Петрески ќе поставувал рампи на влезовите во градот!

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
S

Shellshock nam67

Гостин
Грешка си, за човекот едноставно не ти текнува збор со кој би го опишал, на пример викаш глуп е и си викаш не бе тој не одговара он е ептен глуп, и тогаш ти текнува поглуп човек нема на векот, и после ти текнува и така натаму.
Инаку иделе викендаши, носеле од дома јадење не правеле промет во Охрид, незнам што човек треба да си па ова сериозно да го сфатиш.
Да плаќале повисоки даноци за оние кои имале станови во Охрид, и сега ќе ги продадат и ќе си купат во Струга стан, што разлика во луѓе ќе беа Охриѓани и Стружани стварно незнам немаат ни 10 километри разлика
Струшката инвативност од секогаш била уникатна


Фотографија од архивите на старата
Струга

http://ohrid1.com/foto/strushkata-invativnost-od-sekogash-bila-unikatna :pos::pos::pos:
 

miki002

Фејл гејмер
Член од
18 февруари 2010
Мислења
369
Поени од реакции
269
Не е проблем ако сака и ровови нека ископа околу Охрид и нека ги наполни со врел катран :) а за рампи ОК си е, убава работа, за влез по 1 евро за тие што не се од Охрид, ама и за охриѓани кога ќе излегуваат да плаќаат по 500 евра, за влез во Македонија. Инаку и така го избегнуваат Охрид за одмор во последно време, јас бев летово и освен сопственикот на вилата каде бев сместен, другите беа навистина за никаде, дури чуден ми беше човекот (како да не е од Охрид) :). Зборот ми беше „не идат туристи, немаме пари, дај да ставиме рампи блокади препреки, да наплаќаме влез излез, да наплаќаме кој случајно ќе се „напие“ од водата пливајќи, па може ќе се туркаат после на овие рампите да идат во посебниот град каде и воздухот ќе го наплаќаат полека полека :)
 

Дрндалче

...никад не запира...
Член од
11 јануари 2009
Мислења
837
Поени од реакции
338
случајно налетав на муабетов:

Според Петрески викендашите не трошеле ништо и си носеле храна од дома, а тие пак со станови и викендички ќе плаќале годишна такса од 100 до 200 евра, бидејќи ако имале пари да си купат имот во Охрид, ќе имаат и да плаќаат такса

Едно евро дневно за влез во Охрид. Туристите кои сакаат да го посетат нашиот најголем туристички центар за новата давачка ќе треба да платат на трите рампи кои ќе бидат поставени кај Подмолје, Косел и Пештани. Ваква е замислата на охридскиот градоначалник Александар Петрески во борбата со викенд-туристите, кои, според него, уживале во градот, а не биле големи потрошувачи.
-Ќе поставиме рампа во Подмолје, една рампа во Косел и трета рампа во Пештани и секој кој влегува во Охрид, а не живее тука, да плаќа туристичка такса. Има многу викендаши кои доаѓаат во Охрид на еден ден, а не трошат пари. Значи си носат храна од дома, зафаќаат место со автомобилите, седат на плажа, јадат и пијат од она што го донеле и ќе го остават ѓубрето кое некој треба да го крене. Тоа општината ја чини многу, ако го земеме предвид фактот не оставаат ниту еден денар тука, ниту пак купуваат нешто во продавниците, вели Петрески.
За оние пак гости кои имаат свои викенд-станови градоначалникот им предвидел годишна такса од 100 до 200 евра во зависност од квадратурата и местоположбата. Цената на таксата би била според македонските стандарди, а оној кој имал пари да купи стан во Охрид, сигурно има пари да плати, објасни Петрески.
-Исто така јас сум на мислење да се воведе друг вид давачка за оние кои имаат имот во Охрид, а не живеат во него - да плаќаат годишна такса. Така е секаде во светот, така треба да биде и во Охрид. На тој начин ќе постигнеме неколку работи, нема да има толку голем интерес на граѓаните од други градови да купуваат станови во Охрид, што исто така е битно за развој на туризмот. Значи ќе собираме и средства кои ние повторно ќе можеме да ги вложиме во туристички цели за да привлечеме повеќе туристи, смета охридскиот градоначалник.
За новитетите кои ги најави Петрески експертите сметаат дека контролираниот влез во Охрид преку рампи е психолошка бариера која штетно ќе влијае врз имиџот на градот.
-Што се однесува до посетителите кои доаѓаат од другите градови и наплатата преку рампи сметам дека е тешко изводливо, затоа што многу од нив можеби не се туристи и можеби доаѓаат од други причини во градот. Сметам дека тоа ќе има негативен ефект. Рампите не доаѓаат предвид, а оние кои имаат станови треба да имаат зголемени давачки како дополнителна такса. Такви примери има секаде, но како контролиран влез во некој град со рампи делува како психолошка бариера која би била лоша за имиџот на градот. Оние кои имаат викенд-станови треба да плаќаат данок на луксуз, затоа што станот не се користи за живеење. Сепак, претходно ќе треба да се расчисти тоа кој е викенд, а кој стан за живеење. Процесот не е едноставен, вели Сашо Коруноски, декан на Факултетот за туризам во Охрид.

Според Ана Чукалеска, менаџер на туристичка агенција, рампите само ќе го намалат бројот на туристите.
-Ваков начин наплаќање на нова туристичка такса најверојатно е уште една иновација на градоначалникот. Реално тоа лошо ќе се одрази врз туристичката сезона. Домашните гости и онака го избегнуваат Охрид поради високите цени, па доколку треба да плаќаат и нова давачка, тогаш ќе го оставиме градот без туристи. Од друга страна, во поголемите светски метрополи нема рампи на улиците, а туристичката такса им е пресметана во самат цена, вели Чукалеска.
Најавата за рампи на трите влеза во Охрид ги вознемири и приватните станоиздавачи. Според нив градот кој секоја година се соочува со се помалку домашни гости треба да изнајде начин за привлекување а не за бркање на гостите.

Од друга страна, проблемот со наплатата на туристичката такса од 40 денари која е пресметана во цената која туристот ја плаќа за престој локалните власти ќе го решаваат со паушално плаќање.
-Сметам дека единствен лек за зголемување на наплатат да се направи пресметка на паушална туристичка такса. Еве, ние веќе се подготвуваме да донесеме соодветни одлуки, кои подоцна ќе треба да поминат и на Советот на Општина Охрид. Потоа врз основа на тоа треба да се донесе измени во законските одредби, кои треба да поминат и на Парламент, смета Петрески.

Инаку заклучно со септември во Охрид остварени се 426.603 ноќевања од кои над 389.320 во поголемите туристички објекти. Што се однесува до туристичката такса прибрани се 10, 8 милиони денари.
-Имаме зголемување на наплатата во однос на минатата година од 17 %, но сепак проблемите со затајувањето на туристичката такса е се уште присутен кај сите станоиздавачи вели Танас Тнасоски, раководител на Инспекторатот при Општина Охрид.

извор: ВЕЧЕР, Сузана Вренцовска

Што мислите вие???
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.043
Поени од реакции
12.583
Јас го прочитав ова уште во петокот, 18 ноември 2011, и бидејќи станува збор за чист идиотизам не го поставив на форумов, но на други форуми веќе го поставија, а таму веќе одговорив, така да, само ќе го копирам мојот одговор што го дадов на друг форум, а е поврзан со оваа тема, на крајот на краиштата, станува збор за моето лично мислење, не копирам туѓо мислење.

Со градоначалник како Петрески, кој ја повикуваше Бугарија да му помогне во намалувањето на нивото на Охридското Езеро, како да демек не е избран токму тој за да се справува со таквите ситуации, па сега финансиските дупки во буџетот на Охрид ќе ги закрпува со задолжителна туристичка такса која ќе се плаќа при влегувањето во градот, охриѓани нека не очекуваат било каков економски или стопанствен напредок.

Колекторскиот систем на Охридското Езеро исто како да не постои, водата навидум чиста, а секакви ѓубриња вадат од длабочините секоја пролет и секоја есен, од оружје и муниција од Прва Светска Војна, до бела техника и апарати за домаќинство.

И ова е туристичкиот бисер на Македонија ?

И за ова треба да даваме пари при влегување во градот ?

А зошто не му текне на Петрески да ги повика охриѓани да си ги плаќаат даноците и комуналиите, наместо да ги оставаат локалите УЈП да им ги затвора среде есен и среде пролет кога градот е полумртов бидејќи тогаш речиси и да нема туристи ?

Ова е во целост спротивно на Уставот на Република Македонија, кој им гарантира слободно движење на сите граѓани низ целата територија на државата, освен во вонредни случаи како војна, притвор или поради здравствени ризици во околината.

Ај што нема да ги воведе таквите такси, но дури и да ги воведе, Уставниот Суд на Република Македонија ќе ги укине истите такси бидејќи се косат со слободите и правата кои ги штити и гарантира Уставот на Република Македонија, а Охрид е дел од територијата на Република Македонија и како таков подлегнува на уставните закони, принципи и начела на државата.

Но и во најлош случај, доколку Уставниот Суд молчи и му дозволи на Петрески да си игра мачка и глувче со туристите кои секоја година го посетуваат Охрид, и ние во Скопје можеме да го направиме истото, особено ако го земеме во предвид фактот дека бројот на населението во градот вртоглаво расте, но не поради некаков бејби бум, туку поради студентите, средношколците и работниците кои доаѓаат од надвор, од кои голем дел се преселуваат и остануваат да живеат во градот откако ќе завршат со студиите, односно со работата.

Град Скопје ќе си го наполни буџетот со пари од туристичка такса, па нема да мораме да чекаме на милостија од Владата на Република Македонија за да ни подарува автобуси, жичарница или било кои други работи кои се од основна потреба за градот, барем ќе можеме со парите од туристичката такса да изградиме пречистителни станици за да ги прочистуваат водите на Вардар, а ќе имаме пари и за да ги разубавиме и Матка и Треска, па охриѓани после ќе останат ем без скопјанчишчата, ем ќе останат и без парите од туристичката такса кои планираат да им ги наплаќаат на скопјанчишчата при влегување во Охрид.

Па нека ги кани после Петрески бугарите да му го полнат градот за да собере пари од туристичка такса.

Само нека не ги вози со бродови како Илинден, бидејќи така ќе трпи туристички загуби.:pos:
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.565
Поени од реакции
22.269
Ај Ацо што е глуп сите знаме но ме чуди нема некојси изјави од Охриѓани за оваа очигледно сериозна идеја. Многу луѓе преку лето издаваат соби, тука се и хотелите, рестораните, кафулињата итн. па тие најголема штета ќе имаат. Исто така не знам дали такса за станови е добра работа, пошто ќе се намали побарувачката и со тоа штета ќе има и градешништвото. Значи на крај Охрид ќе изгуви туристи и со тоа пари од даноци па на крај ќе испадне дека поќе ќе изгубат одколку што ќе ќарат со рампине. Охридска работа, само брзата пара се гледа (n)
 

Дрндалче

...никад не запира...
Член од
11 јануари 2009
Мислења
837
Поени од реакции
338
ќе цитирам еден пост од Вечер по истата тема, со кој комплетно се сложувам и тоа всушност е и моето мислење: Најдобро би било да кажете каде да Ви ги пратиме парите, а да не доаѓаме. Кога, всушност, дали ќе сфатите, дека треба да размислувате да ја подобрите понудата, колективно(чест на ретките исклучоци) да си го подобрите односот кон секој гостин, да сфатите дека никој и никаде на светот неможе со сезона од месец и половина да заработи за да живее цела година. Не требит чоек да е многу мудар за да свати дека ако не се скопјанишчана, битолчанишчана и др. кои имаат станови и куки од Охрид до Љубаништа, Вие ке бевте едно обично провинциско градче, а во селата од Рача до Љубаништа наместо туристи (без разлика дали се викендаши или други) ќе се шетаа САМО кози, овци и крави (исто како во Косел, Куратица....) Има уште многу, многу да се кажва ама Вие (мислите дека) се си знаете....
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.043
Поени од реакции
12.583
Јас го прочитав ова уште во петокот, 18 ноември 2011, и бидејќи станува збор за чист идиотизам не го поставив на форумов, но на други форуми веќе го поставија, а таму веќе одговорив, така да, само ќе го копирам мојот одговор што го дадов на друг форум, а е поврзан со оваа тема, на крајот на краиштата, станува збор за моето лично мислење, не копирам туѓо мислење.

Со градоначалник како Петрески, кој ја повикуваше Бугарија да му помогне во намалувањето на нивото на Охридското Езеро, како да демек не е избран токму тој за да се справува со таквите ситуации, па сега финансиските дупки во буџетот на Охрид ќе ги закрпува со задолжителна туристичка такса која ќе се плаќа при влегувањето во градот, охриѓани нека не очекуваат било каков економски или стопанствен напредок.

Колекторскиот систем на Охридското Езеро исто како да не постои, водата навидум чиста, а секакви ѓубриња вадат од длабочините секоја пролет и секоја есен, од оружје и муниција од Прва Светска Војна, до бела техника и апарати за домаќинство.

И ова е туристичкиот бисер на Македонија ?

И за ова треба да даваме пари при влегување во градот ?

А зошто не му текне на Петрески да ги повика охриѓани да си ги плаќаат даноците и комуналиите, наместо да ги оставаат локалите УЈП да им ги затвора среде есен и среде пролет кога градот е полумртов бидејќи тогаш речиси и да нема туристи ?

Ова е во целост спротивно на Уставот на Република Македонија, кој им гарантира слободно движење на сите граѓани низ целата територија на државата, освен во вонредни случаи како војна, притвор или поради здравствени ризици во околината.

Ај што нема да ги воведе таквите такси, но дури и да ги воведе, Уставниот Суд на Република Македонија ќе ги укине истите такси бидејќи се косат со слободите и правата кои ги штити и гарантира Уставот на Република Македонија, а Охрид е дел од територијата на Република Македонија и како таков подлегнува на уставните закони, принципи и начела на државата.

Но и во најлош случај, доколку Уставниот Суд молчи и му дозволи на Петрески да си игра мачка и глувче со туристите кои секоја година го посетуваат Охрид, и ние во Скопје можеме да го направиме истото, особено ако го земеме во предвид фактот дека бројот на населението во градот вртоглаво расте, но не поради некаков бејби бум, туку поради студентите, средношколците и работниците кои доаѓаат од надвор, од кои голем дел се преселуваат и остануваат да живеат во градот откако ќе завршат со студиите, односно со работата.

Град Скопје ќе си го наполни буџетот со пари од туристичка такса, па нема да мораме да чекаме на милостија од Владата на Република Македонија за да ни подарува автобуси, жичарница или било кои други работи кои се од основна потреба за градот, барем ќе можеме со парите од туристичката такса да изградиме пречистителни станици за да ги прочистуваат водите на Вардар, а ќе имаме пари и за да ги разубавиме и Матка и Треска, па охриѓани после ќе останат ем без скопјанчишчата, ем ќе останат и без парите од туристичката такса кои планираат да им ги наплаќаат на скопјанчишчата при влегување во Охрид.

Па нека ги кани после Петрески бугарите да му го полнат градот за да собере пари од туристичка такса.

Само нека не ги вози со бродови како Илинден, бидејќи така ќе трпи туристички загуби. :pos:
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Добро бе овој бугаров тачен ли е.....ја незнам тоа охриѓаните толку ли не им зоврива крвта кога имаат овакви изјави од тапчово.
.
.
.

Колку се само глупи охриѓани докажува и фактот,што не излегле да се побунат...бидејќи со овој потег ќе се полни касата на градоначалникот,а нема да дојдат и да им ги реновираат куќите,ниту пак да им купат нов мебел на издавачите на соби....т.е ова е чисто шизофреничен потег ништо друго.
.
.
.
.

Сите у Охрид иделе за викенд и ништо не пиеле,а јадење си носеле со себе.....па алоооо бреее...шо ќар ќе имаат кафичите и сендвичарите ако градоначалникот им земе по едно евро на туристите....после и да сакаат од инат нема да седнат у кафич,на клупа ќе си пијат сокче...и кој е заебаниот??....пак кафичите.
.
.
.

И дефинитивно ова ќе влезе во учебниците по туризам и угостителство:

На тој начин ќе постигнеме неколку работи, нема да има толку голем интерес на граѓаните од други градови да купуваат станови во Охрид што исто така е битно за развој на туризмот. :tapp::pos::pos::pos:
.
.
.

За оние што незнаат еве да видите за која маскота се работи:

 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
Ај Ацо што е глуп сите знаме но ме чуди нема некојси изјави од Охриѓани за оваа очигледно сериозна идеја. Многу луѓе преку лето издаваат соби, тука се и хотелите, рестораните, кафулињата итн. па тие најголема штета ќе имаат. Исто така не знам дали такса за станови е добра работа, пошто ќе се намали побарувачката и со тоа штета ќе има и градешништвото. Значи на крај Охрид ќе изгуви туристи и со тоа пари од даноци па на крај ќе испадне дека поќе ќе изгубат одколку што ќе ќарат со рампине. Охридска работа, само брзата пара се гледа (n)
За такса не знам, ако би го прекинало нездравото градење на секој чекор јас сум за.Ама не верувам за таква работа, Ацо колку кеш извади од провизии за маркици па сега и такса (инаку целата изјава му е онака на жими мајка, свесен е дека следните избори нема никако да го одберат).
Во Охрид немаме еден нормален градски парк, а на секој чекор згради ко печурки по дожд.Секое лето е се потопло, намален е протокот на воздух од толку многу изградени објекти без осет, исто како и објектите во Скопје.
Да сум на местото на Ацо ќе донесам мораториум за изградба на станбени објекти.А ако се јават инвеститори слободно нека градат катни или подземни гаражи.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
И после зошто Македонците се сончале на Халхидики. Па не се будали толку пари да даваат за да се бањаат во езероно и да спијат во никакви хотели, кога за истите пари можат на море во Грција да си поминат милион пати подобро. Сега помеѓу езеро и море јас би избрал море, поздраво е.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Добро бе овој бугаров тачен ли е.....ја незнам тоа охриѓаните толку ли не им зоврива крвта кога имаат овакви изјави од тапчово.
Што да им зоврива крвта коа нон стоп го гласаат :))

И после Охриѓани ќе кењаат за Скопје, ЛОЛ, глејте вас каков ви е градот со особите кои го водат.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.289
прв и уникатен пример во светот каде за развој на туризмот ќе се користат рампи.....Европо учи од нас и ти Австралијо и ти Америко !!!!!!!!
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Па штом сака да става рампи, може и граница да направат. Догодина како Монако ќе биде охрид. Незнам јас, зашто едноставно не се отцепат. :confused:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom