Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.997
Мора на најдеме начин да пробаме да го разбудиме овој подфорум кој веќе извесен период стагнира. Така, се мислев меѓу една општа тема "Месецов читаме (роман, новела, поезија, сатира, драма, научна фантастика, фантазија, книга од конкретна издавачка куќа, од конкретен изворен јазик...)" или книга од конкретен писател, па се одлучив за втората.
Згора на се, ова тмурно и студено време сите ќе не подсобере дома, ќе имаме малку повеќе слободно време, време кое можеме да го искористиме за читање.
Сер Артур Конан Дојл е шкотски писател, роден во Единбург, каде првично пишува кратки детективски криказни, потоа детективски романи, новели, драми, научна фантастика, книги за спиритуализмот, но и историска книга.
Малку познат факт за него е дека бил доктор. Така своеволно се пријавува во Бурската војна, како воен доктор, (интересен факт за оваа војна е во тоа што прв пат во историјата се појавуваат концентрационите логори). Војна помеѓу ЈАР и Британската империја, за која пишува и воено-историска книга "Големата Бурска војна", каде Евдард VII, за своите заслуги во оваа војна, го прогласува Дојл за витез и ја добива титулата сер.
Уште еден значително интересен аспект од неговиот живот е неговиот спиритуализам, сметал дека може да се комуницира со светот на мртвите, кој бил доста популарен во Викторијанската доба, за што влегува и во конфликт со Худини кој си поставува своевидна цел да го деградира ова движење.
Иако не е пионер во областа на детективските, прво раскази, а потоа и романи (првиот детективски расказ го пишува По), тој се прославува првично со детективските приказни за Холмс кој ги издава во еден магазин, за подоцна да напише и новела за овој негов славен детектив.
Хронолошки книгите за Шерлок Холмс:
1. A study od Scarlet- Студија на Скарлетна боја (Арс Ламина и ПНВ Публикации)
2. The Adventures of Sherlock Holmes- Авантурите на Шерлок Холмс (Антолог, Арс Ламина и Нова Македонија)
3. The Sign of four- Знакот на четворката (Икона и ПНВ Публикации)
4. The Casebook of Sherlock Holmes- Архивот на Шерлок Холмс
5. The Valley of fear- Долината на стравот (ПНВ Публикации и Арс Либрис)
6. The Memoirs of Sherlock Holmes- Мемоарите на Шерлок Холмс (Антолог)
7. The return of Sherlock Holmes- Враќањето на Шерлок Холмс (Антолог)
8. His last bow- Неговото последно поклонување
9. The Hound of the Baskervilles- Бескервилскиот пес (Арс Ламина и Ѓурѓа)
Секако, постојат и одредени варијации во преводите на самите наслови, како на пример "Студија во светлоцрвено", "Доживувањата на Шерлок Холмс", а само за последната има неколку, како "Баскервилското куче", "Загарот на Баркервилови" и преводот на Ѓурѓа: "Проклетството на Баркервилови"!
Книгите може да се најдат и на англиски јазик, во издание на Wordsworth (Академска книга) и во издание на Colling classics (Икона (ако сеуште ги носат)). Предноста на Wordsworth е во тоа што, од една страна, книгите имаат убави илустрации, а од друга страна во тоа што неколку се збирки од две книги.
Воедно, тука е и еден од најпознатите цитати во литературниот свет:
И секако, тука е вечната дебата: Агата Кристи или Конан Дојл(?) односно Херкул Поаро или Шерлок Холмс(?), за што постои и своевидна тема. Мене секогаш ми се Дојл пред Агата, пред се поради интензитетот на приказните, поради постоењето на извесен антагонизам (професор Моријати) и поради односот Шерлок и доктор Вотсон. Дијалозите при влечењето на констатациите и собирањето на заклучоците, во споредба со презентирање на случајот во последната глава, за мене се далеку поинтересни.
Секако, Дојл не е само татко на Шолмс, туку и на зоологот професор Челенџер, каде значаен придосен дава и кон научната фантастика. Оваа зборка раскази може да се најде во издание на Wordsworth (ја имам видено во Академска) "The lost world and other storys" на англиски јазик каде се собрани сите раскази за авантурите на зоологот Челенџер, како "Загубениот свет", "Земјата на маглата", "Кога светот вресна" или "Отровниот каиш".
Има слична тема, но постои и извесна разлика. Тука, изворно, не дебатираме за самиот писател, од неговиот живот до неговото творештво, туку прво читаме одредена книга (или книги) по избор со кратка рецензија, а потоа може да дебатираме за она што досега сме го прочитале, анализа на ликови, компарација со сродни писатели, неговата улогата во општеството и неговиот придосен кон другите концепти на уметноста, со акцент на литературата, кинематографијата, а тука се и театарот и стриповите.
Така не ги спојувајте темите!
Во месец октомври читаме една (или повеќе) книга по избор од сер Артур Конан Дојл.
пи.ес. За нареден месец, ако има интерес и волја, предлагам да има анкета со препораки. Моја препорака е Харуки Мураками.