Планинарење

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
е аман, кај виде некој да се сити на ова?
Имаше на твитер неколку и под објавите на фб од медиумите имаш дека така им требало ама како што кажаа Форца, не се вредни да споделување, на такви луѓе не треба ни здраво на улица да им се вика.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Зошто на евентот што беше за ова пишуваше дека за тие што не се планинари може да одат со жичара и да има минимално качување, па следствено на тоа не се бараше професионална планинарска опрема...
Затоа што се оди од Лутраки, скијачки центар од грчка страна, ама не знам која им била идејата. Од наша страна, во зимски услови Кајмакчалан знае да биде и недостапен пошо е многу оддалечен.
Пристапот е фушерски. Како може на 2500 да не ти треба опрема, во најавен снежен бран и невреме?
 

Josef K

трагач
Член од
4 јануари 2014
Мислења
193
Поени од реакции
690
Страшна трагедија. Нека почиваат во мир.

Баш, пред некој месец, коментиравме со другар дека прашање на време е кога ке дојде до несреќа. Жал ми е што тоа и се случи на Калина. Прекрасна личност. :(
Турите се лошо организирани, со премалце или нестручни водачи. Се кршат основните правила за движење на планина во зима, без никаква опрема. Лани имаше иста ситуација на Титов, одвај го спасија дечкото што се повреди да не премрзне.

Во случајов има ептен големи пропусти на организаторот. Лоша проценка на временските услови, делење на групата, немање радио-врска...
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.440
Поени од реакции
87.138
Ако имало најава за невреме зошто воопшто пошле? И како што гледам без соодтветна опрема ги качувале планините...страшно

Нека почиваат во мир момчето и девојчето.
 
T

Terroir

Гостин
Се надевам дека го гледавте убаво видеово. На него се приметува дека ниеден од групата не носи дерези, цепин, да не зборам за кацига, прави наочари исл. Другата опрема им е како за на кафе.
Се надевам дека конечно некој ќе наебе за вакви неодговорни акции. Преку к** веќе.
Ако на вас, педери, не ви е мил животот, не носете млади, наивни луѓе на душа!
Точно се гледа дека некој од нив се ептен слабо опремени, со таква опрема ни на Водно не се качува во зимски услови а не пак Кајмакчалан
А последно што читам е и дека само едниот е најден во провалија додека другиот не и бил премрзнат (имало шанси да ги спасат ако имало реакција побрзо)

Во 14:30 пријавиле во Грчките служби, дури во 20:00 лоцирани а тек во 03:00 била известена нашата полиција :rolleyes:
 
Последно уредено од модератор:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.992
Поени од реакции
83.366
Точно се гледа дека некој од нив се ептен слабо опремени, со таква опрема ни на Водно не се качува во зимски услови а не пак Кајмакчалан
А последно што читам е и дека само едниот е најден во провалија додека другиот не и бил премрзнат (имало шанси да ги спасат ако имало реакција побрзо)

Во 14:30 пријавиле во Грчките служби, дури во 20:00 лоцирани а тек во 03:00 била известена нашата полиција :rolleyes:
грешка си со цитатот
не е мој
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.876
Абе сигурно не им е прв пат да се искачуваат и знаат како да се движат во вакви временски услови. Имаат еден куп обуки за движење и ориентација во простор.
Најголем проблем е што не го почитуваат првото и најосновно правило за планинарење, а тоа е да не ја напуштаат групата. Двајца ја напуштиле групата и завршија трагично.

Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Честитки за Маја Бошкоска од Скопје! Врвот Аконкагва, највисок во Јужна Америка 6962 мнв

И нешто убаво да чуеме од планините во овие тажни денови.

27907858_10215685118780344_3562142385838264235_o.jpg
 
Член од
17 март 2014
Мислења
321
Поени од реакции
478
Богами, честитки Маичка, барем ти да не средуваш со нешто. :)
 
Член од
13 декември 2014
Мислења
14
Поени од реакции
1
Прашање од почетник планинар, имм планинарено досега сам но не на некои огромни далечин максимум до 10 км. Немам душтво за планинарње но ги следам активностите на планинаските друштва на фб и знам кога имаат акции. За полесните патеки дали треба да си зачленет во планинарско друштво за да учествуваш или? Дали некој може да ме уведе во ова. Се имам искачуванo во околината на штип во сите правци околу 10 км максимум но икрено не би одел никогаш сам повеќе поради кучиња и ред други опасности. Благодарам :)
 
Последно уредено:
Член од
17 март 2014
Мислења
321
Поени од реакции
478
Не мора да си зачленет за да учествуваш, доколку ги почитуваш упатствата зададени на описите на настаните.
Друштво ќе си најдеш при самото планинарење. До душа, полесно ќе си најдеш друштво доколку си во клуб (воглавном ќе планинариш со истите луѓе и ќе се здружиш со нив), ама членството не е обавезно.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Прашање од почетник планинар, имм планинарено досега сам но не на некои огромни далечин максимум до 10 км. Немам душтво за планинарње но ги следам активностите на планинаските друштва на фб и знам кога имаат акции. За полесните патеки дали треба да си зачленет во планинарско друштво за да учествуваш или? Дали некој може да ме уведе во ова. Се имам искачуванo во околината на штип во сите правци околу 10 км максимум но икрено не би одел никогаш сам повеќе поради кучиња и ред други опасности. Благодарам :)
Види кога има некој организиран настан, тогаш оди. Јас почнав со другари да одам, ама не секогаш сите имаат време. Одиш ти запознаваш луѓе, па некои од другарите ќе запознае некогаш и се шири кругот. Не сите се многу совесни, а и многу луѓе одат од причини што мислат дека се правилни...идат да си фатат дечко/девојка, швалерка, за пијанчење, ама има и доста луѓе што прилично спортски си го тераат филмот. Кондиција се гради со постојана активност. Дури и да имаш вишок кило некое, оваа активност прилично добро влијае тоа да се среди...умерено секако. Некои од нај-ок и најнормални луѓе што сум ги сретнал во животов и што ми се пријатели, се баш од планинарење....а ќе видиш све и свашта.
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
Планика носам 10 години и сум релативно задоволен јас тие што ги имам ги носев секаде и во зависност од годината колку е ладна од почеток на ноември до крај на март един проблем што имав почна ѓонот да се одлепува бидејќи лепилот не го бивало (така ми кажа чевларот) ги залепи и мака немаат,а тоа беше пред 3 години.
Додатно имам и Bates пустински чизми тука негде и тие се стари 5-6 години тие обично ги носам летен период бидејќи се релативно стабилни за глуждот имаат добар ѓон и ненормално брзо се сушат кога мораш да прегазиш некаква вода која што неможеш да ја избегнеш или пак ако не газиш во вода ногата одлично дише.
И тие што се понови околу 4 години се Мeindl Woodwalker Pro Mfs е сега тие се поскапи но се нешто најдобро што имам користено така што за на изглед можете да ги видите на интернет но се многу стабилни и глуждот го држат феноменално имаат и мемори пена внатре така да се меки.
За meindl едино нешто негативно што можам да кажам е тежината така да мислам дека една чизма тежи 900 грама,а една чизма од планика тежи 600 грама.
Со meindl чизмите малце утнав ги познајмив на еден братучед за некое зимовање и бидејќи не ги исчистил како што треба кожата не е мазна како што треба но сепак тие се функционални и според тоа што гледам од јутуб со четкање би требало да се подполни и да се подобри.
 
Член од
13 декември 2014
Мислења
14
Поени од реакции
1
Па токму тоа е проблемот имав еден другар од паланка но си замина од државата а се договаравме со него да почнеме, сам вака ми е незгодно па најверојатно ќе почнам со зачленување во клуб па ќе видеме натаму, фала многу :)
 
Член од
18 мај 2015
Мислења
10
Поени од реакции
5
Здраво дечки, пошто гледам огласников на форумов некако слабо експлоатиран ми стои, претпоставувам дека тука би било вистинското место да ви предложам едно гаџетче.
Ново вакво.
https://www.banggood.com/BlitzWolf-20W-3A-Foldable-Portable-SunPower-Solar-Cell-USB-Solar-Panel-Charger-with-Power3S-for-iPhone-6s-Plus-p-1012412.html?rmmds=search&cur_warehouse=CN
Импулс бај, а сигурен сум дека многу повеќе работа би завршило на некој од вас хајлендери :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom