Падот на империјата

Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.888
Поени од реакции
7.267
Кога имаше тендерче, не ти сметаа даноците, ти го скинаа тендерчето одма истомисленик со Арачиновци стана во врска со даноците. Слатко беше на туѓ грб да живееш а?

Одкако секна бунарот почна по туѓите бунари да плукаш, а?

Епа требало да те научат дека кога си на државна цицка, стануваш паразит. За да после не ти биде ојко и дојко крив кога ќе сватиш дека тендераштвото, не е познавање на бизнисот, туку паразитирање на грбот на народот. Нема тендер, нема бизнис.
Де бе кажи како тоа заклучи дека некогаш воопшто сум учествувал на тендер?
За едно си во право, дека сум по цицките, за разлика од тебе што си по зионистичките патлаци. :sneaky:
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.120
Си знаел дека ковидот не е тоа што ни го презентираат, ама ќутеше и не се вакцинираше, ко да не си загрижен за своите сограѓани
Па ти што да беше загрижен за своите граѓани, немаше да лупаш секакви глупости за ковидот. Луѓето ги гледаа твоите глупости и ги ставаа тие што ја зборат вистината во ист кош со тебе и фактички ти и таквите како тебе беа причина народот да поверува во ковидот, ти беше дел од нивниот план. Ти само ја изигра улогата на дворска будала. Пушти еден будала меѓу паметни и сите ќе испаднат будали... Како рекле старите, една чаша оцет во буре вино добиваш буре оцет, една чаша вино во буре оцет, пак добиваш буре оцет.

Еве има многу луѓе што поверуваа, Рон, Ванлок, нека ти кажат зошто поверуваа, дека позади докторите што зборуваа против ковидот, секогаш имаше армија будали што на тоа ги врзуваа големиот ресет, илуминатите, чипови мипови, лизадри, равноземјаши. Обично тие се стручњаци за све, за медицина, астронаутика, природна средина, економија, право, меѓународна политка, нуклеарна физика .... Ама стручњак си за све.

Ти си Бафра толку разочаран од неуспехот во животот, а неможеш да се соочиш со сопствената неспособност, што големиот ресет ти е психолошки потребна приказна, што ти ги трга самоубиствените мисли, но те прави радикален и агресивен према околината.

Соочувуњето со сопствените (не)можности е тешка работа, но неопходна за да имаш нормален живот. Тука негде со Палчо си во моментов, пред кулминација и со годините сте тука, и со бизнисот слично горе па доле.
Автоматски споено мислење:

Де бе кажи како тоа заклучи дека некогаш воопшто сум учествувал на тендер?
Ти од каде заклучи све што лупаш глупости за мене, а?
А тоа дали си по цицките, ајде сега да не ти отворам и за тоа тема, нема смисла.
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2011
Мислења
12.770
Поени од реакции
14.051
Врз основа на што заклучи дека сум за нацистите? Ако е ради оној филмот, тогаш акцентот е дека историјата најверојатно е фалсификувана и изменета од страна на зионистите.
Ако сметаш дека оваа госпожа е нацист или за нацистите, тогаш, ок, за нив сум:

Тоа што јамајка сака мене да ми наметне, проектира, тоа се неговите лични карактеристики и тебе бар треба да ти е јасно дека тресе зелени и е контрадикторен. Посебно кога изнапишува еден куп глупости и контрадикторности за хамас и неговите љубимци зионистите.
Ради документарецот/филмот, ова со Патон и некој слични муабети што ги вртиш затоа те прашувам.

Ти напишав тогаш дека филмот има многу полувистини и премногу ги прикажува нацистите како бајчиња, дури и комично е на моменти. Искрено и аматерски е направен (што не значи дека ја оспорувам содржината комплетно), нараторот звучи многу младо и наивно би рекол, а лично мразам кога музика се искористува да манипулира со емоции и да те насочи кон заклучок како на пример кога ги прикажуваа сликите од жртвите.

Massimo Mazzucco е пример за како се прави документарец кој оди контра официјалниот наратив.

Иначе мојот пост нема врска со глупостите што ги тресе Карипскиот Остров од немоќ, а со Ајн Ранд се согласувам само не знам каква врска има со нацистите?
Претходниот пост што го напишав во темава нели е горе-доле ист како нејзиното гледиште на светот дека "левица" и "десница" се исто срање друго паковање?

Мислам дека премногу догматски гледаш на Советскиот Сојуз и Русија па затоа те чепкам по темиве. Добар дел од приказните за СССР/Русија се западна/нацистичка пропаганда и преувеличување на злосторствата.
Еве денес можеме да видиме со свои очи во реално време како е прикажана војната во Украина и животот на просечниот Русин во западните медиуми и колку е спротивна на вистината.

Да најдам линкови од Британски весници да ти пратам што пишувале за Русија во 18-19 век за време на Кримските војни ќе видиш дека истите пропагандни приказни што ги вртат сега ги пишувале и тогаш, омразата им е вековна.
Или како она со тоалет шољите што наводно ги крадат Русите во Украина не е нешто ново него копи-пејст на пропаганда од пред 100+ години.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.888
Поени од реакции
7.267
Ти од каде заклучи све што лупаш глупости за мене, а?
Епа се што кажувам за тебе, ги цитирам твоите постови, за разлика од тебе што лупеташ.

Еве има многу луѓе што поверуваа, Рон, Ванлок, нека ти кажат зошто поверуваа, дека позади докторите што зборуваа против ковидот, секогаш имаше армија будали што на тоа ги врзуваа големиот ресет, илуминатите, чипови мипови, лизадри, равноземјаши.
А ти зашто не поверува...
Значи доволно беше човек да е писмен, да знае да чита и малку од малку да размислува. Што повеќе им требаше од тврдењето од Фаучи и неколку кинески научници дека стапката на заболување и смртност е иста како кај грипот? Што повеќе им требаше од примерот со крузерот и уште неколку други примери....

Армија будали што го врзувале ковидот со ресетот, иако игнорираш фактот дека одговорните на челните позиции во системот, тоа неколку пати го изјавија, а штом и после толку време, ти луѓето што на тоа укажуваа со цитати и видео изјави ги нарекуваш будали, доволно говори за тебе дека си ној.

со Ајн Ранд се согласувам само не знам каква врска има со нацистите?
Па тврдиш дека сум за нацистите, а јас едно 1000 пати сум напишал кое е моето гледиште, плус често сум ја спомнувал Ранд, она не е за нив ниту е нацист, па посликовито да покажам дека не сум ни јас.
За пропагандата ми е јасно, ама јас споделувам факти дека зионистите манипулирале и што имаат изјавено.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.508
Поени од реакции
11.571
...

Мислам дека премногу догматски гледаш на Советскиот Сојуз и Русија па затоа те чепкам по темиве. Добар дел од приказните за СССР/Русија се западна/нацистичка пропаганда и преувеличување на злосторствата.
Еве денес можеме да видиме со свои очи во реално време како е прикажана војната во Украина и животот на просечниот Русин во западните медиуми и колку е спротивна на вистината.

Да најдам линкови од Британски весници да ти пратам што пишувале за Русија во 18-19 век за време на Кримските војни ќе видиш дека истите пропагандни приказни што ги вртат сега ги пишувале и тогаш, омразата им е вековна.
Или како она со тоалет шољите што наводно ги крадат Русите во Украина не е нешто ново него копи-пејст на пропаганда од пред 100+ години.
Русија е премногу голема и премногу изобилува со природни богатства за да биде прифатена од страна на западњаците. Ако стане полноправна членка на ЕУ, за најмногу 10 (ДЕСЕТ) години ќе стане најголема индустриска и економска сила во Европа, а тоа евробрисељаците никогаш нема да го прифатат, попрво Турција ќе ја прифатат како полноправна членка со сите брадести носители на вошки од блиски исток и северна Африка кои ќе им ги донесе.

Кина не им пречи бидејќи цел континент ги дели од неа, а Кинезите не се нешто многу заинтересирани за емигрирање во западните држави како што правеле во 19-от и во 20-от век, бидејќи ако дома имаат економски раст и напредок тогаш нема потреба од заминување во странство во потрага по подобар живот, а и Кинезите се или будисти, конфучијанисти, или атеисти, иако за волја на вистината, има мала заедница на католици која или стагнира или расте секоја година.

Русија од друга страна се простира низ цела северна Азија, како и низ цела источна Европа, а од Петар Велики па наваму имаат навика - за западњаците неубава навика - да копираат се` и сешто од западот. Кинезите го прават истото, но исклучиво од областа на индустријата и технологијата, за разлика од Русите кои од западот копираат и култура, уметност, архитектура, Санкт Петербург го нарекуваат Венеција на реката Нева од оправдани причини, Петар Велики сакал неговиот нов главен град да биде огледало на Европа, не дочекал да ужива во плодовите на својата работа, но затоа неговата ќерка Елизабета Прва го продолжила неговото дело и го претворила Санкт Петербург во вистинско огледало на Европа каков што е до денешен ден.

Во такви околности кога западњаците се граничат со држава со мнозинско христијанско население кое не му се клања на Ватикан, туку е обединето под сопствена православна христијанска црква, го копира западот на сите можни начини, но практикува сопствен тотално не-западен начин на живеење - на пример не се занимава со неконтролиран и нерегулиран увоз на недокументирани имигранти и не се занимава со правата и интересите на хомосексуалците, бисексуалците, трансексуалците и трансродовите лица, а истовремено изобилува со природни богатства, да ја прифатат Русија како еднаков и рамноправен партнер ќе значи постепено слабеење на измислените општествени догми со кои владејат врз сопствените општества.

Затоа анти-руската пропаганда кај евробрисељаците никогаш нема да престане, можеби одвреме навреме ќе биде стишана, можеби одвреме навреме ќе биде пуштена на максимум, но никогаш нема да биде исклучена.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.346
Поени од реакции
29.812
Ахем... Назад на темата, во време кога најновите авиони на Боинг буквално се распаѓаат во лет, западните медиуми дрндаат приказни како Русија ќе имала проблеми со старите Боинг авиони. Затоа што немале пристап до одржавање од производителот. :unsure:

Хаха, па сва среќа (за сите што летаат со руските Боинзи) што авионите не се одржуваат во Боинг.

Член од
19 март 2011
Мислења
12.770
Поени од реакции
14.051
Па тврдиш дека сум за нацистите, а јас едно 1000 пати сум напишал кое е моето гледиште, плус често сум ја спомнувал Ранд, она не е за нив ниту е нацист, па посликовито да покажам дека не сум ни јас.
За пропагандата ми е јасно, ама јас споделувам факти дека зионистите манипулирале и што имаат изјавено.
Не тврдам него таков впечаток ми остави со некои коментари па затоа те прашувам за да се разјасни работата, со дискусија се се решава :icon_mrgr:
За мене исходот од втора светска е таман и не победила погрешната страна како што вика Патон. Нормално како Македонец сум пристрасен, али и без тоа сум на истиот став.

Иначе види ја разликата помеѓу Западна и Источна Германија и каде е колку-толку зачуван германскиот идентитет и кој денес не се срами да го вее знамето на Германија. Советите/Русите и покрај злосторствата што им ги нанеле Германците и изгубените 25+ милиони роднини и пријатели сепак не ги сотреле швабите.
Зпадњациве кај не ни имаат големи загуби во споредба со СССР и влегуваат во веќе освоена и поразена Германија, лом прават со бомбардирање цивили без потреба и потоа со децении вршат невидена анти-германска пропаганда во регионите што ги контролираат.

Русија од друга страна се простира низ цела северна Азија, како и низ цела источна Европа, а од Петар Велики па наваму имаат навика - за западњаците неубава навика - да копираат се` и сешто од западот. Кинезите го прават истото, но исклучиво од областа на индустријата и технологијата, за разлика од Русите кои од западот копираат и култура, уметност, архитектура, Санкт Петербург го нарекуваат Венеција на реката Нева од оправдани причини, Петар Велики сакал неговиот нов главен град да биде огледало на Европа, не дочекал да ужива во плодовите на својата работа, но затоа неговата ќерка Елизабета Прва го продолжила неговото дело и го претворила Санкт Петербург во вистинско огледало на Европа каков што е до денешен ден.
Ми се чини дека тек сега после векови улизување на европјаните да ги примат во нивната "градина" Русите конечно дигнаа раце од тој пат. За првпат еден Русин може да се осеќа супериорно во однос на Европа бидејќи Русија е поздраво општество.

За Европа би рекол дека имаат параноја во стил на - ако не ја уништиме Русија ќе не окупира сите, па затоа секој век имаат по барем еден обид да ја освојат.
Дури и битката за Азија во 19ти век - Големата Игра според некои историчари е повеќе во главата на Британците отколку реалност и дека Русија не била ни приближно опсесивна како Британија за освојување на тој регион.
 
Русите и понатаму емигрираат во Европа и северна Америка, но од гледна точка на копирање на западот, тоа го практикуваат исклучиво кога имаат корист од тоа, исто и Кинезите.

А дали ќе гледаат да се дистанцираат од Европа или да се зближат уште повеќе со Европа од секогаш зависело исклучиво и само од економскиот и социјалниот напредок во европските општества.

После убиството на Александар Втори Романов во 1881 година - царот за кој Русите велат дека е последниот Велики цар на Русија бидејќи го укинал кметството и планирал реформи кои меѓу другото требало да опфатат и воведување на Устав и на парламентарна демократија, неговите последни владејачки наследници Александар Трети и Николај Втори практикувале дистанцирање од Европа и откажување на планираните реформи, бидејќи токму анархисти инспирирани од Француската Револуција го извршиле атентатот врз Александар Втори. Заклучокот на последните два руски цареви гласел: про-европски реформи можат да водат само кон понатамошна дестабилизација и слабеење на Царството, и затоа Русија треба да се труди да тера бизнис со Европа, но не и да ги копира нејзините облици на општествено уредување.

Ваквиот мораториум на копирање на Европа траел се` до 1991 година со распаѓањето на Советскиот Сојуз, и како што видовме, повторното копирање на западните европски облици на општествено уредување не донесоа економски раст и напредок за руското население, туку само економска агонија и патешествија какви што немаа ниту во најлошите години на Советскиот Сојуз.

Затоа денешните руски власти ако е изводливо се обидуваат да практикуваат трговска размена со Европа и северна Америка, но немаат речиси никаков интерес за да ги копираат и европските и американските општествено-социјални догми на руска територија.

Ако им тргнат кон подобро економската соработка и трговијата со Индија, Кина и останатите азиски држави, можеби со тек на време ќе ја заборават Европа дека постои.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.888
Поени од реакции
7.267
Не тврдам него таков впечаток ми остави со некои коментари па затоа те прашувам за да се разјасни работата, со дискусија се се решава :icon_mrgr:
Јасно де, затоа ти реплицирам и објаснувам за да увидиш дека не сум за нацистите.

За тоа дали вистинската или погрешната страна победила, доколку западот за кој кажуваш дека лом направиле го гледаш како инструмент кој го злоупотребиле зионистите, а и СССР е нивно чедо, би се сложил со Патон.
Онаа Русија пред ц.ц.120г може да ја сметаме за пријател на Македонија, сегашна не сум баш сигурен. Мене ми изгледа дека источните и западните држави исполнуваат заедничка цел, на одредена каста.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.671
Поени од реакции
38.857

ти ги гледаш работите преку завери, треба малце да научиш геополитика за да разбереш, вака џабе правиме муабет кога мислиш дека трговските врски значат дека тие две држави мора да се сојузници.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.120
па се што кажувам за тебе, ги цитирам твоите постови, за разлика од тебе што лупеташ.
Ти читаш недочитуеш, којзнае што ти се случува во главата и носиш претпоставки. Јас на пример истражувам и гледам дека единствената цицка од којс си видел некаков ќар во животот е државната цицка, а генерално во последните 10 години јадеш стап.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.888
Поени од реакции
7.267
Ти читаш недочитуеш, којзнае што ти се случува во главата и носиш претпоставки. Јас на пример истражувам и гледам дека единствената цицка од којс си видел некаков ќар во животот е државната цицка, а генерално во последните 10 години јадеш стап.
Јас кога зборам за твоите сфаќања, тврдења ти цитирам твои постови, а и самиот си потврди дека к те боли за знамето и други демек свети работи, па де покажи како ја сум видел ќар од тендери, не за друго, сметководителот да не ме краде :гик:

ти ги гледаш работите преку завери, треба малце да научиш геополитика за да разбереш, вака џабе правиме муабет кога мислиш дека трговските врски значат дека тие две држави мора да се сојузници.
Ок, кажи од каде да учам за геополитика...или сподели мислење, не се срами. Ама првин дај почетна, ти веќе си профи, профи во броење тенкови. За да имаш колку толку претстава од геополитика, треба различни историски извори да читаш, а ти не сум сигурен дека си баш по читањето, да можеш колку толку да поврзуваш некои работи, а тука бајаги докажано не те бива.

Завери и манипулации се основните работи со кои најлесно и најефикасно се остваруваат целите, а за тоа треба добро планирање и познавање на човечката психа.

На сите теми со години верглате како јенките све контролираат, како за се имаат информации, а сега верувате дека туку така козојебачи воено ги победуваат, дека војската на САД не ја бивало итн, не дека САД намерно се уништуваат одвнатре, иако имам споделено видео каде и Хилари потврдува дека САД мора да ја изгуби доминацијата, за да остварат нивни цели.
Радувај се додека комунистичкиот систем од исток се имплементира на запад, а после внимавај што ќе пишуваш на форумов, оти може да ти забранат месо да јадеш.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.671
Поени од реакции
38.857
Јас кога зборам за твоите сфаќања, тврдења ти цитирам твои постови, а и самиот си потврди дека к те боли за знамето и други демек свети работи, па де покажи како ја сум видел ќар од тендери, не за друго, сметководителот да не ме краде :гик:

Ок, кажи од каде да учам за геополитика...или сподели мислење, не се срами. Ама првин дај почетна, ти веќе си профи, профи во броење тенкови. За да имаш колку толку претстава од геополитика, треба различни историски извори да читаш, а ти не сум сигурен дека си баш по читањето, да можеш колку толку да поврзуваш некои работи, а тука бајаги докажано не те бива.

Завери и манипулации се основните работи со кои најлесно и најефикасно се остваруваат целите, а за тоа треба добро планирање и познавање на човечката психа.

На сите теми со години верглате како јенките све контролираат, како за се имаат информации, а сега верувате дека туку така козојебачи воено ги победуваат, дека војската на САД не ја бивало итн, не дека САД намерно се уништуваат одвнатре, иако имам споделено видео каде и Хилари потврдува дека САД мора да ја изгуби доминацијата, за да остварат нивни цели.
Радувај се додека комунистичкиот систем од исток се имплементира на запад, а после внимавај што ќе пишуваш на форумов, оти може да ти забранат месо да јадеш.
па ти толку години си на форумот и ништо не си научил, па ме прашуваш од каде да читаш. Ти ги читаш тие теми, али изгледа ништо не разбираш. Тебе секогаш ти е поинтересно да ги гледаш работите преку завери. Затоа не можеш логично да ги процесираш дешавките. Така си програмиран да размислуваш.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.888
Поени од реакции
7.267
па ти толку години си на форумот и ништо не си научил, па ме прашуваш од каде да читаш. Ти ги читаш тие теми, али изгледа ништо не разбираш. Тебе секогаш ти е поинтересно да ги гледаш работите преку завери. Затоа не можеш логично да ги процесираш дешавките. Така си програмиран да размислуваш.
Ја логички не можам, ама затоа па ти едно познат по логиката, што да ти кажам.
САД при распадот на СССР праќаат 100 милијарди долари, оти се непријатели. Оној Бил Броудер со неговиот Магнитски закон, Путин не мрдна со прст и ред други работи, ама изгледа некоја посебна логика треба.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.671
Поени од реакции
38.857
Ја логички не можам, ама затоа па ти едно познат по логиката, што да ти кажам.
САД при распадот на СССР праќаат 100 милијарди долари, оти се непријатели. Оној Бил Броудер со неговиот Магнитски закон, Путин не мрдна со прст и ред други работи, ама изгледа некоја посебна логика треба.
верувај у глупости, не ти се мешам. Ме мрзи да се оправам за небулози со тебе. Али запрашај се, штом ти ги знаеш овие работи дали се стварни или дел на твојата имагинација или имагинацијата на некој друг теоретичар.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom