Пластични шишиња наместо сијалици

Член од
31 март 2008
Мислења
2.504
Поени од реакции
1.721
Го видов видеово и ме интересира освен вода што друго всушност се става во шишето?

човекот вика liquid bleach, е што е тоа? кога ја преведувам излегува течна кајгана, а тоа не знам што е

http://kajgana.com/plastichni-shishinja-namesto-sijalici
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Се наоѓа во обичен колонијал како - Варикина

Видеово ми е гледано одамна, само не сум го пробал уште.... нема прилика а и немам некој објект кај што би можело да се проба ова - за во град т.е оние метални гаражи е идеално.
 

Jack Nolan

Сите сме луѓе, но ретко кој е човек!
Член од
31 јули 2011
Мислења
1.587
Поени од реакции
1.506
Дај кажете нешт повеќе некој рецепт како да се направи
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Пластично шише - чиста вода - зовриена или дестилирана - 4-5 капачиња (од шишето) белило (варикина) турени во водата, убаво ќе го запечатиш шишето и тоа е тоа.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.341
Поени од реакции
29.807
Лесно е за составот на течноста, потешкиот дел е монтирањето во кровот. Само дома сигурно нема да ставаш пластични шишиња во кровот, ова е за ултра сиромашните места како Филипините во случајов, а слични акции се организирани и во Бразил. Инаку ОК е за во шупа/гаража (како што веќе спомна Апокалипто) а за дома треба нешто како ова:

http://www.solatube.com/residential/what-is-daylighting/index.php





Планирам да најдам нешто вакво во направи сам изведба, СОЛАТУБЕ продуктите се прескапи...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom