Побрзо од фибер?

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.206
Поени од реакции
12.163


Нова безжична технологија би можела да ја надмине фибер оптиката во некои апликации.

Сигурно сте чуле за Доналд Трамп, познатиот американски бизнисмен, кој на врвовите на двата свои облакодери во Њу Јорк Сити поставил нов вид на безжичен предавател на едната, и примач на другата. Со оваа конекција, може да се испрати податоци со брзина поголема од еден гигабит во секунда - доволно брзо да спуштите 90 минутно видео од едната кула до другата (оддалечени повеќе од 1.6 километри) за побрзо од 6 секунди. Да направиме споредба, истото видео испратено по DSL или брз кабелски интернет би требало околу еден час за даунлоад.

Системот наречен "WiFiber" од неговиот производител, GigaBeam, телекомуникациска компанија од Вирџинија, САД. Иако технологијата е безжична, компанијата тврди дека ваквиот начин на брз дата проток од место до место претставува поефикасен начин отколку фибер оптика, Wi-Fi или Wi-Max, вели John Krzywicki, потпретседателот на компанијата за отсекот маркетинг.

Ваква место до место безжична технологија би можела да се користи на места каде поставувањето закопани фибер оптички кабли би го уништило земјиштето, трошоците би биле преголеми или инсталациониот процес предолг.

Ваков начин на испраќање податоци во слободниот простор не е нова идеја. LightPointe и Proxim Wireless исто така нудат вакви услуги. Она што ја прави технологијата на GigaBeam поинаква, е изложувањето на поинаков дел од електромагнетскиот спектрум. Нивните системи користат регион на спектрум кој е речиси видлив на терахерцни фрекфенции. Поради ова, временските услови во кои видливоста е ограничена, исто влијае на протокот на податоци.

Компанијата емитува на 71-76, 81-86, и 92-95 гигахерцни фрекфенции, каде овие услови не причинуваат проблеми. Во продолжение, со користење на овој регион на спектрум, GigaBeam може да испраќа податоци кон скоро сите безжични мрежи.

Бидејќи толку многу направи, од Wi-Fi станици до Воки-Токиа ги користат грекфенциите од 2.4 и 5 гигахерци, овие фрекфенции се оптоварени, па потребни им се комплексни алгоритми и патеки на сообраќај, и двата фактори кои го намалуваат протокот. Со мал сообраќај на фрекфенциите помеќу 70 и 95 гигахерци, GigaBeam успева да достигне неверојатни брзини во замена на избегнатите програмирања на рутови и алгоритми. Исто така, фактот што зракот кој се испраќа не залутува до неговиот пат, прави мрежата да биде одлична без пречки и застој.
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Абе што се нема да измислат:kajg:
 
Член од
18 февруари 2005
Мислења
95
Поени од реакции
1
Ласерски пренос на податоци преку воздух има во Македонија на тест неколку месеци кај мобилните оператори. Овој пресос е равен на оптичкиот пренос и ќе се применува како замена за canopy системите кои се користат за комуникација на база<--->база.Со ова ќе се зголеми преносот и секако ќе се намалат трошковите за ренатање на оптиката на нашиот ни монополатор. Секако немојте да заборавите дека ова е само тест. Се работи за изрелска технологија која тек треба да се докажува
 
Член од
1 февруари 2006
Мислења
5
Поени од реакции
0
i da e seto toa uspesno ,sigurno nema da go vidime kaj nas vo mk so ovie voskarive sto diktiraat tempo na ceni..........barem ne vo ovoj zivot
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.510
Поени од реакции
8.114
Јас сепак ке бидам оптимистичен во поглед на ова, и се надевам дека кога тогаш „големите сили” ке им кажат на нашиве полтрони у влада да престанат со курчењето. Е тогаш веќе ке имаме можност за напредок на сите полиња, меѓу кои и ова.
Искрено кажано ова звучи премногу убаво за да го имаме тука. Ама јас ја сакам „царевата ќерка”!!!
 
Член од
6 јули 2005
Мислења
2.932
Поени од реакции
9
burglar напиша:
Ласерски пренос на податоци преку воздух има во Македонија на тест неколку месеци кај мобилните оператори. Овој пресос е равен на оптичкиот пренос и ќе се применува како замена за canopy системите кои се користат за комуникација на база<--->база.Со ова ќе се зголеми преносот и секако ќе се намалат трошковите за ренатање на оптиката на нашиот ни монополатор. Секако немојте да заборавите дека ова е само тест. Се работи за изрелска технологија која тек треба да се докажува
Оваа технологија има и недостатоци, како на пример тоа дека мора да има физичка видливост и да нема ниедна пречка помеѓу две локации што значи и најмало дрво па дури и птица може да направат проблеми. Исто така има проблеми и во магла.
 
Член од
9 ноември 2005
Мислења
39
Поени од реакции
0
vardarce напиша:
и најмало дрво па дури и птица може да направат проблеми. Исто така има проблеми и во магла.
Точно, всушност ова е стара технологија. И скапа.

Јас дефинитивно не би користел услуги од оператор кој не е оптички исповрзан. Безжичните мрежи за ТК операторите се користат како бекап во случај на неопогоди, испади на системот, прекинување на каблите и слично...

Затоа македонче, засукај ракавите, копај ровови и ставај фибероптика :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom