Парадоксот на математиката

Теодор006

Научник
Член од
25 август 2013
Мислења
270
Поени од реакции
111
Си седев еден ден и си размислував, дали 1 е нешто или ништо. Излегов со вакво размислување....
Сите се сложуваме дека бројот 1 има некоја вредност, едно јаболко, едно парче леб и.т.н.. Додека пак, бесконечноста е, всушност беконечна! Но, ако бројот 1 има некоја вредност, тогаш тој сигурно завзема некој ептен минијатурен дел од бесконечноста. Ако бројот 1 завзема некој дел од бесконечноста, (земам за пример, за полесно пресметување) пример, 10% тогаш бесконечноста го губи значењето, бидеќи, таа станува можно да се пресмета. Малку пореално, ако googol (1 следен од 100 нули) завзема нешто од бесконечноста, пример 1*10^1000000%, тогаш пак ја имаме способноста на пресметување на бесконечноста... Значи од ова можат да се земат два заклучоци:
-Сите броеви, сами по себе се бесконечни за да постои бесконечноста...
-Сите броеви се едно ништо, затоа што со нивното постоење како што ги разбираме, се уништува можноста за постоење на бесконечноста.
Но ова второво, создава уште еден парадокс, ако сите броеви се ништо, тогаш и бесконечноста е ништо, затоа што е направена од сите броеви што постојат. Ако е така, тогаш и бесконечноста не е бесконечност.....
Чекам ваши размислувања....;)
 
Последно уредено:
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Бесконечност не е број и не се однесува како број.
Тебе можеби те буни користењето на бесконечноста во математиката, тоа е импровизација за да се изрази толку голем број што нема поголем од него.
 

Теодор006

Научник
Член од
25 август 2013
Мислења
270
Поени од реакции
111
Дефинитивно не се однесува како број, но така е третирана... Ова всушност покажува што се случува со разбирањето на бесконечноста ако ја сметаме како број...:D
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Броевите сами по себе немаат никаква вредност.
Вредноста на броевите доаѓа од човековата перцепција, разбирање, и арбитрарното додавање значење на нив.
Инаку сами по себе се едно големо ништо. Исто како и човекот кој во големата слика е едно големо ништо.

За да ти биде малце појасно, прочитај како се созадваат јазиците, и нивното распознавање, особено за делот на доделување арбитрарно значење на конструктивните елементи.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Дефинитивно не се однесува како број, но така е третирана... Ова всушност покажува што се случува со разбирањето на бесконечноста ако ја сметаме како број...:D
Ја губи смислата?
 

TheQueen

Поларна мечка од цвет на цвет
Член од
26 ноември 2013
Мислења
584
Поени од реакции
791
Дали сепак не постои апсолутна вистина?
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Кога ќе дефинираш колкав процент е 1 од бесконечноста тогаш бесконечноста ќе го загуби своето значење и ќе стане конечна.
Ова се разбира, никогаш нема да се случи. Не си го троши времето... земи бркај пи4иња, играј дота, дрогирај се ...
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Си седев еден ден и си размислував, дали 1 е нешто или ништо. Излегов со вакво размислување....
Сите се сложуваме дека бројот 1 има некоја вредност, едно јаболко, едно парче леб и.т.н.. Додека пак, бесконечноста е, всушност беконечна! Но, ако бројот 1 има некоја вредност, тогаш тој сигурно завзема некој ептен минијатурен дел од бесконечноста. Ако бројот 1 завзема некој дел од бесконечноста, (земам за пример, за полесно пресметување) пример, 10% тогаш бесконечноста го губи значењето, бидеќи, таа станува можно да се пресмета. Малку пореално, ако googol (1 следен од 100 нули) завзема нешто од бесконечноста, пример 1*10^1000000%, тогаш пак ја имаме способноста на пресметување на бесконечноста... Значи од ова можат да се земат два заклучоци:
-Сите броеви, сами по себе се бесконечни за да постои бесконечноста...
-Сите броеви се едно ништо, затоа што со нивното постоење како што ги разбираме, се уништува можноста за постоење на бесконечноста.
Но ова второво, создава уште еден парадокс, ако сите броеви се ништо, тогаш и бесконечноста е ништо, затоа што е направена од сите броеви што постојат. Ако е така, тогаш и бесконечноста не е бесконечност.....
Чекам ваши размислувања....;)
Си се заглавил во нешто како циркуларна логика со заклучоците :)
Во математиката ∞ е уствари 1/0 народски кажано, а би можеле да го дефинираме преку лимит на ф-ја...lim.
∞ уствари како број не постои а постои како концепт.
На пример во фракталите http://en.wikipedia.org/wiki/Fractal ..... таму имаме комплексни броеви корен од -1 нели.
Е таму бројот 1 ја содржи целината и обратно.
Она што е најинтригирачко е дека нашата природа е фрактална.....ама тоа е друга тема :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Јас вака размислувам
Броевите ( и многу други работи ) сме ги измислиле ние, припадниците на Човечкиот род. Во природата не постојат броеви. Броевите се апстрактна, замислена величина која постои само како поим
Ние можеме некоја природна појава да ја опишеме со математички симболи, со броеви, математички операции или нешто друго. Но ако таквиот наш математички модел не се согласува со природните појави, тоа значи дека математичкиот модел не е добар, а не дека природната појава „ не е добра “
Во твоето размислување тука е грешката.
Впрочем за бесконечно големите и бесконечно малите величини и во математиката важат сосема други правила. Не можеш да споредуваш бесконечно голема и конечно голема величина
 

Теодор006

Научник
Член од
25 август 2013
Мислења
270
Поени од реакции
111
Кога ќе дефинираш колкав процент е 1 од бесконечноста тогаш бесконечноста ќе го загуби своето значење и ќе стане конечна.
Ова се разбира, никогаш нема да се случи.
Накратко тоа што сакав да го кажам...
земи бркај пи4иња, играј дота, дрогирај се ...
Не сум по зависностиве, а првото не мораше ни да го спомнуваш, скоро невозможно е да си машко а да не те тера ништо да "бркаш"...;)
Одговорот на сите прашања се крие тука.
http://en.wikipedia.org/wiki/Dorsolateral_prefrontal_cortex
Логично!:D
Ја губи смислата?
Да!:D
Броевите сами по себе немаат никаква вредност.
Вредноста на броевите доаѓа од човековата перцепција, разбирање, и арбитрарното додавање значење на нив.
Инаку сами по себе се едно големо ништо. Исто како и човекот кој во големата слика е едно големо ништо.

За да ти биде малце појасно, прочитај како се создаваат јазиците, и нивното распознавање, особено за делот на доделување арбитрарно значење на конструктивните елементи.
Добро кажано! (y) Ама сигурен сум дека пола од оние што го читаат ова, нема да го разберат... Без навреди.;)
Јас вака размислувам
Броевите ( и многу други работи ) сме ги измислиле ние, припадниците на Човечкиот род. Во природата не постојат броеви. Броевите се апстрактна, замислена величина која постои само како поим
Така (y)е, ај да те видам 1 најди го! :cool: (Сарказам)
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Накратко тоа што сакав да го кажам...

Добро кажано! (y) Ама сигурен сум дека пола од оние што го читаат ова, нема да го разберат... Без навреди.;)
Воопшто не е комплицирано. Без навреда.

Твојот прв пост е објаснување на концептот бесконечност, со помош на концептот на дискретна конечност. Двата имаат дијаметрално различни основи и математички модели за нивното постоење. Нешто слично како во квантната механика не важат законите на физиката.

Најкратко, математиката е јазик, множество, составено од знаци и правила како се употребуваат знаците. Овие правила за употребување на знаците, е всушност граматиката на овој јазик. А една граматика не е ништо повеќе отколку едно множество од правила за прозизведување на комплексни изрази од дадените знаци. Ова е човечка творба и треба да се третира како таква.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom