Natan 3.0
Bitch Божји
- Член од
- 17 февруари 2019
- Мислења
- 1.598
- Поени од реакции
- 5.064
Како што гласи и самиот наслов, постирајте песни кои според нивниот лајтмотив се надовруваат една на друга.
Исто така, интрересно би било доколку постирате песна проследена со фотоилустрација или гиф, кои ве асоцираат на нејзината мелодија или текст.
Ќе започнам од Рамштајн и "Du Riechst So Gut" („Мирисаш толку добро“), која има две видеоверзии, "Scentless apprentice" („Чиракот без свој телесен мирис“) од Нирвана, како и музиката од самата екранизација на ова литературно ремек-дело, чијшто автор е самиот режисер - Том Тиквер, а кои се инспирирани и базирани на романот „Парфем“ од Патрик Зискинд, за Жан-Батист Гренуј, „Жабецот“, екскомунициран од опшеството кој поседувал многу изострено олфакторно чувство за мирис, а врз чија база креирал прекрасни парфеми, од екстрахираниот мирис од убиените жртви - женски девици, меѓу кои црвенокосите носеле особено убава мирисна нота. Топла препорака и за гледање на филмот, кој се обидел да го екранизира и самиот Стенли Кјубрик, но сметал дека е сепак преголем залак да се пренесе на ТВ-екранот, од него ќе дознаете за различните начини и техники за добивање на мирисните ноти во најзначајните тогашни парфимериски центри во светот.
Без некоја подолга експликација, "Voodoo people" од едни од пионерите на електронската музика - Продиџи, кои за неа искористиле семпл од песната на Нирвана "Very ape".

Автоматски споено мислење:
Без некоја подолга експликација, "Voodoo people" од едни од пионерите на електронската музика - Продиџи, кои за неа искористиле семпл од песната на Нирвана "Very ape".
Последно уредено: