Какви искуства имате со ветеринари во Скопје? Имаме такви што се специјализирани за птици? Препорака за некој ветеринар, по можност и за таков што работи 24/7 за итни случаи (ако постои воопшто).
Не ми треба, ама чисто да имам контакт за не дај боже
Имало нешто не знам дали прашок ли или нешто за грицкање во пет шопот во Ѓорче кај црквата, ама што е точно не знае да ми го објаснат. Помагало при повраќање, ако се од Скопје да прашаат таму најубаво. (Не ми текнува на името на пет шопот)
@Marija_jazz ако прашуваш за Скопје, ветеринарниот центар работи. (види на фб имаат профил) Ама кај нас сите даваат иста терапија...за што и да му е исто даваат. Интернетот повеќе ми има помогнато на мене.

Така и си мислев... Од претходни искуства и мене само антибиотици ми давале во вода што се ставаат. Едно папагалче цело беше со кора на клунот и само со хидроген ни кажаа да го чистиме и умре нормално. Сега на интернет прочитав дека тоа биле паразити и дека си бара терапија, ама е излечливо... Мислев да не се сменило нешто од тогаш ама очигледно не...
Уште не сака да застане на прст, ама дава да го галиме по стомак и ноџиња додека му даваме да јаде истовремено. Дава да го бацуваме. Не бега кога ќе доближиме прст до него, ама инат, не сака да застане А за влегувањето во кафез, ако и друг има таков проблем, почнавме да му ја тргаме храната додека е надвор. Он влегува ја бара, ќе види ја нема и излегува. Кога ќе сакаме да затвориме, му ја враќаме храната (претходно му покажуваме да види дека ја враќаме) и најчесто влегува кратко време после тоа, некој од нас седи до кафезот, чека да се зајаде и го затвораме набрзина Се натегаме уште
Слично правам и јас со какарикито, но ми ја научи финтата и сега влегува, кради од храната и додека ние појдиме кај кафезот-тој избегал
стави некоја слика од папагалот
Слично правам и јас со какарикито, но ми ја научи финтата и сега влегува, кради од храната и додека ние појдиме кај кафезот-тој избегал
стави некоја слика од папагалот
Затоа мора некој обавезно да седи одма до кафезот за брзо да рипне и да затвори иначе нема шанси Еве го
Автоматски споено мислење:
Него кога сум веќе тука, нешто почна чудно да ја затресува главата и да ја движи неартикулирано пред спиење. Па како да губи рамнотежа, му паѓа главата надолу, па се лула наназад и се фаќа со клунот за кафезот. И после ќе си заспие или ќе оди да јаде. Пошо друго се изгледа нормално, мислев да не е нешто хормонски, почна да го кити кафезот со парчиња хартија и да ги пика во водата, па некогаш како да пробува да извади храна, ама не сум видела да поврати. Го снимив и пратив видео на ветеринар ама додека да добијам одговор, да не имал некој слично искуство или приметил слично однесување кај папагал?

Не сум стручна, но секогаш изненадуваат.Имаат многу различни начини на спиење, некогаш си ја држи главата некогаш позади во крилја ја става, некогаш му е навалена настрана, некогаш бутнат е во нешто и спие. Му се случило кога ќе заспие негде надвор да се заклати и да падне, а и во кафез. Чудно знаат да изводат кога не им е нешто по кеиф. Мојот многу чудно прави со главата ако го затворам во кафез преку ден, дур не знам ништо слично со кое би можела да го опишам тоа движење. Многу се инаетливи и лутковци бетер од мали деца.
Епа баш вакво е тресењето ама со многу повеќе драма, спуштање глава, одење наназад, фрлање ливчиња... И истиот звук го прави за време на тоа како ова папагалче. Ај малце ме смиривте сега, што не најдов по Интернет
Не сум стручна, но секогаш изненадуваат.Имаат многу различни начини на спиење, некогаш си ја држи главата некогаш позади во крилја ја става, некогаш му е навалена настрана, некогаш бутнат е во нешто и спие. Му се случило кога ќе заспие негде надвор да се заклати и да падне, а и во кафез. Чудно знаат да изводат кога не им е нешто по кеиф. Мојот многу чудно прави со главата ако го затворам во кафез преку ден, дур не знам ништо слично со кое би можела да го опишам тоа движење. Многу се инаетливи и лутковци бетер од мали деца.
Да, и мене ми се чини дека го прави тоа кога е незадоволен. Прво беше кога не го пуштивме два дена, почна во кафез така да прави, надвор од кафез не правеше. Вчера и надвор првпат почна да прави, кога му ја тргнавме храната, а он влезе неколку пати и виде дека ја нема. Се надевам дека е само нервоза
Само мал апдејт околу мојот случај Членовите на форумот беа во право - господинот си врши егзорцизам од досада и незадоволство. Го снимив и пратив видео на Ветеринарен центар, морам да ги пофалам за професионалниот однос, веднаш ми одговорија дека слободно можам да им се обратам за консултација. За помалку од еден ден ми објаснија дека папагалчето е здраво, само дека созрева и му е досадно, барало повеќе стимулација. Ако нема промени во изметот, исхраната и не кубе пердуви, се е во ред. И денес ќе одиме по играчки во Луна Пет Шоп пошо само таму најдов играчки за папагали поинтересни (а и вршат достава за сметка над 2.000). Еве чисто вака неколку информации ако му затреба на некој
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.