Исто и јас да го пофалам
@Psyside.
Почекав да помине повеќе време да ми легнат парфемите, па да напишам рецензија.
Досега тестирав вкупно 9 парфеми некои од нив ги порачав како деканти, а од некои добив бесплатни семплови.
Парфемите мирисаат феноменално нема утка со сите niche пареми кое ги декантира. Траат доста долго некои и по 2 дена на кожа, на облека траат со седмици. А сите дизајнерскји парфеми се реално со niche квалитет.
Најбитно е да ги тестирате повеќе пати во повеќе ситуации, и да ги прснете негде во соба каде не влегувате со часови. па кога ќе влезете ќе го осетитие всушност правиот мирис кој останува во воздухот и тоа како всушност вие им мирисате на останатие.
Оценки би има дал вака убедливо најдобар и по мој вкус е Initio Oud for Greatness 10 од 10 реално да можам би му дал оценка 11 од 10

. Трае преку 12 часа на кожа и проектира масивно првите 6-7 часа. Има добро тониран oud и осекам доста дрвенасти ноти.
Во наредна група 9/10 би ги сместил Richwood од Xerjoff овај e beast-mode парфем проектира како ненормален доволен е 1 спреј, на почеток е малку остар и има доминантна нота на ружа но потоа после половина час, мириса феноменално и е практично masterpiece, го тестирам на облека досега трае повеќе од 3 седмици

На почеток при првиот тест не ми се допаѓаше воопшто но по 3-4 теста ми легна што се вика и сега ми е еден од омилените и за брзо може да стане 10/10.
Во групата 9/10 се уште Encre Noire, потемна верзија на Terre d'Hermens, со доминантна нота на ветивер, мириса како шума во есен навечер кратко објаснето. Иако е дизајнерски парфем мириса како да е 5 пати поскап.
PDM Layton од почеток ми беше 7/10 ама со тек на време качи на 9/10, од почеток мириса на цитруси и на јаболко а потоа преминува во благ мирис на ванила и кардамон но ја задржува и свежината од јаболкото.
За останатие неможам да формирам сеуште оценка ќе мора да продолжам да ги тестирам, па кога ќе направам доволен број на тестови ќе пишам нова рецензија.
Препорака за соработка и од моја страна, реално тешко се наоѓа некој да некој што декантира niche парфеми, така да голема благодарност до
@Psyside за советите и можноста што ни ја даде да пробаме high-end niche по поволна цена.