ако переш земјоделска механизација к3 слаб ќе ти биде, бидејќи претпоставувам некогаш ќе чистиш и кал по механизацијата.
Не дека нема да го испереш и со к3, но К4 ти е многу посигурно. Така и препорачува самата фабрика.
Ти предлагам да најдеш ако можеш некаде michelin вап. Едно време јас земав од Електрометал и навистина беше многу јако. Го зедов по стварно добра цена и беше многу јако ( ако се сеќавам добро 150-160бара) но ми ја обиа викендицата и го собраа и вапот.
Кутијата ми стои уште
Сега ја имам К3 обичната верзија, а има и Премиум од К3, но не сум нешто задоволен посебно. Јако е, но само за коли. За поголеми работи треба К4 кое јас би го препорачал како минимум. Погледај половни по огласите од karcher. Имаше еден дечко од Охрид ги продаваше. Јас од него го зедов к3 околу 5000 денари лани ова време некаде.
Незнам дали продава уште. Малку е превара човекот, бидејќи не ми пушти пеномат по каргото, но сепак вапот си работи сеуште без проблеми еве веќе 1 година.
Барај некоја К4- К5 половна до 9000 ден ако најдеш. Многу повеќе се исплати, освен ако не планираш новата на рати да ја купуваш.
Втора опција е Германија. Често имаат страшно добри попусти. Но треба да начекаш некој да оди и да ти донесе.