Повеќе пари за државни записи, а пониски камати на депозити

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
ЌЕ НЕМА ПОВЕЌЕ КРЕДИТИ. ПАРИТЕ НА БАНКИТЕ ОСТАНУВААТ ВО НБМ И ВО БУЏЕТОТ?!

Александар Јанев

Банкарите се децидни дека нема да дојде до значително зголемување на кредитната поддршка за компаниите, главно поради зголемувањето на ризиците во економијата како последица на ударот од еврокризата. Поголема е веројатноста вишокот пари банките да ги остават во трезорот на Народната банка, врзувајќи ги за новите депозити, или пак да ги пренасочат во државниот Буџет, купувајќи државни записи од Министерството за финансии

К
редитирањето нема да се зголеми ниту откако Народната банка ги ограничи аукциите на благајнички записи со што ќе се ослободат повеќе од 150 милиони евра свежи пари во банките. Поголема е веројатноста вишокот пари банките да ги остават во трезорот на Народната банка, врзувајќи ги за новите депозити, или пак да ги пренасочат во државниот Буџет, купувајќи државни записи од Министерството за финансии.
Банкарите се децидни дека нема да дојде до значително зголемување на кредитната поддршка за компаниите, главно поради зголемувањето на ризиците во економијата како последица на ударот од еврокризата – намалувањето на производството и извозот и поради тоа отежнатата наплата на кредитите. Банкарите ги оценуваат новите мерки на НБМ како стратегија за намалување на трошоците на централната банка со оглед дека крајниот ефект ќе биде намалени приходи кои банките го остваруваат од купување благајнички записи.
„Голема е веројатноста да не дојде до значително зголемување на кредитирањето под влијание на оваа мерка, со оглед дека сè уште изостануваат кредитни барања за квалитетни проекти, а и ризиците во реалниот сектор сè уште се големи. Компаниите се соочени со проблеми на странските пазари, но и со домашни проблеми, кои главно се однесуваат на наплатата на побарувањата по разни основи во Македонија. Можноста за раст на кредитите е особено ограничена и поради законски пропишаните стапки за ликвидност, каде што сè уште е присутен проблемот на долгорочно кредитирање со краткорочни депозити, а впрочем во банките во Македонија доминараат краткорочни депозити. Останува значи можноста да се инвестира во државни хартии од вредност или и понатаму да се инвестира во благајнички записи, а намалениот приход да се префрли на депозитната страна, така што ќе се намалат пасивните каматни стапки“, оценува финансискиот директор на Комерцијална банка, Маја Стевкова-Штериева.
Банкарите ги толкуваат новите мерки на гувернерот како голем притисок за зголемување на кредитирањето, бидејќи во спротивно, доколку банките продолжат и понатаму да вложуваат само во безризични хартии од вредност, ќе ја загрозат профитабилноста.
„Банките ќе мора повеќе пари да пласираат во кредити ако сакаат да ја одржат профитабилноста, барем на сегашното ниво. Со воведувањето на репо трансакциите банките што ќе продаваат записи, а за возврат ќе добиваат свежи пари, автоматски ќе имаат и помали издвојувања за задолжителна резерва и уште повеќе слободен капитал. Не очекувам парите што ќе се ослободат од благајничките записи да завршат во државниот Буџет преку купување државни записи, бидејќи тие имаат подолг рок на достасување. Со еден збор, банките сега имаат помалку опции за вложување без ризик и мора да размислуваат повеќе за кредитирање на приватниот сектор“, коментираат финансиските аналитичари.
Наместо четири аукции на благајнички записи месечно, гувернерот минатата недела одлучи да ги ограничи банкарите да вложуваат во овие државни хартии од вредност само еднаш месечно. Износот на пари што ќе се извлекува од прометот со благајнички записи ќе го одредува Народната банка, а банкарите ќе лицитираат со каматите. Сепак, максималната камата останува 4% и засега нема најави за нејзино намалување.
Но, и покрај тоа што новите мерки се носат за да ја поттикнат кредитната активност, дури и самиот гувернер изјави дека не очекува кредитирањето да се зголеми.
„Не очекувам кредитирањето значително да се зголеми пред сè поради ризиците што ги перцепираат банките во економијата. Банките и сега се премногу ликвидни, имаат пари да кредитираат, но кредити има само за добрите и профитабилни проекти. Кредитниот пораст до крајот на годината ќе биде дури и помал во однос на очекувањата на Народната банка. Со новите мерки Народната банка го зголемува опортунитетниот трошок за банките за чување на вишокот ликвидност овде, но сепак од банкарите зависи како ќе ги инвестираат парите“, изјави гувернерот Димитар Богов.
Промената на монетарната рамка на Народната банка вклучува и неколку нови инструменти, како за извлекување пари од прометот, така и за креирање ликвидност. Наместо редовните аукции на благајнички записи, како досега, банкарите ќе можат секоја среда да вложуваат пари во седумдневен депозит, за кој ќе добиваат камата од 2%, или во еднодневен депозит со камата од 1% и можност да пласираат пари секој ден. Наспроти тоа, доколку имаат потреба за дополнителен капитал, банките ќе имаат на располагање кредит преку ноќ со камата од 0,5 процентни поени над каматата остварена на последната аукција на благајнички записи, со кој Народната банка всушност ќе ослободува пари во промет. Освен тоа, секој петок ќе се одржуваат репо аукции, што е всушност уште еден начин за ослободување повеќе пари во економијата. Банките ќе можат преку репо трансакциите да ги продаваат благајничките записи што ги имаат и за возврат да добијат свежи пари.
Само од почетокот на годината досега, банкарите ги зголемија вложувањата во благајнички записи за повеќе од 150 милиони евра и тоа било клучно за гувернерот и Советот на Народната банка да размислат за промена на монетарните инструменти.
Поставеноста на монетарните инструменти им овзоможуваше на банкарите целосно да се свртат кон купување благајнички записи, а кредитирањето да го сведат на минимум. Вкупно во благајнички се заробени околу 610 милиони евра. Ако на таа вредност се додадат и парите што банките ги чуваат како задолжителна резерва, произлегува дека во Народната банка се извлечени повеќе од 1,1 милијарда евра од прометот. За споредба, за кредити за компаниите, банкарите месечно одвојуваат просечно по 30 милиони евра. Тоа значи дека ликвидноста во економијата е уште повеќе загрозена, бидејќи парите во оптек постојано се намалуваат. Според проценките на НБМ, кредитниот раст годинава ќе изнесува 7,6%.

Гувернерот им покажа заби на политичарите

Гувернерот им порача на политичарите од власта и од опозицијата, кои викендот се препукуваа поради новите мерки што ги донесе Народната банка, да ја почитуваат независноста на оваа институција и да се воздржат од коментари. Прво потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски, ја оцени како контроверзен чекор промената на начинот на купување благајнички записи, која според него, може да ја засегне независноста на Народната банка. Јовановски посочи дека губитници од оваа промена на монетарната рамка се сите коишто штедат во банка, бидејќи банките ќе ги намалат каматните стапки на депозитите за да ги компензираат приходите што ги губат затоа што не можат да купат благајнички записи како досега.

„Сигурни добитници се Народната банка, бидејќи ќе ги намали своите трошоци за водење на монетарната политика, и Владата, бидејќи дел од парите на банките наместо за благајнички записи сега ќе одат за купување државни хартии од вредност, односно ќе го полнат Буџетот на државата“, истакна Јовановски.

На тоа реагираше владејачката партија, со повик до СДСМ да не ја напаѓа независноста на Народната банка. Најпосле, гувернерот Богов им порача и на двете политички страни да не се мешаат во работата на Народната банка, која носи мерки на монетарната политика за да ги оствари целите пропишани со Законот за НБМ - ценовна стабилност, финансиска стабилност и не загрозувајќи ги нив, да ја поддржи економската политика.

„Оставаме на јавноста да процени дали потпретседателот Јовановски е загрижен за негативните ефекти од најновите мерки на НБМ врз каматната стапка на депозитите на граѓаните или, пак, за нивното влијание врз намалувањето на профитот на деловната банка во која извршува висока раководна функција“, одговори Богов.

Од СДСМ повторно реагираа на изјавата на гувернерот, отворајќи ја дилемата зошто се олабавува монетарната политика кога Богов во неколку наврати изјави дека монетарната политика никогаш досега не била порелаксирана.

More Sharing Services​
Share
|​
Share on facebook​
Share on twitter​
Share on email​
Share on reddit​

 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.448
Дај кажи што си мислел со насловот да кажеш за да го корегирам. Ко дислексија да читам ми доаѓа ова...
И не ставај Голема Буква На Секој Збор, толку ли не гледаш од останатите како се пишува на македонски?
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
--- надополнето: 10 април 2012 во 17:38 ---
Дај кажи што си мислел со насловот да кажеш за да го корегирам. Ко дислексија да читам ми доаѓа ова...
И не ставај Голема Буква На Секој Збор, толку ли не гледаш од останатите како се пишува на македонски?
ОК само стави мали букви сори навика.
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Aj da vidime kaj ke zavrsat parite... I sto ke bide so trgovskiot deficit...
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Парите од пензиските фондови ќе одат во буџетот?!

Владата законски ги присилува пензиските фондови да ги продадат уделите во македонската еврообврзница на меѓународните пазари за со тие пари да ги купуваат државните записи на министерството за финансии -ова е сомнежот на пензиските друштва кои останаа затекнати од измените во законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување. На тој начин, предупредуваат дека Владата сака да обезбеди средства за покривање на буџетската дупка, а пензиските фондови ќе загубат значителен дел од парите за пензии на граѓаните.

Инвестициите во македонската еврообврзница за пензиските фондови е сигурен влог што носи солиден принос. Оттука не гледаат оправданост на одлуката да ги продадат дури и по пониска цена.

Иако со законските измени Владата ги обврзува пензиските фондови уделите во македонската еврообврзница на меѓународните пазари да ги продадат до 15 јануари догодина без оглед која цена ќе ја имаат тогаш, одговорноста за загубите ја префрла на фондовите.

Според проценките на пензиските друштва, од 75-те милиони евра колку што имаат инвестирано во македонската еврообврзница во странство, би можеле да се загубат околу 20 милиони евра, пари што граѓаните ги штедат за своите пензии.

Извор
----------
Можеби и немаше толку да ме засегне загубата од 20 милиони евра, да не се работеше за личните пари на идните пензионери.

Еден хипотетички муабет од иднината (после 30 и кусур години):

Службеничката од пензионо - Честито дочекавте пензија, таа изнесува точно 80 евра
Јас - Фала, фала, ама по моите пресметки јас треба да земам 100 евра пензија.
Службеничката од пензионо - А, нееее, вие ЌЕ земевте толкава пензија ако пред триесет години министерот за финансии не реши дека твоите пари да ги здипли за во буџетот. Мора да сватите оти тогаш беше НЕОПХОДНО да се вработат уште клати врата службеници и да се направат уште капитални споменични инвестиции
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Извор
----------
Можеби и немаше толку да ме засегне загубата од 20 милиони евра, да не се работеше за личните пари на идните пензионери.

Еден хипотетички муабет од иднината (после 30 и кусур години):

Службеничката од пензионо - Честито дочекавте пензија, таа изнесува точно 80 евра
Јас - Фала, фала, ама по моите пресметки јас треба да земам 100 евра пензија.
Службеничката од пензионо - А, нееее, вие ЌЕ земевте толкава пензија ако пред триесет години министерот за финансии не реши дека твоите пари да ги здипли за во буџетот. Мора да сватите оти тогаш беше НЕОПХОДНО да се вработат уште клати врата службеници и да се направат уште капитални споменични инвестиции
Да ти ја објаснам целата педерација. Камата на евробврзница е 10% а на три месечни државни записи е окулу 4%. Плус има и загуба од продавањето на самата еврообврзица на странци. Значи пензиските фондови ќе бидат оштетени. Само за да може државата да продаде повеќе државни записи. Патетично на банките им ги ограничи благајничките записи на НБМ а на пензиските фондови еврообврзницата. Само за да земе повеќе пари од државни записи. А повеќе побарувачка значи уште пониски каматни стапки. Државата полесно ќе си го финансира долгот.
Но жртви се штедачи и идни пензионери. И едните и другите зависат од камати и на едните и на другите сега парите ќе им носат пониски камати само за да државата обезбеди за себе повеќе пари за краткорочно финансирање и покривање на моментални дупки во буџет. Државата обожава да краде од штедачи и идни пензинери дали преку каматна политика или инфлација. Бидејќи таа кражба најтешко се приметува и ефектите од неа ќе се видат за повеќе години во иднина.
Инаку ова ми мириса дека ќе почнат камате во Мк многу да паѓаат добри вести за сите што имаат пари кој не се фиксен приход. Само малку да се стабилизира светската економија и да почне кредитен раст и банките да се порелаксирани во кредитирањето и се ќе се здиви во Македонија пониските каматни стапки ќе бидат како стероиди за економијата.
Останува да видиме што ќе се случи...ова се само претпоставки.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
5
Поени од реакции
0
moze da mi kaze nekoi. kolku precenti od parite dava bankata za kreditot so kupi kuka kupi stan ???
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.324
Поени од реакции
15.576
Да ти ја објаснам целата педерација. Камата на евробврзница е 10% а на три месечни државни записи е окулу 4%. Плус има и загуба од продавањето на самата еврообврзица на странци. Значи пензиските фондови ќе бидат оштетени. Само за да може државата да продаде повеќе државни записи. Патетично на банките им ги ограничи благајничките записи на НБМ а на пензиските фондови еврообврзницата. Само за да земе повеќе пари од државни записи. А повеќе побарувачка значи уште пониски каматни стапки. Државата полесно ќе си го финансира долгот.
Но жртви се штедачи и идни пензионери. И едните и другите зависат од камати и на едните и на другите сега парите ќе им носат пониски камати само за да државата обезбеди за себе повеќе пари за краткорочно финансирање и покривање на моментални дупки во буџет. Државата обожава да краде од штедачи и идни пензинери дали преку каматна политика или инфлација. Бидејќи таа кражба најтешко се приметува и ефектите од неа ќе се видат за повеќе години во иднина.
Инаку ова ми мириса дека ќе почнат камате во Мк многу да паѓаат добри вести за сите што имаат пари кој не се фиксен приход. Само малку да се стабилизира светската економија и да почне кредитен раст и банките да се порелаксирани во кредитирањето и се ќе се здиви во Македонија пониските каматни стапки ќе бидат како стероиди за економијата.
Останува да видиме што ќе се случи...ова се само претпоставки.
Нели доспева еврообврзницата следната година?
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Ебате таквата држава што живее на пишенка
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.324
Поени од реакции
15.576
А до кога им дадоа рок да ја продадат? :)

А дека е лоша одлука, е лоша, целосно се согласувам, само за евообврзницава мислам дека нема многу да се почувствува.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
А до кога им дадоа рок да ја продадат? :)

А дека е лоша одлука, е лоша, целосно се согласувам, само за евообврзницава мислам дека нема многу да се почувствува.
Рок е до 15 јануари 2013. Може и си во право тогаш. Ама ако треба да ги продадат малку пред рок на доспевање негледам што ќе добијат и зошто воопшто да им наредат да ги продаваат. Само нека не издадат нова еврообврзница(а и не планираат) и решен проблем. Незнам зошто воопшто и издадоа еврообврзница кога пазарните услови беа толку лоши. Инаку најдов дека и онака рокот на еврообврзницата престанува во јануари 2013. Така да пензиските фондови нема ништо да изгубат. Сега стварно сум збунет зошто воопшто им налагаат да ги продадат кога рокот истекува и онака...искрено не разбирам. :confused:
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Не сте во право, рок на доспевање е крај на 2015 година.

Сега стварно сум збунет зошто воопшто им налагаат да ги продадат кога рокот истекува и онака...искрено не разбирам. :confused:
Сите сме збунети, властодршците се луди, така да луд ј*бе збуњеног.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom