Патолошки лажговци

Член од
9 февруари 2013
Мислења
1
Поени од реакции
0
Gledajte go sersiskiot film LIE TO ME ke vi stane mnogu jasno i za pataloski lazgovci i za se :) steta sto ne se snima vekje :(
 
Член од
18 јуни 2012
Мислења
477
Поени од реакции
612
Имам еден другар кој иако знаеш дека лаже, понекогаш е ептен убедлив, морам да признаам. Пред некое време ми кажуваше дека некои роднини од Данска му пратиле iPhone 4s, и дека не сакал ајфон па се решил да го продаде на мене за 100 евра, неотпакован. Му кажав дека ќе го земам, и почна да ми кажува како многу ме почитувал, затоа сакал на мене да ми продаде таков телефон за тие пати бла бла.. и после тоа го снема, ниту на мобилен одговараше, па ниту тој се јави кај мене веќе со денови. Собрав пари јас, и појдов да го побарам дома кај него. Излезе мајка му, кажа дека тој и рекол да излезе оти него не му било добро, и кажав на жената што е работата, а таа само се насмеа и кажа дека ниту имало некој роднини во Данска па ниту имало некој пратено мобилен. Вакви луѓе најдобро да се избегнуваат, зашто освен небитни лаги, знаат да се умешаат и во други работи како на пр. да ти направат караница со некој близок, зошто имаат неверојатна моќ на убедување па дури и кога се работи за голема лага.
 
A

AnFem

Гостин
Имам таков другар. Не е поентата да се избегнат оваквите личности. Човечно е да им се помогне на овие луѓе. Зарем би избегале од вашето дете ако биде патолошки лажго?
 
Член од
12 февруари 2013
Мислења
8
Поени од реакции
1
Navistina interesna tema na koja bi sakal I da gi dodadam - ama brat DVD-to e tolku jako swo duri I podot se trese od sabvuferot ova e delumna vistina no ne poradi sabvuferot tuku bidejki namesto pod kutriot ima patos.

Mislam deka se dva tipa nj lazgovci bez razlika nainteresot I toa edni koi samo lazat, se gleda toa I bez oci megutoa ima I vtori koi obozavaat da hiperboliziraat I koga ke gi nacekam ovde im se cudam I si velam vo sebe ' kutriot ti kako samo mozes da si dozvolis sam e se lazes???'.

Sepak sum prifatil takvi lica(duri I treti koi se sekogas vo pravo) bidejki sum zabelezal empiriski deka koga doaga vo drustvoto nekoja lazga(ili lazgo), vednaska 'casnite vistinoljupci" pravat nekoi cudni faci I gestovi cinis tolku se gnasat od covekot da pomislis precistive ne lazat no kako sto napomenav empiriski ovie cistive von prisustvo na lazgoto....se lazat megusebe I si hiperboliziraat zaedno(znaci 3-4 dusi muski zenski namerno megusebe se pravat koj PO) razbira se ponatamu koga nekolku, vklucitelno I lazgoto ke zaminat ostatokot od cistite zapocnuva da merka koj od niv e pocist I posjaen sekako govorejki si zad grb za da naredniot den povtorno se guskaat pijancat duvaat a potoa I se muvaat(cesto I zenskite..so zenski) poradi liberalnosta I freedom of speech without right to remain silent-they All must shine.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
Имам таков другар. Не е поентата да се избегнат оваквите личности. Човечно е да им се помогне на овие луѓе. Зарем би избегале од вашето дете ако биде патолошки лажго?
Како? Ти како му помагаш на другар ти?
 
А

Атомската мравка

Гостин
Не е страшно доколку патолошкиот лажго е на помлада возраст па со лажење пробува да биде интересен, имав таков другар и еве веќе како созрева и самиот сфаќа дека не чини тоа и прекина да лаже.. ама што правиме со оние веќе навидум “зрели“ личности кои се патолошки лажговци ? Да си измислува најразлични приказни за него/неа со цел да си ги дигне акциите, да оцрнува личности и да кажува лаги за нив притоа глумејки жртва за да добие сожалување, а потоа кога ќе го запознаеш “оцрнетиот“ да добиеш сосема различна верзија од она првичната и да видиш колку далеку може да отиде оној што лаже..

Страшно до каде со лажењето може да отидат ваквите личности, дефинитивно им е потребна помош.
 

Pinkie Pie

and Deedee
Член од
25 ноември 2009
Мислења
2.011
Поени од реакции
3.246
Јас сум патолошки лажго . Нон стоп си се лажам самата себеси.:cautious:
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
AnFem

На кој начин треба нив да им се помогне според тебе бидејќи јас познавам 2 личности кои се такви и едноставно ги приметив дека лажат за скоро се едноставно ја извртуваат секој приказна и си прават своја и тн. :)
 
M

Muranyi

Гостин
И јас би сакал да знам како може да им се помогне на вакви личности.
Имам еден ваков другар и можам да забележам дека состојбата му рецидивира кога ќе остане без работа,а тоа му се случува веќе четврти пат.Арен си беше последниве месеци,кога во меѓувреме го отпуштија од работа и за неполна недела почна пак со фантазиите.Навистина е напорно да си во присуство на вакви лица,едноставно заморни се,јас го имам прифатено како таков,бидејќи настрана лажењето е голем другар и прекрасен човек.
Јас му напоменав пред две недели да не се обидува мене да ме лаже,а за другите гајле ми е,во стилот-Брат,не оди секој ден се гледаме,те ценам многу и те чувствувам како брат,а ти мене да ме лажеш.Абе не помина пола саат и ете пак филмови како му се јавиле од работа,го молеле да се врати,му дали бланко да си пише плата и цела фирма да ја раководи:D Проблем е,што никогаш не си на сигурно со вакви луѓе,не знаеш кога да ги сфатиш сериозно,кога не.Всушност,тоа е проблем за нив,во конкретниот случај за другаров,бидејќи ич не го сфаќам сериозно,а со така поставени односи не се одржува едно другарство,нели?
Пред два дена,седевме друштво со дечково и уште еден другар и овој вториот,му пукна филмот и се му истури "у фаца".Парафразирам-Дечко,тебе можно е да ти е потребна помош,има ваква состојба,престани да лажеш дека си менаџер во Скопска пивара,не ме лажи нонстоп бидејќи не оди,се дружиме 15 години итн.
Реакцијата на лажгото беше прилично хистерична,беше видно возбуден,иако другарчето сосема смирено и добронамерно сакаше да му предочи некои работи.Не се чувствуваше засрамено,напротив,инститираше наредниот ден да одат во пивара за да се увери типот дека работел таму.Дури,паднаа и навреди за жал.
После тоа што се случи,јас навистина немам претстава како да се поставам и што да правам во иднина.Се согласувам со Анфем дека не е решение да се игнорира,бидејќи освен проблемов,како личност и најважно,како другар е навистина вреден.Но,станува напорен и таман штом си помислив дека престанал,тој пак почна со неговите лаги,кои колку и да ви звучат смешни и интересни,по извесно време стануваат напорни,ве демне чувство дека упорно сака да ве девалвира иако можеби не е така,а што е најважно-штом не постои искреност не може да постои ни другарство,иако до сега терало вака.
Заебана ситуација во секој случај.
--- надополнето: 9 јуни 2013 во 21:49 ---
Се надевам дека ќе му помогнам еден ден, без да му ја дозаебам психата. Не ни пробувам засега било што, додека не бидам сигурна од каде му потекнува и зошто.
Ова држи вода само доколку си психолог и стручна во тоа поле,а ако сметаш дека благодарение на својата проникливост ќе ја дознаеш причината-се лажеш.Или планираш хипноза?:D
 

nilla-vanilla

#kingliam
Член од
17 јуни 2010
Мислења
2.041
Поени од реакции
1.748
Како што забележав повеќето што се патолошки лажговци се фалат дека имаат многу пари, дека не знам кој од странство ќе им прател нешто, дека поседуваат скапи нешта. Дали тие луѓе страдаат од комплекс на пониска вредност па мора со лаги некако да си ја лечат психата и да се тешат? Инаку и јас познавам една таква, секоја недела нејзи тетка и требаше да и прати нов мобилен од германија, па потоа нови лаптопи за нејзе и за сестра и, па секој месец купуваа нова кола, па стан, па како само сестра и имала 10 кај лош професор кој никому не давал 10...и така натаму да не должам. А што е најлошо сама си започнуваше муабет за темата без никој ништо да ја праша. И нормално ништо од тоа не беше вистина.
 
Член од
22 јануари 2013
Мислења
481
Поени од реакции
671
Имaм еднa пријaтелкa, тежок случaј, лaже суше.. многу бујнa фaнтaзијa имa.. и когa ми е досaдно идaм до кaј неa, фино лепо, кaфенцето нa мaсa и почнувa со лaжење.. јaс не јa прекинувaм, уживaм когa јa слушaм.. нaјчесто љубовни проблеми.. ситуaции.. ехеее... не се зaмaрaм и не ме иритирa тоa што ме лaжи.. тaквa си е по природa.. обично тaквите не се опaсни сaми си пaѓaaт во мрежaтa.. внимaвaјте од оние.. кои глумaт искреност со добрa тaктикa ;).
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.240
Нема помош откажете се од секој надеж.
 
A

AnFem

Гостин
Како што забележав повеќето што се патолошки лажговци се фалат дека имаат многу пари, дека не знам кој од странство ќе им прател нешто, дека поседуваат скапи нешта. Дали тие луѓе страдаат од комплекс на пониска вредност па мора со лаги некако да си ја лечат психата и да се тешат? Инаку и јас познавам една таква, секоја недела нејзи тетка и требаше да и прати нов мобилен од германија, па потоа нови лаптопи за нејзе и за сестра и, па секој месец купуваа нова кола, па стан, па како само сестра и имала 10 кај лош професор кој никому не давал 10...и така натаму да не должам. А што е најлошо сама си започнуваше муабет за темата без никој ништо да ја праша. И нормално ништо од тоа не беше вистина.
Да, дефинитивно страдаат од комплекс на пониска вредност.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.114
Како? Ти како му помагаш на другар ти?

By enabling him, duuh.
Дрогиражи на ист начин им се помагало.

Мислам дека е баш обратно од комплекс на ниска вредност АнСрцке, јас ваквите личности што сум ги запознал обично се со преголема самодоверба и ако нешто, се сметаат баш над сите. Не само да се форсираат како такви, а да се осеќаат даун. :'(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom