Рок е до 15 јануари 2013. Може и си во право тогаш. Ама ако треба да ги продадат малку пред рок на доспевање негледам што ќе добијат и зошто воопшто да им наредат да ги продаваат. Само нека не издадат нова еврообврзница(а и не планираат) и решен проблем. Незнам зошто воопшто и издадоа еврообврзница кога пазарните услови беа толку лоши. Инаку најдов дека и онака рокот на еврообврзницата престанува во јануари 2013. Така да пензиските фондови нема ништо да изгубат. Сега стварно сум збунет зошто воопшто им налагаат да ги продадат кога рокот истекува и онака...искрено не разбирам.
Just a wild guess ....
Затоа што треба да има прилив во евра во државата, за да може Финансии да ја исплати обврзницата во евра кога ќе доспее. Со тоа што ги обврзуваат да ги продадат на малтене три дена пред доспевање, на некој начин фондовите нема многу да изгубат. Ионака три дена дисконт не прават многу разлика за фондовите. Но, прави разлика за државата. Овие продаваат, три дена порамнување, трансфер на евра назад во МК, и потоа доспевање и трансфер на евра назад во интернационала.
Инаку, она што е интересно, а кое малку беше покриено е што им се забранува на фондовите да купуваат МК обврзници на меѓународен пазар. Што на некој начин прави логика, баш поради погоре опишаното вртење на пари. Досега испаѓаше дека фондовите за ист ризик имаа поголем принос од неколку проценти. Наместо со 5-5,5% девизна клаузула во МК, добиваа 9% во странство. А државата за недобиено „ново“ евро само плаќаше поскапо, без никакво позитивно влијание на девизните резерви и билансот.