Платинум трофеи

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.359
Поени од реакции
25.054
Ghost of Tsushima - Director's Cut (вклучено е dlc-то во неа, исто така и Legends, но се уште не ги имам чепнато)

Детали: помалку од 30 часа (треба да препроверам)

Ghost of Tsushima е позната по визуелниот дизајн, и секако тоа е првото нешто што ме привлече во играта. Има доста неверојатни места низ мапата кои не здосадуваат ниту ако ги поминеш 100 пати. Ми се свиѓаше тоа што локациите за пишување хаику беа баш онака погодени за медитација и правење пауза од гејмплејот, а реакцијата од контролерот при правење одредени ствари ми беше супер кул.

Од работите коишто ми се допаднаа - главната приказна заедно со таа на Лејди Масако, Ишикава и Јуна - овие три side quests се со по 8-9 дела, заедно со тој монк вориор, не се сеќавам како се викаше. Би рекол дека вредеа сите овие, затоа што имаат неколку изненадувања и одлични краеви, како на филм... Ги балансирав заедно со главната приказна, но ги завршив пред последната мисија.

Комбатот - доста забавен и динамичен, но два часа во играта веќе сменив од нормал на хард за да ми биде позахтевен, инаку лесно може да стане репетитивен. Градацијата и можноста да се модифицира изгледот ми беа кул, па често менував Traveller's atire со Sakai Armor во зависност од ситуациите.

Ликовите - сите ликови горе долу се допадливи, има некакваси поента да им помагаш и да те мотивираат одма да одиш на следниот дел од нивната приказна. Но, тука доаѓам и до една од работите што многу ми се виде репетитивна и монотона - епизодните мисии. Во голем дел, овие мисии се слични едни на други - направи муабет со npc-то, истражи нешто надвор од првата локација, врати се да видиш дека е окупирана од Монголци, истепај се и тоа е тоа.

Понатаму, светот е многу поголем од што навистина треба да биде. Комотно можеле да скратат една територија, а приказната да остане иста. Премногу collectibles (дури 49 Inari Shrines јеботе...), а премалку интеракција со светот. После одредено време користев fast travel затоа што сфатив дека ослободување територија значи и автоматски маркирање на настаните околу. Исто, нема некоја разноликост на непријателите, ниту пак настан кој ќе ме измести од колосек и нема да го предвидам.

Сума сумарум, позабавно платинум патешествие од God of War каде каде, затоа што сепак енергијата на играта и целата таа атмосфера ме држеа до сам крај. Љубопитен сум да видам што нуди и Iki Island откако ќе направам пауза, но таму не верувам дека ќе ги собирам сите трофеи. Сигурно ќе има слични collectibles, па најверојатно ќе ја изиграм приказната и тоа е тоа, ќе одам да се дружам со Days Gone.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom