Папагали (општи дискусии)

  • Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување

jeeeee8

Like dreams
Член од
28 ноември 2008
Мислења
647
Поени од реакции
16
imam tigrica skoro 3 meseci i koga go kupiv uste prviot den toj izleze od kafez i mi zastana direkno na ramo.zna4i ne e do denovite kolku ke go drzis zatvoren ili bilo so,toa e do papagalot kolku e snaodliv.a so se odnesuva do voda,natopete mu troska leb i stavete mu ja vo hranata i koga ke ja izede troskata ke si ja najde samoto vodata.:helou:
СЕкаде пишува и сум прашала луѓе што се разбираат за папагали и сите ми рекле дека препорачливо е бар неколку дена во кафез да седи, а твојот можеби бил handraised(одгледуван, припитомен со раце), затоа така одма ти застанал на рамо, не дека е паметен твојот а другите се глупи, сите можат да се истренираат, само треба трпение и време.:)
За лепчето би ви рекла не е препорачливо да се дава многу леб,чипс, смоки и никако млечни производи и авокадо(авокадото е токсично за нив). Папагалчето (тигрицата), препорачливо е да се храни со просо, овошје(јаболко,цреши, праска, лубеница, круша), и зеленчук(брокула, морков, магдонос, марула).Папагалот кој повремено се храни со зеленчук и овошје се верува дека ќе биде поздрав и подолго ќе живее. Сипина коска исто би требало да има и свежа вода секој ден.
И ако сакате попитомо да биде треба одвоите бар 30 мин на ден време за него.:smir:

Иииии 100% пијат вода инаку до сеа....:vozbud:, само може не сте ги приметиле а може и да не пијат многу, ама чим сеуште ви леткаат низ соба и ви свиркаат пијат не се секирајте.:)
А маца_кака' за апчето најубаво на ветеринар да си прашаш, моја препорака, зошто има повеќе болести па не би ти рекла сама да си одлучуваш.
Ќе се обидам да снимам видео за да ви покажам како да го истренирате на рака да ви застане:smir:
 
Член од
6 август 2007
Мислења
4.063
Поени од реакции
175
Ја да прашам нешо за моево..
Нормално е да јаде хартија ? Еве го седи до мене и изеде скоро пола лист.. Како глушец да имам дома, а не папагалче :)
 
jeeeee8

Like dreams
Член од
28 ноември 2008
Мислења
647
Поени од реакции
16
Ја да прашам нешо за моево..
Нормално е да јаде хартија ? Еве го седи до мене и изеде скоро пола лист.. Како глушец да имам дома, а не папагалче :)
Барав одговор на ова зашто и јас го имав истиот проблем со моето порано, и ми вратија маил, дека треба да му му купам сипина коска ако нема, или некоја играчка за џвакање(има едни гумени се продаваат) и ќе се одвикне и да не ставам хартија до него, па јас му купив сипина коска и играчка една безвезе и огледалце му ставив во кафез и не ставам хартија до него и не јаде веќе.:)
А не било убаво затоа што можело некое пореметување на органите за хранење да добие:nesvest:
edit:на органите за варење(не хранење):)
 
Епа фала, зошто стварно не знаев што да правам. Хартијата во кафез прво почна да ја јаде.. па после било каква картија низ дома шо имавме. :)
 
jeeeee8

Like dreams
Член од
28 ноември 2008
Мислења
647
Поени од реакции
16
Епа фала, зошто стварно не знаев што да правам. Хартијата во кафез прво почна да ја јаде.. па после било каква картија низ дома шо имавме. :)
Ништо, исто и моето така,моето плус и цвеќиња јадеше :)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.495
doma imam noj vo kakov kafez da go cuvam?
За ној кафез малку тешко. Ако имаш ној, најдобро нека се движи низ цел двор, тие сакаат слобода. И да, спреми се да ти го разровари цел дворот, затоа што ја пика главата во земја.
 
maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Моево нема шанси да се припитоми. Веќе 5 месеци е кај нас и ниту еднаш не застанал во близина на некој. Има уплав од нас:)

Можам само да го галам кога е во кафез, тоа е негова територија и се чуствува заштитен. Многу ретко изгледува од кафез иако цел ден му е отворена вратничката:)
Ама јаде како свинче, нонстоп пее и ако нешто не му е по мерак крека прегласно(ова особено кога не му се свиѓа некоја песна што ке ја пуштам или ако некој се кара)
И уште не пие вода..ама најсериозно:nesum:
Ке идам неделава да му купам некој друг вид бокалче за вода:)
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314

Не може да преживее без вода. Сигурно пие кога не го гледаш...
А иначе и на моето му беше многу страв и му требаше подолго време да се припитоми. :)
 
Д

Демијан

Гостин
Каде можам да купам папагал?Сакам да земам два,ама онака луди папагали!По колку пари идат?
 
Член од
6 август 2007
Мислења
4.063
Поени од реакции
175
Значи моево најпитомо од сите испадна.. Веќе 3 месеци кај мене е, и скоро секогаш доаѓа кога ќе го викнам. Исто да напоменам дека ми побегна и успеав да го фатам. Кога ме виде одма на рака ми слета :pipi:

Туку, зборот ми беше, што е работава што ја удира главата од огледало ? Ќе влезе во кафез, и по цел ден тоа прави. :uvo: Сите тоа прават, или со моево нешо не е како што треба ? :)
 
Мисли дека е друг папагал. Моево откако виде дека не е, почна да се нервира, да го гризе и да му крешти. :pos:
 
maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Туку, зборот ми беше, што е работава што ја удира главата од огледало ? Ќе влезе во кафез, и по цел ден тоа прави. :uvo: Сите тоа прават, или со моево нешо не е како што треба ? :)
Моето ја удира главата и пее колку што го држи гласот:). Незнам зошто ама интересен ми е тогаш.
Значи не бил единствен, ја се мислев моево малце психички лудо е:)

Ај се мењаме со папагалите:cry:
Јас сакав да земам за да го галам, да си играм со него а овој кога ке ме види бега:cry:
И за 5 години он нема да се припитоми:uvo:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom