Пензионирање на 30 години

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Работата е што треба да ти се наместат коцките во животот и да нема никакви непредвидени трошоци (а ќе има).

Не дај Боже да добиеш отказ или да пропадне фирмата за која ќе работиш. Не дај Боже сериозно да се разболи некој близок па да треба да го лечиш по болници со скапи лекувања и третмани. Или една мала ставка во законот да се смени па да ти натоварат даноци на главата. Или стрмоглаво да ти падне вредноста на акциите па од тие 4% да испаднат 0.4%.

Има многу работи што се надвор од твоја контрола така што не можеш да очекуваш секоја година „да собереш 25 пати од тоа годишно што го трошиш“. Shit does happen indeed.

Друга работа е што ако се испадне се по планот до 30-тата година, ако заработуваш колку за кикирики џабе ти е. Го имам сретнато блогот на човекот во видеото и знам дека има доста читатели за да го монетизира на некој начин. Така да треба да најдеш начин да го зголемиш приходот некако.

Мое мислење :)
https://www.bankrate.com/calculators/retirement/retirement-plan-calculator.aspx
Eve ti kalkulator igraj si so broevite i presmetaj...
Ima resenie na site problemi ako navlezes podblaboko...za 30 godini moze ako znaes dosta i rabotis od rano i trosis mnogu malku i imas sreka so investicii...ama pak e tesko. Normalno i finta e da dobies imot tvoj na koristenje/nasledstvo. Se e mozno iako 30 e malku rana brojka 40-45 e porealno. Za zdravstveno mozes drzavno da si uplakjas ili privatno ili da si imas fond od 50000 evra da ne te strefi nesto strasno i nekoe crno scenario.
 
Член од
26 ноември 2014
Мислења
834
Поени од реакции
1.368
Се што сакам да кажам е дека животот е непредвидлив и дека секоја пречка може да те раздели од парите кои си ги делел од уста за да се пензионираш порано.

Калкулаторот има еден параметар „Expected Income Increase“... кој може да го знае тоа? Не може сѐ да се сведе на бројки.

Се слагам дека 30 години е прерано. Но ако сум ги потрошил (по мене) најдобрите години од животот двоејќи од парите со цел да се пензионираш порано... може сум во малцинство со мислењево, ама која е поентата?

П.С. Калкулаторот не го вклучува параметрите „брак“ и „деца“ што играат голема улога во калкулациите... поготово ако нагазиш на погрешната :icon_lol:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.088
Замисли ти се родат 3 сина и на секој стан и кола да треба да обезбедиш. Ај ти што ќе штедиш, ќе штедиш, барем у ФИРОМ луѓево маѓии праат со толку ниски приходи. Од кај знаеш со фамилија што ќе те задеси?
 
EII e колку ќе ти расте платата...во МК просек е окулу 3-4% за последните 20 години. Брак и деца се како ќе си го разбереш светот и што сакаш. Затоа дури и мустаклијата си направил дејтинг сајт да си се најдат оние што сакаат да живеат скромно и да не работат. Нема најдобри години од животот тоа е урбана легенда. Како ќе ти се погоди...го мразев средното факултет на почеток ми беше ОК...после се фатив со една крава ме нервираше па 25-30 ми беа срање...па боље ми дојде па...друго. Како и да е не би ги слушал родителите тие појма немаат растени се во времето на Тито и кумунизмот. Имаат чакнати ставови кој не се во слад со денешната реалност.
Мој став е боље дркај си го или плати кај професиналка отколку со некоја нетачна шмизла...и поефтино и подобра ментална хигиена. Истечни си вкус за луѓе и жени...многу е битно со какви си пред се емотивно после и финансиски.[DOUBLEPOST=1518898714][/DOUBLEPOST]
Замисли ти се родат 3 сина и на секој стан и кола да треба да обезбедиш. Ај ти што ќе штедиш, ќе штедиш, барем у ФИРОМ луѓево маѓии праат со толку ниски приходи. Од кај знаеш со фамилија што ќе те задеси?
Далеку сме многу со мислите и ставовите ако е ова сериозно пишано.
 
Последно уредено:
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.088
Не зборам за ставови и мисли, зборам за животни ситуации на кои сум бил сведок.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Не зборам за ставови и мисли, зборам за животни ситуации на кои сум бил сведок.
Што да ти кажам...немам деца и непланирам наследство да им оставам дури и да имам...а да им купувам имот и да си делам не планирам посебно не на живо...Ако не проебам се ОК...дајбоже да. Децата добиваат само памет од мене друго сами нека си печалат. Голи се раѓаме на овој свет голи си одиме да го цитирам Кoранот не дека сум муслиман ама и таму убаво пишува. Не верувам во наследство...каква и да е таа вера.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.088
Гледаш, не сме сите исти. Кога би имал деца можда и би ме разбрал за што зборам, особено и кога треба да мислиш да заработуваш, а и да мислиш да им се задоволени сите потреби додека растат, најмалку.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Гледаш, не сме сите исти. Кога би имал деца можда и би ме разбрал за што зборам, особено и кога треба да мислиш да заработуваш, а и да мислиш да им се задоволени сите потреби додека растат, најмалку.
Од кај да знам многу е можно и да немам деца...не се осеќам подготвен да чувам сега а како што тргнало можно е и во иднина. Ме нервира многу плачење и сакам да спијам раат. Треба да најдам некоја будалетинка која сама ќе се грижи за нив...а такви се ретки така да добри ми се шансите да немам деца. Да си бидам реален...мали бебиња не поднесувам поголеми ми се ОК ама доенчиња ми одат на нерви.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.736
има на ЈуТјубот убав коментар :

Master of None
1 year ago
i am retired at 32, i cant find employment.

Што се однесува до животни шеми имаше пред 40-тина години еден Јапонски професор изложено шема за решавање на станбеното прашање во Јапонија :
- се стапува во брак на 20-25г со ситуиран/а уселив/а партнер/ка од 50 - 55години . По 30 години се станува удовец/ца и се стапува во брак со 30г помлад партнер/ка.. шемата е 1 дете со постарата партнер/ка и едно дете со помладата партнер/ка, а кои деца по истата шема си навоѓаат партнер/ки..
А што се однесува до парите во дравни или приватни фондови, еден колега на работа уште во времето на ехЈу транзицијата и галопната инфлација спомна :
место што ми издвојувале безвредни пари да си уплаќав во пензиски фонд кај мене дома, бетонско железо, после лесно го продаваш
 
Член од
30 март 2017
Мислења
6
Поени од реакции
3
Мило ми е што се направи дискусија како прва тема што правам на форумов. Јас лично мојот план е, работам фриленс, со јазици, преводи, почнав на 22 до 25 речиси ништо не зачувував, немав многу финансиска писменост, си разработив проекти добро во последниве 2 години со компании во Менхетен кои добро плаќаат воглавно месечно од 500 долари па до 3000, 500 летно време кога ме фати мрза 3000 зимно време коа не искачам од дома :D просек 1500-2000. Немам никакво наследство, од 2017 се одлучив да штедам, во Скопје е прилично скап животот, живеам во градче во источна Македонија, месецни трошоци ми се ептен ниски 3000 денари плаќам кирија, хобијата кои ги имам ми се ефтини не трошам на нив многу, освен технологија кај што потрошив се претходно што заработив, веќе се одлучив да не трошам премногу на нови технологии и глупости, а за опрема за работа целосно си се опремив, можда едино би фатил и фриленс фотографија нешто да работам бидејќи ми е хоби па би земал попрофи апарт. 30 години можда би ми било прерано освен се ако не испадне супер но до 35 би било многу реално остварливо. Но исто така не гледајте баш како на пензионирање туку финансиска независност, коешто би се сметало за слобода, имаше добар коментар претходно секако ќе ти здосади ако после 30 години не работиш ништо. Исто така за да се поблиски целите и да бидат нешто полесни може да се распределат во етапи, пример првична етапа да имаш доволно инвестирано, киријата што ја плаќаш да ти биде платена од инвестициите, или сметките, и така натаму се искачуваш на повисоки нивоа на финансиска независност. : )
 
Има каталион начини пари да множиш и да правиш и во вон рецесија само едуцирај се и уште стотици начини да скратиш на секакви трошоци.
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Се е фино тука што сте напишале и некои совети се точни и човек треба да е финансиски писмен, ама некако се е ова опишано како ајде работи штеди колку што можеш за после некоја возраст да имаш доволно пари да можеш условно кажано да го продолжиш истиот начин на живот и без да работиш.
Е сеа се е тука фино ама некако само ако продолжиш да живееш на истиот штедлив начин. Ќе ги тргнам на страна оние недај боже работи што може да се случат во животот туку некако ме интересира која е поентата на заработувањето и парите ако од време на време не си дозволуваш и некои уживања со нив. А верувајте ако цело време си опседнат со мислата од кај што да заштедам и тоа зборам за ако имате пари е тоа веќе е и малце напорно. Разбирам штедење кога е неопходно ама опседнатост со штедење кога и веќе се има пари и недозволување на самиот себе да се опуштиш и да си поуживаш со парите ми прави да се губи целата поента на имањето пари.
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.178
„Пиј си тутун, пиј си кааве, азното само ќе си дојди.“
пу јаз'к ни каве пијам ни тутун пијам значи ни азното само нема да си дојде, ќе мора да се мачам сам да го барам и најдам, ама ако го најдам тоа ќе си знае што ќе го најде :D
 
Член од
26 ноември 2014
Мислења
834
Поени од реакции
1.368
Мило ми е што се направи дискусија како прва тема што правам на форумов. Јас лично мојот план е, работам фриленс, со јазици, преводи, почнав на 22 до 25 речиси ништо не зачувував, немав многу финансиска писменост, си разработив проекти добро во последниве 2 години со компании во Менхетен кои добро плаќаат воглавно месечно од 500 долари па до 3000, 500 летно време кога ме фати мрза 3000 зимно време коа не искачам од дома :D просек 1500-2000.
Мој скромен совет: Штом работиш фриленс, почни да читкаш и по некоја книга по маркетинг/психологија на страна. Ќе ти се одрази позитивно на приходот, па макар индиректно. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom