- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Антиќ го истетовира знамето на Македонија на своето тело
По освојувањето на историското четврто место на ланското ЕП во кошарка во Литванија тој вети дека ќе го истетовира знамето на Македонија и сега конечно сето тоа го реализира. Сите тетоважи сместени на неговото тело имаат посебно значење, тоа е стил на изразување
Македонија со денови беше во транс по историското четврто место на кошаркарите на ланското ЕП во Литванија. Посебно забележителен беше капитенот на нашиот најдобар состав Перо Антиќ, кој во еден момент гласно и јасно стави на знаење дека во блиска иднина на неговите гради ќе се најде истетовирано и знамето на Македонија (на своето тело има бројни тетоважи, сите му значат нешто и не треба да изненадува и последната со знамето на Македонија).
По успешната годинашна сезона, кога со тимот на Олимпијакос го освои првенството на Грција и стана најдобар тим во Евролигата, во деновите на одмор пред да одговори на репрезентативните обврски, Антиќ реши да го исполни ветениот збор, тетовирајќи го на своите гради македонското знаме. Ако Македонија ја освоеше бронзата на ЕП во Литванија, Антиќ сигурно ќе го сместеше и медалот на своите гради. Тоа е Перо Антиќ, кој не отстапува од своите животни принципи, стил на однесување.
За потсетување, Перо Антиќ на своето тело има повеќе тетоважи, кои имаат посебно значење за него. На десната потколеница е сместен синот Лука, на градите е нацртана роза што претставува симбол на сопругата Ружица. На левата рака веднаш зад христијанскиот крст кој покажува верба во Господ се наоѓаат иницијалите на неговиот татко Зоран. На другата рака е насликан череп, а под него мал пајак, кој според Перо му носи среќа и пари. Ангел со дете е сместен на левото рамо, а на листот на левата нога кошаркарска топка, која претставува симбол за љубовта кон кошаркарската игра. Последната тетоважа е сместена на левата рака со неговото презиме и неговиот омилен број 12. Сега сето тоа е заокружено со исцртувањето на македонското знаме.
http://www.time.mk/read/88dac433f3/9b153251b9/index.html
По освојувањето на историското четврто место на ланското ЕП во кошарка во Литванија тој вети дека ќе го истетовира знамето на Македонија и сега конечно сето тоа го реализира. Сите тетоважи сместени на неговото тело имаат посебно значење, тоа е стил на изразување
![](http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/58FD20D2F9C08A47B1AE184D45EA1508.jpg)