Повикот на Ктхулху и други ужасии - Х.Ф. Лавкрафт - За првпат на македонски

Eru

Член од
31 октомври 2013
Мислења
40
Поени од реакции
78
Здраво дечки,

Задоволство ми е да објавам дека мојата прва збирка преводи на раскази од хорор великанот Х.Ф. Лавкрафт штотуку се издаде и стана дел од македонската книжевност! Издавач сум лично јас на што сум неописливо горд.

„Повикот на Ктхулху и други ужасии“ содржи 18 од најдобрите раскази на Лавкрафт низ 352 страници.
Може да се купи на: https://www.poligramaton.mk/p/knigi.html
Цената е 399 ден. + 130 ден. за достава ширум Македонија.

Постов е апла само-промоција, но чинам вреди да се сподели бидејќи ова е прво издавање на овие раскази на Лавкрафт на македонски и како такво е од извесна важност за нашата литература. А и тоа што лично јас сум издавач на еден од моите најдраги автори ме исполнува со грозничава жизнерадосност која тешко се опишува. Со години работам на преводиве и до последен момент ги чипчев.

Прозата на Лавкрафт е една од најсложените за преведување, полна со несекојдневни зборови и синтакси, па беше мошне грамаден потфат. Особена акрибија посветив на фондот на употребени зборови, внимавајќи секој еден англиски збор да е преведен со еден и само еден македонски пандан во сите наврати кај што е употребен (освен кај што контекстот или природата на нашиот јазик не заповедуваат поинаку, се разбира).

Во план ми се три збирки со делата на Лавкрафт. А следуваат и аудиокниги. За да останете во тек, заследете ме на Instagram на @poligramaton.

Ако сакате да прочитате некои од моите други преводи од жанрот на фантастиката, вклучувајќи го и единствениот македонски превод на Силмарилионот на Џ.Р.Р. Толкин, разгледајте ја poligramaton.mk.

За прашања или коментари, тука сум.

Поздрав,
Никола
poligramaton.mk
instagram.com/poligramaton/
 
Attachments

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.435
Поени од реакции
19.652
@Cthulhu^ брат коначно гу преведесфа књигу за тебе.

Браос Никола.
Сакам превод од Chariots of the gods од Ерик Фон Даникен.

Иста цена ли е за дозтаву за у Скопје?
 
Eru

Член од
31 октомври 2013
Мислења
40
Поени од реакции
78
@парва Фала ти.
Chariot of the gods засега не ми е во план ама можеби понатаму. :D

Инаку да, доставата и цената е иста за низ цела Македонија.
Е сега, ако сакаш, можеш да поминеш кај мене во Тафталиџе, па да си ја земеш сам. Така не би плаќал достава.
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.425
Поени од реакции
4.254
хм...ја имам планини на лудилото на нашински. Али некако преводот е off key. Си купив некоја..обемна збирка, некои 900 и нешто срани со скоро А4 формат на англиски. Ја немам дочитано, мислам дека уште неколку приказни останаа. Иако...shadow over innsmouth мислам дека му е најдобрата приказна што ја има(за нијанса подобра од call of cthulhu). Има и некои други... the color out of space, the dunwich horror, the case of charles dexter ward и серијата silver key/randolph carter.
Ќе го кажам следното. Митосот дефинитивно како целина е интересен да се чита. Ама...самиот афтор има маани. Малце литературно е...оскуден(иако користи виша лексика)...и некои од приказните се...вообичани. Имаше и доста готски хорор во збирката(духови, вампири, мумии итн) осим козмичкиот по кој е познат.
 
Eru

Член од
31 октомври 2013
Мислења
40
Поени од реакции
78
@Стев Да, и јас ја имам Планини на лудилото на ПНВ публикации. Не е лоша, ама може да се подобри. Во план ми е и таа да ја преведам, ама меѓу последните. Моментално работам на The Shadow over Innsmouth и таа ќе биде првиот расказ што ќе го завршам, а што ќе го има во втората збирка, здравје. :) Го оставив за во втората заради тоа што мене лично не ми е меѓу омилените. Ама дефинитивно е еден од најзнаменитите.
А за Лавкрафт како автор, не се согласувам дека е книжевно оскуден во било која смисла. Мора да имаме на ум дека сите оние работи кои денес ги земаме здраво за готово, а кои доаѓаат од него, во негово време биле нечуени. Никој не пишувал такви раскази. Апсолутно не му се сите раскази ремек дела, има и послаби, ама сепак, според мене, Лавкрафт е еден од ретките татковци на хоророт кои твореле пред 100+ години (како Е.А. По, Б. Стокер, М.Р. Џејмс. итн) чии приказни и денес имаат задржано голем дел од својата свежина. Пример „Дракула“ на Стокер денес е мошне досадна да ја читаш дури и кога се има на ум колку е револуционерна за жанрот.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.305
Поени од реакции
79.003

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.425
Поени од реакции
4.254
@Стев .
А за Лавкрафт како автор, не се согласувам дека е книжевно оскуден во било која смисла. Мора да имаме на ум дека сите оние работи кои денес ги земаме здраво за готово, а кои доаѓаат од него, во негово време биле нечуени. Никој не пишувал такви раскази. Апсолутно не му се сите раскази ремек дела, има и
Во смисла да човекот е начитан, ама ми делува дека му фали формален тренинг или образовани во врска со пишување. Иако не е како стандард, голем дел од сказните негови како да имаат мана со структурирањето, има дигресии, дејството се одвива хаотично. Исто така мааалце премногу се ослонува на според него неописливото, неразбриливото, неопипливото, необјаснивото и неискажливото. Можда делува како шега ама он обична мачка или куче би ги опишал на таков начин да те полуди. Маааалце претерува со користење на тој сет зборови, до точка што ми делува како патерица.
 
DonRistovski

Peace Disturber
Член од
1 септември 2009
Мислења
3.432
Поени од реакции
4.033
Редно беше. Браво и секоја чест за трудот!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Eru

Eru

Член од
31 октомври 2013
Мислења
40
Поени од реакции
78
читај гу на српски

Што е револуционерно кај таа книга?
Тоа што иако не е првата приказна за вампири, „Дракула“ е книгата која што го прослави вампирот како чудовиште и го врежа во умот на секојдневниот човек. Без неа, којзнае дали ќе знаеше денес некој што е тоа „вампир“, особено на запад.
Автоматски споено мислење:

Во смисла да човекот е начитан, ама ми делува дека му фали формален тренинг или образовани во врска со пишување. Иако не е како стандард, голем дел од сказните негови како да имаат мана со структурирањето, има дигресии, дејството се одвива хаотично. Исто така мааалце премногу се ослонува на според него неописливото, неразбриливото, неопипливото, необјаснивото и неискажливото. Можда делува како шега ама он обична мачка или куче би ги опишал на таков начин да те полуди. Маааалце претерува со користење на тој сет зборови, до точка што ми делува како патерица.
Добра забелешка. И Лавкрафт самиот на моменти (пример во „Неименливото“) си го опишува делото како ти што го опишуваш,. :) Дефинитивно има моменти каде што е очигледно дека ако малку поинаку ја структурирал приказната ќе била подобра. Типичен пример е „Тоа на прагот“. Но сепак, кога ќе се видат темите кои ги обработува и колку се тие револуционерни, таквите технички, занаетчиски недостатоци, мислам дека можат да се занемарат.
 
Последно уредено:

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.694
Поени од реакции
885
Секоја чест за трудот и поготово што го одбра Лaвкрафт . Сепак имам мала скепса кога се работи за македонски преводи на фантастика ( епска , хорор итн ) и научна фантастика , затоа што неколку изданија на популарни романи од тие жанрови се со катастофален превод и лектура ( ако воопшто биле лектурирани ). Не велам дека твојов превод на Лавкрафт е таков ( не сум го прочитал ) , само кажувам за негативните примери . Дај Боже твојов превод ( и лектура ) да е како што треба , бидејќи навистина требаат добри изданија на македонски од тие жанрови .
 
Фала ти! Недостојните преводи беа една од причините да се одлучам на овој чекор. Прочитај ко ќе можеш и кажи ми што мислиш.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.139
Поени од реакции
8.246
Дали ти е во план нешто да преведеш од Емброуз Бирс?
 
Eru

Член од
31 октомври 2013
Мислења
40
Поени од реакции
78
Дали ти е во план нешто да преведеш од Емброуз Бирс?
Па, засега не. Засега сум сосредоточен сум на планираните збирки со делата на Лавкрафт, а потоа сакам да го преведам и Томас Лиготи. Ама не велам дека попат не би можел да скршнам со нешто додатно, ако ми се види на арно. :)
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.381
Поени од реакции
20.010
Во смисла да човекот е начитан, ама ми делува дека му фали формален тренинг или образовани во врска со пишување. Иако не е како стандард, голем дел од сказните негови како да имаат мана со структурирањето, има дигресии, дејството се одвива хаотично. Исто така мааалце премногу се ослонува на според него неописливото, неразбриливото, неопипливото, необјаснивото и неискажливото. Можда делува како шега ама он обична мачка или куче би ги опишал на таков начин да те полуди. Маааалце претерува со користење на тој сет зборови, до точка што ми делува како патерица.
100% се согласувам, мене ми е тешко да читам некои негови дела особено оние каде што нема многу дијалог помеѓу карактерите*, знае да биде хаотичен, наеднаш да се префрла од една на друга работа а и реално приказна која може да се напише во 5 страни он знае да ја направи во 15.

Се на се, Лавкрафт ми е еден од омилените автори (и космички хорор како жанр) но е пренапорен за читање.

*2 години ја читав Хоророт во Музејот, приказни како the green meadow и the crawling chaos беа мачни за читање, the mound исто едвај ја завршив иако пак имаше интересни дешавки во неа за разлика од првите две.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom