Папагали (општи дискусии)

  • Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување
Член од
24 март 2010
Мислења
59
Поени од реакции
22
Нај интересното нимфиче шо го имам видено на youtube :D

Ај да го пофалам и моево чисто на темава (можда имам напишано нешто за него пред година/година и пол на форумов).

1.

2 и пол годишна нимфа, од мене по питом е :D Ни срам ни страв од луѓе (независно дали познати/непознати). Дозволува да биде погален од било кој. Често заспива на мене, и посебна прилика е кога ќе се вратам од на работа и задремам во дневна, често се будам со него :)
Единствен проблем е шо не е љубител од играчки. Му имам купено 3-4 различни и едноставно не ги сака.. Ќе ги погледа пола ден, можда ќе чепне едната, и толку. Знае да праѓа бакнеж, и да свири некоја си негова мелодија, ама не и песна ни збор. Веројатно немам ни доволно време да го учам.
Како и да е, интересно пиле е :)
 
Член од
20 октомври 2013
Мислења
1.096
Поени од реакции
509
Прегледај го приврзокот 86032 Пред некој саат го зедов, прво ми е. :)
Колку време му треба да се прилагоди на новата средина и да почни да јади и да шета низ кафез?
Првите две недели не го пуштај од кафез, не му менувај средина, нека биде на место кај што има најмногу движење. Кога ќе биде гладно ќе си јаде, ти треба секој ден да му ја менуваш храната (може да ти личи дека нема потреба, но тоа од горе да бидат само лушпи) и обавезно нека има свежа вода. Додека ги обавуваш работите менување на вода/храна можеш тоа да го правиш поспоро со што би почнало полека полека да се навикнува на тебе. Бтв прекрасно е, Поздрав

Sent from my SM-T210 using Tapatalk
 
Член од
14 март 2013
Мислења
2.875
Поени од реакции
8.678

Фала многу на инфо, поголемиот дел од ова познато ми е, само ме интересираше дека од ко го зедов, се нема прошетано ич, ни кај водата ни кај храната, па да си прашам дали е тоа нормално. Дека немам искуство, се' ме плаши, не сакам ништо да му фали. :)
 
Нормални почетоци, уплашено е од транспортот и сеа новиот дом, но ќе почне да јаде и да пие вода, немај гајле. :)

Sent from my SM-T210 using Tapatalk
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.005
Поени од реакции
34.555
Навистина е прекрасно, @King Kai . Јас имам жолто и зелено, ама оваа боја од секогаш многу повеќе ми се допаѓала! Ти посакувам да си го чуваш со години!
 
Член од
20 октомври 2013
Мислења
66
Поени од реакции
25
Фала многу на инфо, поголемиот дел од ова познато ми е, само ме интересираше дека од ко го зедов, се нема прошетано ич, ни кај водата ни кај храната, па да си прашам дали е тоа нормално. Дека немам искуство, се' ме плаши, не сакам ништо да му фали. :)

Нема од што да се плашиш, нормално е тоа и ја имам исто како твоево...кога го купив не се помрднуваше од едно место ,а сега само белји ми прави... остај го една недела у кафез и приближувај му се зборувај му,подај му го прстот ако бега остај го и истото пробај да го направиш наредниот ден,па после пробај да му дадеш храна од рака...и кога ќе го пушташ стави му едно гранче од надворешната страна на кафезот за да може таму да слетува и гледај да бидат присутни сите членови кога ќе го пушташ за побрзо да се навикне на вас.. се надевам дека ти помогнав ако ти треба уште нешто слободно пиши што знам ќе ти помогнам :D
 
Сабалјево живна прилично. Ептен е питомо, не бега, и на прст неколку пати ми застана без проблем (в кафез нормално). Му пуштив на јутуб папагалчиња ко него кај што пеат, ко им се приклучи, уста не затвори. :D
Само уште го немам видено да јади и да пие. Али се надевам и тоа ќе бидне наскоро.
 
И јас имав проблем со мажјакот што го зедов последно (пред околу еден месец). Исто не сакаше да јаде и да пие, а плус па и беше исплашен од женката која е вистинска караконџула - овој и е петти мажјак, сите ги умира! Ми кажаа во одгледувачница за папагали дека можно е причината заради која не јаде е затоа што не знае каде му е храната, зошто претходно во одгледувачницата го чувале во поширок отворен простор каде храната и водата му ја ставале на земја. Затоа морав за него посебно, во конзерви од паштети да ставам храна и вода на подот во кафезот, и навистина јадеше!

Еве ги моите две тигрици:

А ова е истата женка со претходниот мажјак кој ни исчезна, лани, во поголем отворен простор каде што ги чувам преку лето:

Член од
14 март 2013
Мислења
2.875
Поени од реакции
8.678
^ Во право си, изгледа не знае кај му се, ама затоа почна од рака да ми јади, а го немам ни 24 саати :vozbud:
А како да го научам кај му стојат?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.005
Поени од реакции
34.555
^ Во право си, изгледа не знае кај му се, ама затоа почна од рака да ми јади, а го немам ни 24 саати :vozbud:
А како да го научам кај му стојат?
Не знам. Веројатно ќе ги најде случајно, сам. :D
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.786
Поени од реакции
83.448
^ Во право си, изгледа не знае кај му се, ама затоа почна од рака да ми јади, а го немам ни 24 саати :vozbud:
А како да го научам кај му стојат?
Како да го научиш...? Едноставно, не му давај уште од сега да јаде од рака. Остај го прво да истражи, да погладува малце, па да види што-како му е ставено во кафезот. Убаво е тоа што одма ти јаде од рака, ама може навика да му стане и во иднина само од тебе ќе бара да јаде
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Златикевичиус да не не е исчезнат папагалот, да не е во стомакот на женката? :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom