==================================================
Откако го напишав ова сфатив колку е големо.. би сфатил и ако никој не го прочита, ама барем тие што сериозно мислат да продолжат да пишуваат на оваа тема би требало да го направат токму тоа.
==================================================
Светот околу нас го гледаме во три димензии. Ние *постоиме* во три димензии.
Сега ќе пробам да се сетам како се` тоа беше убаво објаснето во нешто што сум читал или гледал..
Мала игра со димензиите
* Нулта димензија = точка. Нема величина/големина, нема димензија. Не се мери, едноставно - точка.
* Прва димензија = линија. Една величина (должина), која спојува 2 точки.
* Втора димензија = 2 линии. Две величини (должина и ширина).
* Трета димензија = 3 линии. Три величини (должина, ширина и висина).
* Четврта димензија = линија (отсечка). Линија, којашто започнува со моментот на зачнувањето, и завршува со смрт. Значи, теоретски, можеш да се движиш по таа линија, и да видиш било кој настан од твојот живот.
Buttercup напиша:
Патување низ времето! концептот ми се свиѓа.
Ама тоа би значело неколку работи:
Прва работа.
Дека, линијата на времето веќе постои. Таму има и минато и иднина и сегашност. Тоа би значело дека се е веќе предодредено и дека ние само ја одиме линијата на времето и настаните која веќе постои и е одредена и дека се знае дека она што се случува денес, ќе придонесе кон она што се случува утре.
Точно, ние се движиме по таа линија која, сакале или не, постои. Ни` се случуваат настани и правиме работи што се веќе "запишани". Правото на избор што мислиме дека го имаме е само илузија. Не знаеме што нашиот избор ќе ни` донесе, и дали in the long run е вистинскиот избор. Важно е да се сфати дека се` што ние си мислиме дека го правиме, или дека сме го заебале времето, е само залажување.
Обичен пример: треба да станеш сабајле за на работа, ама не сакаш. Сакаш да спиеш. "Имаш" неколку опции за избор: да се јавиш и да кажеш дека нема да дојдеш поради Х причини, да продолжиш да спиеш без да кажеш дека не одиш на работа, да станеш за на работа.. итн итн. Не можеш да си сигурен/сигурна што било која од овие опции носи. Ама еве, да речеме ќе ги собереш сите зрнца волја, и ќе станеш за на работа. На патот до таму, не дај Боже, те собира кола/автобус/било што, и гинеш. Пак ќе речам, не дај Боже. Тоа е веќе познато, "запишано" на таа линија на времето, она што старите го викаат судбина, или "така било пишано". Познато е, ама не на нас, па не знаеме што да очекуваме. Можеби, на крајот на таа линија на времето ќе имаме шанса да видиме каде сме згрешиле, што сме можеле да направиме за да го смениме тоа што следело, ама не важи ШББКББ, нема враќање (=
Buttercup напиша:
А тоа ми е малку тешко да верувам. Сметам дека ние самите си го креираме патот по кој што одиме. И ако во идината, според таа линија на времето што веќе постои, мене веќе се ми е предодредено и ако јас отидам таму, ќе знам што мене ќе ми се случи и кога ќе ми се случи. Епа што ако јас денес решам да скокнам од зграда? зарем тоа нема да ја измени целата таа временска линија, што теоретски би требало веќе да постои?? и зарем тоа нема да измени, ред други иднини, како на пример на сите луѓе што сега ме познаваат, што ќе ме познаваа, на децата што би ги имала... итн???
Уште еднаш да кажам, целиов муабет што е после 3тата димензија е само теорија.
Сите примери што ги давам, не значи дека сакам да се остварат (=
Добредојде во петтата димензија
Значи, ако некако успееш да се прошеташ по временската линија, и, пример, видиш дека гинеш на 52 години, а не на 82 како што си сакала, би сакала да се вратиш назад и да ги смениш настаните кои би довеле до таа немила случка.
И еве, да речеме дека се враќаш во одредена точка од таа линија.. што станува? Дали ќе има 2 од тебе, дали “вистинската” ти ќе исчезнеш, и ќе остане само “старата” ти, без да знае што се случило, но со втора шанса, или пак ќе се случи обратното – “старата” копија исчезнува, “вистинската” ти, со сето знаење за настаните кои следуваат, го завзема нејзиното место.. не знам, односно не знаеме.
* Ако има 2 копии на истата личност, којзнае што може да стане.. дали таа што патувала низ времето ќе и` каже на другата да смени нешто за да не загине, со што би ја изменила нејзината животна линија, притоа создавајќи друга.. дали ќе продолжат двете да живеат напоредно, при што таа што патувала би имала поинаков животен пат од “оригиналот”, кој ќе загине на 52 години.. use your imagination.
* Ако “патувачката” копија исчезне, и остане само старата, оригиналот, тогаш би имало повторување на историјата..
* Ако оригиналот исчезне, и остане само “патувачката” копија, тогаш со само еден различен чекор, со само една различна одлука, целосно се менува понатамошната животна/временска линија. Дали ќе загине на 42, 52, или ќе дотурка до 82, пак не се знае.
Паралелни универзуми
Најпросто објаснето, и најпросто за сфаќање, тие паралелни универзуми ги содржат сите можни животни, односно временски линии, сите избори кои сме можеле, можеме, и ќе можеме да ги направиме. Буквално сите. Бесконечно многу избори, бесконечно многу универзуми, сите различни, но со заеднички карактеристики – сите почнуваат со нашето зачнување, и завршуваат со нашата смрт.
Или, ако се гледа поголемата слика, почнуваат со настанувањето на универзумот (Big Bang), и завршуваат со крајот на истиот. Сите можни случки помеѓу тие две точки, и сите варијации на истите, се содржат во паралелни универзуми.
Или, ако одзумираме уште повеќе, од почетокот до крајот на времето.. нешта што ние како човечки суштества не можеме да си ги замислиме (=
Buttercup напиша:
Втора работа.
Да претпоставиме дека некој веќе направил некаква си направа со која патувањето низ времето би било возможно. Епа, ред настани, како причини довеле до создавање на таа машина. Ете, малку филмски, за да биде полесно да објаснам, на еден луд научник му ја убиваат љубовта на неговиот живот. Тој прави временска машина за да се врати низ времето и да го спречи настанот за да ја спаси љубовта и да си живее убав живот после со неа.
Ама моментот е: Временската машина постои како последица на смртта на девојката, истовремено, смртта на девојката е причина за постоењето на временската машина. Практично, за да постои машината, девојката треба да е мртва, и девојката мора да е мртва за да може да постои машината.
Значи, за да се случи еден настан, мора да се случат други настани кои ќе доведат до него...
Супер пример, само некако не ми се верува дека ќе направиме таква машина.. доволно тешко е да се теоретизира/философира на оваа тема (=
Buttercup напиша:
Мојата поента е дека, поради причинско-последичните односи кои владеат во светот и поради тоа што едни работи водат кон други, практично патувањето низ времето е невозможно и физички, и теоретски и етички и највише, практично, и се сомневам дека некогаш тоа ќе биде возможно.
Најмногу поради тоа што се кршат основни физички, докажани закони.
Да, може на ова ќе речете, добро, па и Ајнштајн докажа дека Њутн не е во право, а целата физика се базира на Њутновите закони....
Па поради тоа, оставам простор дека можеби паруваењето низ времето ќе биде возможно, ама за тоа има превише очигледни пречки кои мораат да се надвладеат. И тоа нема да биде во нашиот животен век
Убаво си напиша и самата (тоа болдираното).. некој ден можеби ќе се најде некој што ќе го побие и Ајнштајн.
Buttercup напиша:
Па затоа, заборавете дека ќе можете да се вратите некаде и да смувате нешто!
невозможно е!
Одамна се имам помирено со ова ((=