Еуродизелот и Екстра лесното гориво од ноќеска на полноќ поевтинуваат за четири денари по литар, ЕУРОСУПЕР-98 за два, a ЕУРОСУПЕР-95 и МБ-96 за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Според одлуката на Комисијата, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 6,45 проценти.
Литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе се продава по 48,50 денари, ЕУРОСУПЕР-98 за 49,50, а МБ-96 51,50 денари.
Новата цена на литар ЕУРОДИЗЕЛ е 43,50 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 32 денари, а Екстра лесно масло за домаќинство-1 (ЕЛ-1) 32,50 денари.
Малопродажната цена на мазутот М-2 се намалува за 1,446 денари за килограм и изнесува 14,331 денари.