- Член од
- 14 април 2008
- Мислења
- 1.257
- Поени од реакции
- 914
Не се познавам лично со наведените форумџии и не можам да кажам колку се влезени во соборниот дух на вистината. И посебно не би одговарал поради очигледното тенденциозно извртување на нивните гледишта.Па не е баш точно дека сте согласни поради тоа ,,испитување на духовите". Еве не одиме подалеку, овде на форумов имаш православни како Берик на пример, кои преку ,,испитување на духовите" дознале дека кабалата е потврда за тројството. Но имаш и православни како Невски според кои кабалата е демонска. Потоа имаш православни според кои Исус проповедал ислам а Мухамед бил светец - Спирос, потоа имаш православни според кои земјата е плоча а небото купола - ZOTE, итн, итн.
Твојата сигурност е на стаклени нозе.
Прашањето е непотребно, веќе беше укажано. Иако осознаеното има своја внатрешна спознателна потврда, за избегнување на опрелестеност, неопходно е и надворешно да има ускладеност со концептот. Тоа се две страни на кружен тек. Осетот е изворот, разумното концептуално складирање е потврда и повратно помагач за развивање на осетот.внатрешно спознание маат и пагани и католици и муслимани и протестанти и будисти и хиндуисти
Некои и подолго време некои и побројно.
Твоето вантрешно спознание по шо е различно од спознание на некој врач, шаман, имам или на папата?
Единствено вистината има целосна конзистентност на концептот.
Бидејќи не може да се зборува за нечиј внатрешен осет, затоа мерило за погрешноста на нечиј осет е погрешноста на концептот. Концептите на наброените (пагани, католици, муслимани, протестанти) се противречни, хаотични, шизофренични. Еден став, еден однос се судира е противречен со друг став, однос.
Не може да се зборува за „католичка“ (соборна) црква, а која е раководена со најголема можна инокосност, со безпоговорна власт на поединец. Тоа е целосно нарушување на соборноста, а сепак сеуште сака, односно мора, да се изјаснува за соборна, бидејќи без тоа не би била, и не е, Црква.
Паганизмот и Хиндуизмот зборуваат за многубоштво. Не може да постојат еден бог покрај друг бог. Тоа би било меѓусебно ограничување на моќта што значи не се богови. Затоа многубоштвото од ниеден попаметен мислител не се смета за сериозен богословски концепт.
Можно ли е христијанството да има празнина од 15 и повеќе векови според она кое може да се заклучи од протестантизмот. Тие прескокнуваат/отфрлаат најмалку 15 векови верување, создаваат некои убедувања кои биле непознати (освен кај старите секти чие се продолжение) и велат со тоа се враќаат на изворното верување (онака како што тие го замислиле) од првиот век. Ова е отворено против Христовото ветување дека: Новозаветната Црква вратите на пеколот никогаш нема да ја надвладеат.
Или за Исламот кој го прави Бог немоќен. Тие со сила го исламизираат светот. Зарем Бог не е моќен ако сака со сила да ги принуди сите да го признаваат за Бог. Зарем Авраамовиот Бог се разочарал од евреите и сега на арапите им го пренел благословот.
Неколку први кои ми идат на ум од неброени противречности.