Перачи за кола под притисок ака Вап

Член од
4 септември 2018
Мислења
30
Поени од реакции
8
Во план сум да си земам перач под притисок и ме интерсират искуства со апаратите и кој тип/притисок би ми бил доволен за моите потреби инаку најчесто би ја користел 1>2 пати неделно за перење автомобил и земјоделска механизација трактор,плугови,брани итн.

Моментално размислувам за karcher k3 негде околу 13.000ден му е цената .
Само ме фаќа двоумица дали е тоа доволно јако и квалитетно
 
K

kicodarker

Гостин
Во IVBIS скопје - гази баба на влезот од десна страна се најдува продавница и сервис за karcher сите пералниве ги користат нив.Објасни им за што ти треба на лице место ќе тестирате и ќе видиш дали ти ги исполнува барањата. Не експериментирај со други.
 
Член од
29 септември 2015
Мислења
241
Поени од реакции
316
ако переш земјоделска механизација к3 слаб ќе ти биде, бидејќи претпоставувам некогаш ќе чистиш и кал по механизацијата.
Не дека нема да го испереш и со к3, но К4 ти е многу посигурно. Така и препорачува самата фабрика.
Ти предлагам да најдеш ако можеш некаде michelin вап. Едно време јас земав од Електрометал и навистина беше многу јако. Го зедов по стварно добра цена и беше многу јако ( ако се сеќавам добро 150-160бара) но ми ја обиа викендицата и го собраа и вапот.
Кутијата ми стои уште :)
Сега ја имам К3 обичната верзија, а има и Премиум од К3, но не сум нешто задоволен посебно. Јако е, но само за коли. За поголеми работи треба К4 кое јас би го препорачал како минимум. Погледај половни по огласите од karcher. Имаше еден дечко од Охрид ги продаваше. Јас од него го зедов к3 околу 5000 денари лани ова време некаде.

Незнам дали продава уште. Малку е превара човекот, бидејќи не ми пушти пеномат по каргото, но сепак вапот си работи сеуште без проблеми еве веќе 1 година.
Барај некоја К4- К5 половна до 9000 ден ако најдеш. Многу повеќе се исплати, освен ако не планираш новата на рати да ја купуваш.
Втора опција е Германија. Често имаат страшно добри попусти. Но треба да начекаш некој да оди и да ти донесе.
 
Член од
4 септември 2018
Мислења
30
Поени од реакции
8
Втора опција е Германија. Често имаат страшно добри попусти. Но треба да начекаш некој да оди и да ти донесе.[/QUOTE]

За месец дена одам за Германија и си мислам дали да домакнам од таму ама на ново џабе кога гаранција нема да важи (n) а и царина незнам дали и колку ќе ми земат o_O
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.167
За кола,со колку бари вап можиш да си ја периш колата а да не мораш да трзаш со сунѓери и сл?
 
Член од
4 септември 2018
Мислења
30
Поени од реакции
8
За кола,со колку бари вап можиш да си ја периш колата а да не мораш да трзаш со сунѓери и сл?
Прочитав негде до 130 бари притисок е препорачано е сега зависи и тоа колку проток на вода во минута излегува.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Јас имам karcher. Не можам сега да го видам моделот, пошо у гаража ми е, сепак е за домашна употреба, не е професионален.
Машина од овој тип е добра за чистење на таканареченото подвозје, механиката, исл. каде што не можеш многу да и наштетиш сам на колата.
Имам и постара кола и понова кола. На постарата, пошо и бојата и е потемна, приметив дека малите гребнатинки на лакот, млазот ги проширува и го уништува сјајот, па гледам да избегнувам да ја користам машината и избегнувам да ја носам по сервисиве за перење дури и зимно време. Не викам дека не е добра инвестиција, ама треба внимателно да се користи.
 
Член од
4 септември 2018
Мислења
30
Поени од реакции
8
Мислење за Ферм марката дури 2 год гаранција дават а карчер 1год
Дали има некој лично искуство со таа фирма ?
 

Attachments

Член од
25 март 2013
Мислења
234
Поени од реакции
141
Screenshot_20210228-134621_Gallery.jpg Screenshot_20210228-134621_Gallery.jpg

Продавам нов профи перач Karcher K7 Premium Full Control Plus Home:
-3000 w
-180 бари
-600 l/h
-Мулти наменски пиштол (за шампонирање и перење на возила, тврдокорни нечистотии...)
-10 метарско армирано црево
-котур за црево
-додаток за твди подови и фасади T450 (плочки,камени тераси,бетон,бекатонки, фасади)
-средство за чистење подови
Идеален за перење тераси,дворови,коли,трактори...итн.
Цена поволна.(повеќе информации
инбокс)
Повеќе инфо на линкот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom