стапи за блиска иднина во некоја книжара или ќе биде онлајн подолго време?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom