Падна малезиски авион во Украина.

  • Креатор на темата templar55
  • Време на започнување

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.645
Поени од реакции
35.505
Сите реални наводи укажуваат дека парамилитантите од областите по грешка го погодиле авионот мислејќи дека е украинско воено летало. Грешката се должи на ракувањето со таква скапа опрема со голем домет без обученост и знаење.
Можеш ли да ги наведеш изворите за тие „реални наводи„, впрочем и да објасниш што подразбираш под „реални наводи„?

Освен ако знаеш нешто што јас не знам (малку веројатно), се што ќе наведеш ќе бидат НЕОФИЦИЈАЛНИ информации. А ако сакаш за да зборуваме за веројатности и можности... за тоа веќе зборувавме.
Само погледај и размисли кој што добива а кој што губи во случајов... и веднаш ќе ти биде јасен одговорот (освен ако не сакаш да признаеш, како некои други тука).

За мене работава е многу јасна. Исто како што ми е јасно кој стои зад снајперистите во киевскиот Мајдан, исто како што ми е јасно кој стоеше зад масакрот на демонстрантите во Одеса.
Ова ти го зборувам под претпоставка дека ги пратиш случувањата во Украина. Во спротивно, извини што ти го (и си го) изгубив времето.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.130
Поени од реакции
12.714
Во секој случај дами и господа, ако на некој уште не му е јасно што беше целта на соборувањето на авионот... еве работите полека стануваат многу појасни.

Г-ѓа Хилари Клинтон не чекаше истрага да заклучи дека Русија е крива, ниту чекаше да каже што треба да се направи во врска со тоа.
Според неа Европјаните треба да бидат во примарна улога во одговорот кон Путин и Русија, затоа што „авионот летнал од Амстердам/ЕУ и е срушен на европско тло„. ЕУ треба под итно да престане да купува руски гас и нафта, според неа.
Нормално, не кажува од каде побогу да купуваат (евтини) енергенси. Но верувам САД ќе се најдат при рака да помогнат за тој мал проблем.


Погледајте и послушајте внимателно:



Инаку за тие што не се запознаени со светлиот лик и дело на Г-ѓа Хилари Клинтон, мало потсетување како според нејзе се води политика и како се решаваат проблемите во геополитиката:


Коментари, дами и господа?
@IgorChete никој не е роден учен и свесен за светов окулу нас, и јас сум раснет со американски филмови (и нивниот помалку или повеќе суптилен маркетинг) каде храбрите Американци го спасуваат светот. Во меѓувреме пораснав.
Многу сакам некој/некоја со муда да и одговори вака на оваа американска лицемерка - со нејзини зборови, чисто онака да и врати мило за драго, особено кога си дава за право да мудрува и да филозофира за вакви работи и си дава слобода да повикува на санкции кон Русија.

 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.645
Поени од реакции
35.505
П.С. Еуроконтрол порано или подоцна ќе мора да ги обелодени официјалните разговори на контролорите со авионот, исто како и радарските записи за движењето на авионот со тој флајт план. Така да нема потреба да дискутираме кој извор на податоци за рутата на авионот е порелевантен: точно се знае каде е паднат авионот. Авионот дефакто и дејуре долетал до воената зона. Се надевам не мислиш дека авионот магично се телепортирал таму?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Зошто просто кога може сложено? Не знам зошто упорно ставате проруски пропагандни текстови кои по секоја цена сакаат да им ги измијат валканите раце на терористите кои цело време ги поддржуваат.
Би било добро да не генерализираш и да ги издвоиш текстовите кои според тебе спаѓаат во пропаганда.
Изјава на официјални украински воени лица?
Извештаи за активноста на украинските армиски радари?

Сите реални наводи укажуваат дека парамилитантите од областите по грешка го погодиле авионот мислејќи дека е украинско воено летало. Грешката се должи на ракувањето со таква скапа опрема со голем домет без обученост и знаење.
Авионот бил прецизно погоден на 10.000 км, стварно мислиш дека немале обученост и знаење?

Во 2001 Украинската Армија на идентичен начин собори патнички авион на Сибериа Ерлајнс:

Siberia Airlines Flight 1812 was shot down by the Ukrainian military over the Black Sea on 4 October 2001, en route from Tel Aviv, Israel to Novosibirsk, Russia.
http://en.wikipedia.org/wiki/Siberia_Airlines_Flight_1812

Значи иста ваква несреќа била предизвикана од украинската армија, која според тебе би требало да биде соодветно обучена така?
Зошто да ја исклучиме истата можност?

Ukraine admitted that the disaster was probably caused by an errant missile fired by its armed forces.[1] Ukraine ended up paying $15 million to surviving family members of 78 victims($200,000 per victim).[2]

1.http://www.telegraph.co.uk/news/worldnews/europe/ukraine/1359353/Ukraine-admits-it-shot-down-Russian-airliner.html
2.http://www.al.com/news/index.ssf/2014/07/deadly_history_7_times_militar.html


Истрагата ниту почнала а вие заземавте страни небаре готова е работава.
И немој премногу да се опушташ со оптужби за некаква проруска пропаганда во случај кога ти си другата страна на огледалото.
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
471
Поени од реакции
462
Можеш ли да ги наведеш изворите за тие „реални наводи„, впрочем и да објасниш што подразбираш под „реални наводи„?

Освен ако знаеш нешто што јас не знам (малку веројатно), се што ќе наведеш ќе бидат НЕОФИЦИЈАЛНИ информации. А ако сакаш за да зборуваме за веројатности и можности... за тоа веќе зборувавме.
Само погледај и размисли кој што добива а кој што губи во случајов... и веднаш ќе ти биде јасен одговорот (освен ако не сакаш да признаеш, како некои други тука).

За мене работава е многу јасна. Исто како што ми е јасно кој стои зад снајперистите во киевскиот Мајдан, исто како што ми е јасно кој стоеше зад масакрот на демонстрантите во Одеса.
Ова ти го зборувам под претпоставка дека ги пратиш случувањата во Украина. Во спротивно, извини што ти го (и си го) изгубив времето.
Бунтовниците поддржани од Русија веќе имаат пукано и соборено други летала и тоа никој не го негира, неодамна набавија БУК проектили кои ја имаат доволната дострелна моќ за да достигне летало од овој тип, според нивни канали, профили и форуми и пред да се прочуе за ова, тие самите се пофалија со урнато воено летало, дури и го снимаа чадот од нивниот плен.
Веројатноста, можноста и коинциденцијата тука се мали.
Велам наводи затоа што не се работи за факти, ама тие имаат многу повеќе тежина наводите од тоа дека Украина или САД го урнале или наместиле авионот да го урнат бунтовниците. Пример сликата со летовите која ја принесе како доказ, и која не е точна.

Постои простор за дискусија на пример зошто имало таков пропуст од Управата за летање на Украина која не забранила да се прелетува на таа територија, и дали со тоа можеби само сакале да се деси вакво нешто, ама ќе признаеш тоа е тешко тврдење.
Не летал само тој авион, со месеци има воена зона и над тие подрачја прелетуваат многу авиони. Еден обучен техничар кој ракува со такви проектили и машини би препознал комерцијален од воен авион според брзината и висината на прелетот, и затоа и во други воени подрачја на други места во светот не било забранувано прелет. Така да ова не е преседан.
И дури и ова се да е намерно, пак тежината за самиот настан, макар и да бил како грешка, паќа на терет на бунтовниците и на Русија што ги поддржува и снабдува.

Во рутата на летот нема ништо специфично, и игнорантно е да велиш дека тоа треба доправа да се чека, кога ништо значајно не сугерира дека било спротивно.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.645
Поени од реакции
35.505
Многу сакам некој/некоја со муда да и одговори вака на оваа американска лицемерка - со нејзини зборови, чисто онака да и врати мило за драго, особено кога си дава за право да мудрува и да филозофира за вакви работи и си дава слобода да повикува на санкции кон Русија.

Не се сите продадени души, или ноеви со главата закопана длабоко во земјата.
(иначе за оние што не не разбираат ова е за фолс флегот во Либија, кога Америте намерно ги жртвуваа животите на вработените во амбасадата, за да го искористат тоа како причина за интервенција во Либија).
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Иста фора како со снајперите на Мајдан кое потполно се заташка да не се открие дека самата опозиција пукала во луѓето за да ги обвини Русите.

А многу е нелогично, како веќе месец дена бунтовниците имале БУК а во меѓувреме ги растурија од бомбардирање.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.130
Поени од реакции
12.714
П.С. Еуроконтрол порано или подоцна ќе мора да ги обелодени официјалните разговори на контролорите со авионот, исто како и радарските записи за движењето на авионот со тој флајт план. Така да нема потреба да дискутираме кој извор на податоци за рутата на авионот е порелевантен: точно се знае каде е паднат авионот. Авионот дефакто и дејуре долетал до воената зона. Се надевам не мислиш дека авионот магично се телепортирал таму?
Тоа не значи дека Еуроконтрол ќе ги обелодени вистинските официјални разговори.

Наводно новоруските бунтовници веќе ги пронашле црните кутии од авионот и јас лично повеќе би им верувал на нив отколку на Еуроконтрол.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Бунтовниците поддржани од Русија веќе имаат пукано и соборено други летала и тоа никој не го негира, неодамна набавија БУК проектили кои ја имаат доволната дострелна моќ за да достигне летало од овој тип, според нивни канали, профили и форуми и пред да се прочуе за ова, тие самите се пофалија со урнато воено летало, дури и го снимаа чадот од нивниот плен.
Веројатноста, можноста и коинциденцијата тука се мали.
Бук системот има свој радар кој зрачи и надгледува нишани и зема параметри од целта на стотици километри. То е активен систем и не може да биде скриен, тој емитува - зрачи сигнали и може многу брзо и лесно да се лоцира неговата местолоплжба. Да имаат такво нешто бунтовниците, тој систем би бил веднаш на цел на напад на украинската армија пошто преставува сериозна закана.
Овие авиони кои гио собориле до сега се соборени со рачни противавионски системи кои се пасивни, не емитираат сигнали немаат свои радари , и се движат кон целта со ИЦ иули УВ следење на трагоите. Авионите кои се соборени летаат на многу пониска висина од патничките, и можат да бидат соборени со такви ситеми а и со противавионски топови.
Не ми се верува дека бунтовниците имаа активен Бук систем тајно и неприметно и незабележано од Украина и НАТО.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.130
Поени од реакции
12.714
Бунтовниците поддржани од Русија веќе имаат пукано и соборено други летала и тоа никој не го негира, неодамна набавија БУК проектили кои ја имаат доволната дострелна моќ за да достигне летало од овој тип, според нивни канали, профили и форуми и пред да се прочуе за ова, тие самите се пофалија со урнато воено летало, дури и го снимаа чадот од нивниот плен.
Веројатноста, можноста и коинциденцијата тука се мали.
Велам наводи затоа што не се работи за факти, ама тие имаат многу повеќе тежина наводите од тоа дека Украина или САД го урнале или наместиле авионот да го урнат бунтовниците. Пример сликата со летовите која ја принесе како доказ, и која не е точна.

Постои простор за дискусија на пример зошто имало таков пропуст од Управата за летање на Украина која не забранила да се прелетува на таа територија, и дали со тоа можеби само сакале да се деси вакво нешто, ама ќе признаеш тоа е тешко тврдење.
Не летал само тој авион, со месеци има воена зона и над тие подрачја прелетуваат многу авиони. Еден обучен техничар кој ракува со такви проектили и машини би препознал комерцијален од воен авион според брзината и висината на прелетот, и затоа и во други воени подрачја на други места во светот не било забранувано прелет. Така да ова не е преседан.
И дури и ова се да е намерно, пак тежината за самиот настан, макар и да бил како грешка, паќа на терет на бунтовниците и на Русија што ги поддржува и снабдува.

Во рутата на летот нема ништо специфично, и игнорантно е да велиш дека тоа треба доправа да се чека, кога ништо значајно не сугерира дека било спротивно.
Во ред, да речеме дека ти држи вода теоријата, иако ама воопшто не ти држи вода теоријата.

Објасни каква корист би имале новоруските бунтовници и Русија од соборување на патнички авион ?

И онака веќе ги бомбардираат од сите страни и целиот свет не ги признава како легални и легитимни власти во источна Украина, па дури ни Русија не ги признава како такви, и кога веќе на дебело ја губат граѓанската војна во источна Украина, каква корист би имале од соборување на патнички авион, кога сигурно се свесни дека целиот свет ќе ги осуди и ќе даде амин за нивно целосно ликвидирање и срамнување со земја ?

Работава се повеќе и повеќе мириса на Сирија во август 2013, имало напад со нервен гас врз цивилно население и од самиот почеток - го осудуваат Башар ал Асад, иако воопшто не беше ни потврдено дали навистина имало напад со гас или станува збор за добро изрежирана видео снимка. Подоцна се докажа дека навистина имало напад со нерверн гас, но никогаш не се докажа кој е виновникот.

Но сепак САД и Велика Британија почнаа да ги позиционираат своите носачи на авиони во близина на кипарското и сириското крајбрежје, со цел да ја бомбардираат Сирија.

Но одеднаш наидоа на 2 сопки:

1. Владимир Путин испрати руски воени бродови во близина на сириското крајбрежје, вклучувајќи го и единствениот руски носач на авиони - Адмирал Кузњецов;

2. Мнозинството пратеници во британскиот Парламент гласаа против резолуцијата на Дејвид Камерон за употреба на воена сила против Сирија.

Па за да не испадне дека без потреба трошеле гориво за носачите на авиони и да не испадне дека Џон Кери без потреба тропал глупости, кога велеше дека како татко е згрозен кога гледа како други родители ги држат во своите раце безживотните тела на своите деца, поради што мора да се превземе воена акција против Сирија и против Асад, за да не испадне дека сето ова беше за џабе, западот побара од Сирија да го предаде целото свое оружје за масовно уништување за истото да биде уништено.

Патем, кога сме кај Џон Кери - потрчкото на Барак Хусеин Обама и на воениот профитер Џон Мекејн, каде е тоа дете ?

Сеуште не сум видел, ниту слушнал од него изјава за тоа како е згрозен од глетката на патнички авион урнат во источна Украина, според негови зборови - несомнено соборен од страна на новоруските бунтовници, поддржани од Русија, кои мораат да бидат казнети, да се соочат со правдата и да сносат последици за ваквото ужасно злосторство.

Работава со овој патнички авион урнат во источна Украина се повеќе и повеќе мириса на Сирија во август 2013.
 
Последно уредено:

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.271
Поени од реакции
13.817
Пред да се обвинуваат бунтовниците за ова дело треба да се размисли со ладна глава.

Бук е против авионски и против ракетен систем на средно растојание.
Радиусот во кој дејстува е 30 километри.
Проектилот достигнува максимална висина од 14.000 метри.
Бук системот функционира од 4 компоненти. Од кои 3 се клучни за негово ефикасно работење, командниот пост не влијае на неговата прецизност.
Системот се состои од:
1.Телар(возилото кое ги испукува проектилите)
2.Тел(возилото кое ги носи проектилите и е наменето за менување на испуканите прокетили од Теларот) и
3.Купола(пратечки радар и истовремено комаден пост)
4.Команден пост или возило.
Сите 4ри компоненти треба да се во радиус од 30 километри.

На сликава се гледа како функционира еден систем.




Теларот без Куполата не може да гаѓа брзо движечки мети.
Боингот се има движено со 900-1000 км на час.

Без Куполата, Теларот е овозможен да гаѓа мети до 3000 метри. Над тоа е оневозможен.
Друг начин преку кој може да се наведува Букот е преку сателитски наведување,доколку има отстутсво од Купола(радарот) нешто што бунтовниците нема шанси да го имаат.
На сите слики до сега од бунтовниците имаше само Телар или ТЕЛ од цел систем.
За работа на цел систем БУК потребно е околу 25 обучени лица.




Може да се работи и за против авионскиот систем 9K33ОSА.
Против авионски систем на кратко растојание.
Проектилот му достигнува и до 12.000 метри а радиусот на десјствување е 15 км.
Се состои од едно возило, и е доста подвижно што го прави тешко за уништување и за лоцирање.
За негова употреба се потребни 5 лица.
Ова е системот ОСА.
 
Последно уредено:
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
There is just not enough info at this point. Wait for black boxes investigation. Spanish ATC reported two ukranian jets following Boing. There were three explosions and two parachutes (proly one of the jets got taken out as well).No one knows where captured BUK is and if it's operational (which is highly unlikely) and that thing can't just fire on it's own, it takes up to 11 vehicles/stations to work together ,find crews for them, etc.[DOUBLEPOST=1405676168][/DOUBLEPOST]Репортер од Пентагон.
US official: "Everyone's pointing at the separatists, it might not be the separatists." #MH17
Зошто паѓате на вакви Твитер тролови?

In e-mail reply to @thespainreport, Spanish embassy in Kiev says airport @spainbuca says he worked at said: "all controllers are Ukranians".

https://www.facebook.com/TheSpainReport/posts/486469588164237 Официјална изјава од Шпанска амбасада.
Твитерашот бил доста активен уште од времето на демонстрациите во Киев, тврдел дека доменстрантите му се заканувале по живот и дека го избркале од работа и од Украина. Арно ама, таму кај што тврди дека работи, работат само украинци.
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
471
Поени од реакции
462
Бук системот има свој радар кој зрачи и надгледува нишани и зема параметри од целта на стотици километри. То е активен систем и не може да биде скриен, тој емитува - зрачи сигнали и може многу брзо и лесно да се лоцира неговата местолоплжба. Да имаат такво нешто бунтовниците, тој систем би бил веднаш на цел на напад на украинската армија пошто преставува сериозна закана.
Овие авиони кои гио собориле до сега се соборени со рачни противавионски системи кои се пасивни, не емитираат сигнали немаат свои радари , и се движат кон целта со ИЦ иули УВ следење на трагоите. Авионите кои се соборени летаат на многу пониска висина од патничките, и можат да бидат соборени со такви ситеми а и со противавионски топови.
Не ми се верува дека бунтовниците имаа активен Бук систем тајно и неприметно и незабележано од Украина и НАТО.
Од каде ти е информацијата дека таков систем толку лесно и задолжително би бил препознат? Ако е така би бил бескорисен како воено оружје. Да, се препознава, ама не толку лесно и активен е само момент кога треба да заклучи на целта.
 
Последно уредено:
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Видео од БУК-от на кој недостигаат 2 ракети, бега накај Русија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom