Петрески ќе поставувал рампи на влезовите во градот!

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Туристите во Охрид ќе плаќаат по едно евро дневно?
Гостите што доаѓаат во Охрид да плаќаат по едно евро дневно, а за оние што имаат станови, куќи или викендички да се воведе паушална туристичка такса во висина од 100 до 200 евра, во зависност од квадратурата и местоположбата на нивните објекти

Вака размислува градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, според кого викенд-туристите не се големи потрошувачи кога доаѓаат во градот.

- Ќе поставиме рампа во Подмолје, една рампа во Косел и трета рампа во Пештани и секој што влегува во Охрид, а не живее тука, да плаќа туристичка такса. Има многу викендаши што доаѓаат во Охрид на еден ден, а не трошат ништо. Значи си имаат со себе земено храна, што си ја пазариле во градот од кај доаѓаат, престојуваат овде, зафаќаат место со автомобилите, ќе седат на плажа, ќе јадат и пијат од она што го донеле и ќе го остават ѓубрето што некој треба да го крене. Тоа општината ја чини многу, ако го земеме предвид фактот дека не оставаат ниту еден денар тука, ниту пак купуваат нешто во продавниците - вели охридскиот градоначалник.

Од туристичките агенции велат дека тоа лошо ќе се одрази врз бројот на туристите, но и врз целокупниот туристички амбиент во градот. Деканот на Факултетот за туризам и угостителство, проф. д-р Сашо Коруновски, смета дека тоа со поставувањето рампи е тешко изводливо и ќе се создадат психолошки бариери.

- Многу од луѓето што доаѓаат во Охрид не се туристи, можеби доаѓаат поради други причини. Рампите не доаѓаат предвид, а оние што имаат станови треба да имаат зголемени давачки како дополнителна такса. Такви примери има секаде. Оние со викенд-станови треба да плаќаат данок на луксуз, затоа што станот не се користи за живеење. Сепак претходно ќе треба да се расчисти околу тоа кој е за викенд, а кој стан за живеење. Тоа не е толку едноставно - вели Коруноски.

Приватните станодавци, пак, се жалат дека од година на година опаѓа бројот на гости, поради што општината треба да најде начин да ги привлече гостите, а не да ги брка. И Петрески вели дека наплатата на туристичката такса бележи минимално зголемување, но сепак неретко оваа давачка приватните станодавци ја затајуваат.

Во првите девет месеци од годинава во Охрид биле остварени 426.603 ноќевања, од кои повеќе од 389.320 во поголемите туристички објекти, а од туристичката такса биле собрани 10.816.000 денари.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=111911852497&id=9&prilog=0&setIzdanie=22435

Утре очекувам нешто сосем трето....:tapp:
 
Член од
11 декември 2009
Мислења
292
Поени од реакции
103
Овој градоначалников им е тежок простотилук... Бедна работа шо да кажам...
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
- Ќе поставиме рампа во Подмолје, една рампа во Косел и трета рампа во Пештани и секој што влегува во Охрид, а не живее тука, да плаќа туристичка такса. Има многу викендаши што доаѓаат во Охрид на еден ден, а не трошат ништо. Значи си имаат со себе земено храна, што си ја пазариле во градот од кај доаѓаат, престојуваат овде, зафаќаат место со автомобилите, ќе седат на плажа, ќе јадат и пијат од она што го донеле и ќе го остават ѓубрето што некој треба да го крене. Тоа општината ја чини многу, ако го земеме предвид фактот дека не оставаат ниту еден денар тука, ниту пак купуваат нешто во продавниците - вели охридскиот градоначалник.
Абе Ацооо легендо тие викендаши трошат ли струја и вода ??? Истата ја плаќаат а парите се слеваат во Охрид
Автомобилите ставаат гориво од пумпите во Охрид ,плаќаат Охридски паркинг.
А за ова со плажата кој оди на плажи во зима бе жити се, нели се тие под концесии и самиот концесионер си ја чисти плажата.

Ацо запамти ти неможеш да бидеш Берлускони и со гафови да си играш не те бива бе човеку немаш смисла за хумор.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Абе Ацооо легендо тие викендаши трошат ли струја и вода ??? Истата ја плаќаат а парите се слеваат во Охрид
Автомобилите ставаат гориво од пумпите во Охрид ,плаќаат Охридски паркинг.
А за ова со плажата кој оди на плажи во зима бе жити се, нели се тие под концесии и самиот концесионер си ја чисти плажата.

Ацо запамти ти неможеш да бидеш Берлускони и со гафови да си играш не те бива бе човеку немаш смисла за хумор.
Не дај боже да гледал Македонски Народни Приказни онаа епизодата кога има "баждарина" на гробиштата, е тек тогаш на Охриѓаниве ќе им стане пекол животот.
Не е нормален, треба да се провери мајке ми...
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Човеков е глуп, туп и неупотреблив.
Грешка си, за човекот едноставно не ти текнува збор со кој би го опишал, на пример викаш глуп е и си викаш не бе тој не одговара он е ептен глуп, и тогаш ти текнува поглуп човек нема на векот, и после ти текнува и така натаму.
Инаку иделе викендаши, носеле од дома јадење не правеле промет во Охрид, незнам што човек треба да си па ова сериозно да го сфатиш.
Да плаќале повисоки даноци за оние кои имале станови во Охрид, и сега ќе ги продадат и ќе си купат во Струга стан, што разлика во луѓе ќе беа Охриѓани и Стружани стварно незнам немаат ни 10 километри разлика
 
М

Мартин`

Гостин
Искрено незнам кој е поглуп во случајов, се двоумам помеѓу Петревски или Охриѓаните што го гласаат. Ако не се лажам веќе 2 мандат му е ..
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
А иначе Петревски сериозно си мисли дека ако воведе такса некој ќе му иде во Охрид? хмм
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
А иначе Петревски сериозно си мисли дека ако воведе такса некој ќе му иде во Охрид? хмм
Или не размислил за опцијата дека ќе им се воведе такса на Охриѓани каде и да испаднат од својот град? :)
 
Член од
23 март 2010
Мислења
199
Поени од реакции
62
Луѓе јас сум од Охрид па сум многу против оваа луда идеја а камоли вие. Ама не верувам дека ке се оствари оваа идеја. Барат уште еден извор од кај што ќе му се слевет пари. Господ да чуват и да бранит
А инаку дека е многу скапо, скапо е. Ама не се жалете многу зошто ние преку цела година живееме со тие цени и трошоци а вие само неколку дена. Ние граѓаните на Охрид не сме виновни за големите цени.
А инаку цените на плажите за пијалаци, лежалки и сл работи не ги ставаат Охриганите туку Скопјаните зошто тие ги држат плажите. И после охриѓани вакви охриѓани такви.
Затоа сте скопјанчишта, чест на исклучоци.
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Цел: Празнење на Охрид, пропаст на градот, унаказување
Рок: 2014

Па сериозно, како што почнале ќе го замразат сите Охрид, а како што приметувам се повеќе и повеќе луѓе го хејтаат само поради фактот дека Охриѓани се алчни луѓе, немаат ни т од туризам, п од претприемништво, к од култура. Рампи еееееј, кај у свет го има ова бе?...
 
Член од
20 ноември 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0

Туристите кои сакаат да го посетат нашиот најголем туристички центар ќе треба да платат по едно евро на трите рампи за влез во градот кај Подмолје, Косел и Пештани.
Ваква е замислата на охридскиот градоначалник Александар Петрески во борбата со викенд туристите кои според него не биле големи потрошувачи.
- Ќе поставиме рампа во Подмолје, една рампа во Косел и трета рампа во Пештани и секој кој влегува во Охрид, а не живее тука да плаќа туристичка такса. Има многу викендаши кои доаѓаат во Охрид на еден ден, а не трошат ништо тука. Значи си имаат со себе земено храна, која си ја пазариле во градот од кај доаѓаат и идат овде, зафаќаат место со автомобилите, ќе седат на плажа ќе јадат и пијат од она што го донеле и ќе го остават ѓубрето кое некој треба да го крене. Тоа општината ја чини многу, ако го земем во предвид фактот не оставаат ниту еден денар тука, ниту пак купуваат нешто во продавниците, вели Петрески.
За оние пак гости кои имаат свои викен станови градоначалникот им предвидел годишна такса од 100 до 200 евра во зависност од квадратурата и местоположбата. Цената на таксата би била спрема македонските стандарди а оној кој имал пари да купи стан во Охрид сигурно имла пари да плати, објасни Петрески.
- Исто така јас сум на мислење да се воведе друг вид на давачка за оние кои што имаат имот во Охрид а не живеат во него да плаќаат годишна такса. Така е секаде во светот така треба да биде и во Охрид. На тој начин ќе постигнеме неколку работи, нема да има толку голем интерес на граѓаните од други градови да купуваат станови во Охрид што исто така е битно за развој на туризмот. Значи ќе собираме и средства кои ние повторно ќе можеме да ги вложиме во туристички цели, за да привлечеме повеќе туристи, смета охридскиот градоначалник.
За новитетите кои ги најави Петрески експертите сметаат дека контролираниот влез во Охрид преку рампи е психолошка бариера која штетно ќе влијае врз имиџот на градот.
- Што се однесува до посетителите кои доаѓаат од другите градови и наплатата преку рампи сметам дека е тешко изводливо, затоа што многу од нив можеби не се туристи и можеби доаѓаат од други причини во градот. Сметам дека тоа ќе има негативен ефект. Рампите не доѓаат во предвид, а оние кои имаат станови треба да имаат зголемени давчки како дополнителна такса. Такви проимери има секаде, но како контролиран влез во некој град со рампи делува како психолошка бариера која би била лоша за имиџот на градот. Оние кои што имаат викенд станови треба да плаќаат данок на луксуз, затоа што станот не се користи за живеење. Сепак претходно ќе треба да се расчисти околу тоа кој е викенд а кој стан за живеење. Процесот не е едоставен, вели Сашо Коруноски, декан на Факултетот за туризам во Охрид.
Според Ана Чукалеска менаџер на туристичка агенција рампите само ќе го намалат бројот на туристите.
- Ваков начин на плаќање на нова туристичка такса најверојатно е уште една иновација на градоначалникот. Реално тоа лошо ќе се одрази врз туристичката сезона. Домашните гости и онака го одбегнубваат Охрид, поради високите цени, па доколку треба да плаќаат и нова давачка тогаш ќе го оставиме градот без туристи. Од друга страна во поголемите светски метрополи нема рампи на улиците, а туристичката такса им е преметсна во самат цена, вели Чукалеска.
Најавата за рампи на трите влеза во Охрид ги вознемири и приватните станоиздавачи. Според нив градот кој секоја година се соочува со се помалку домашни гости треба да изнајде начин за привлекување а не, за како што велат, бркање на гостите.
Од друга страна проблемот со наплатата на туристичката такса од 40 денари која е пресметана во цената која туристот ја плаќа за престој локалните власти ќе го решаваат со паушално плаќање.
- Сметам дека единствен лек за зголемување на наплатат да се направи пресметка на паушална туристичка такса. Еве ние веќе се подготвуваме да донесеме соодветни одлуки, кои подоцна ќе треба да поминат и на Советот на Општина Охрид. Потоа врз основа на тоа треба да се донесе измени во Законските одредби, кои треба да поминат и на парламент, смета Петрески.
Инаку заклучно со месец септември во Охрид остварени се 426.603 ноќевања од кои над 389.320 во поголемите туристички објекти. Што се однесува до туристичката такса прибрани се 10.816.00 денари.
- Имаме зголемување на наплатата во однос на минатата година од 17 %, но сепак проблемите со затајувањето на туристичката такса е сеуште присутен кај сите станоидвачи и приватните и е да се зголемат ингеренциите на инспекторите во делот на контролирање на станоиздавачите. Проблем се и дивите агенции кои се доста мобилни и за нив глобите треба да бидат многу поголеми, вели Танас Танасоски, раководител на Инспекторатот при Општина Охрид.
Супер радио
ohridON
http://www.ohridon.com/m-vesti/6943-2011-11-18-14-26-43.html
--- надополнето: 20 ноември 2011 во 03:09 ---
A da stavat eden Dzid namesto rampa :)
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
Луѓе јас сум од Охрид па сум многу против оваа луда идеја а камоли вие. Ама не верувам дека ке се оствари оваа идеја. Барат уште еден извор од кај што ќе му се слевет пари. Господ да чуват и да бранит
А инаку дека е многу скапо, скапо е. Ама не се жалете многу зошто ние преку цела година живееме со тие цени и трошоци а вие само неколку дена. Ние граѓаните на Охрид не сме виновни за големите цени.
А инаку цените на плажите за пијалаци, лежалки и сл работи не ги ставаат Охриганите туку Скопјаните зошто тие ги држат плажите. И после охриѓани вакви охриѓани такви.
Затоа сте скопјанчишта, чест на исклучоци.
:cuc:

А Аце шо е кретен, то е факт.Ако му се потребни уште пари за општината нека го средит хаосот со станоиздавачите.Од вкупните приходи барем 40 проценти се непријавени.Ако се 10 души во куќа, 6 се пишат со престојувалиште во Охрид и се носат документите во МВР, а другите се роднини и пријатели од Струмица, Скопје и Ваташа.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Кој нормален влече храна со себе и тоа па за еден ден?!? Па ако ми е за еден ден да свршам работа ќе идам хамбургер, пица ќе јадам, сигурно нема компири да влечам од Скопје да лупам, прост еден.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom