Нема паметен и глупав хумор. Може да се прави таква разлика за контекстот или "матерјалот" за хуморот, ама не и за тоа што го предизвикува смеењето. Посебни категории се во прашање и немаат баш голема врска. Барем ја така гледам на тоа.
Многу посложен механизам е во прашање, што не зависи само од тоа на какво интелектуално ниво си (по твоја класификација).
Едино ако не се мисли под тоа паметен хумор, на хумор што има повеќе нивоа на интерпретација, па бара човек одма да ја фати линијата на размислување на тие што ја прават серијата. Ама дури и така, тоа нема голема врска со штознам виша мудрост, туку е највеќе поврзана со тоа колку си гледал такви или слични серии, колку си запознаен со проблемите или ситуациите што се тема на серијата и колку си фокусиран, кој ти е мотивот баш таа серија да ја гледаш. На кратко, зависи дали си во целната група на серијата.
А ако тргнеш да разглабаш која категорија на луѓе, која целна група е најдобра, најпаметна, најинтелегентна, тогаш пак си избегал од поентата на хуморот.
На крај краева се се сведува на индивидуалност.
А и мислам дека баш Луи не е погодна за пример у случајов, зш по мој памет, самата серија не е наменета да ги мери или тестира когнитивните функции на гледачите, туку поентата е да ги престави на еден банален и крајно "разголен" начин, обичните животни ситуации со кој секој човек на планетава се среќава во неговиот живот, и тоа во риал лајф услови, а не со исфилувани уметнички додатоци за потскриено да покриеш некоја поапстрактна и погенерална сторија или поента. Тоа е и убавината во нејзе, што и најобичен човек може лесно да ја прати и да му биде смешна. Сега нормално некој баш во такви банални прашања ќе најде тешки теми за размислување, ама тоа пак се сведува на индивидуалност.
Тоа што не сака секој да ја гледа е друга работа, а тоа е ваљда затоа што има подруг стил, на кој голем дел од луѓето уште не се навикнати, а и плус бара поголема фокусираност од обично додека ја гледаш. Али тоа е карактеристика на целиот жанр, мада луѓето се повеќе и повеќе го прифаќаат.
Мене искрено најсмешните делови од Луи ми биле некои крајно банални ситуации и грешки, кои веројатно сите ги правиме ама не го гледаме смешниот дел во нив.
Овој муабет за паметен и непаметен хумор, страшно потсетува на барање причина човек да се чуствува различен од некоја група на луѓе, како и ред други слични феномени. Уствари заднината е да се врзе идентитетот за нешто постабилно во своите очи. Нормално нема никој да се чуствува попаметен само зошто гледа некоја серија, ама и тоа е елемент од целиот мозаик.
Мене лично тоа и не ми пречи зошто е прилично безопасен начин човек да се дефинира преку вакви работи, со оглед на тоа во какви се не работи може да се застрани.
Нормално се тоа до определена граница, додека не почне некој да го користи тоа за себепромоција, зошто тогаш само нервира, ништо друго