Е ај кога веќе сте запнале.Најпрво ќе оформам еден државен конзорциум на градежни фирми за настап во странство,со обврска на членовите да партиципираат со сопствена градежна оператива,стручен кадар и искуство.
Ќе ги испратам дел од вработените(никако не по непотистички врски туку по стручност и проверка на познавање јазик) во тој конзорциум,на сите светски тендери да настапат под едно име како крупна риба ќе најдат работа барем за 100 000 градежни работници кој кубурат низ земјава токму поради нивната расштрканост и необединетост.Со тоа не само что ќе го освежам градежниот сектор и ќе ја зголемам вработеноста туку ќе живнат и другите гранки како придружни на градежната индустрија знаете дека и се потребни медицински екипи,готвачи,електричари или водоинсталатери како и се друго што е непосредно поврзано.
За таа цел најнапред ќе ги соберам сите невработени кадри од градежна струка и ќе направам договор за проверка на стручност со обврска на членките од конзорциумот да ги примат на работа според реалната стручна подготвеност а не според дипломи и непотизам.
Па толку сега-засега,за повеќе треба владата да ми плати,нели?