ПСИХИЧКО НАСИЛСТВО НЕ ПОСТОИ !

  • Креатор на темата Креатор на темата VIKICA33
  • Време на започнување Време на започнување
Тенка е линијата помеѓу психичкото и физичкото насилство, тукуречи толку тенка ѓоа пајажинка, која многу лесно се кине, и ситуацијата може да ескалира....не прашувајте од кај знам...посебно ако два остри камења решиле да не мелат брашно, туку да се тчат еден со друг.:pistoldz::duel:
Uzivaj, ne prasuvame od kade znaes (y)
 
:pos:
Еве ти еден пример од комшии кај мене, маж и жена млади пензионери се сега, околу 65 години, а на нивни помлади години, пред околу 20 30 години, сите знаеја дека женава си имаше швалер...една вечер тој швалер дојде со мандолина да и свири под прозор севдалинка на љубовницава, пред куќите на свекор и, мажот и потоа дома забите во раце и ги даде,ја убил од ќотек, инаку дотичниве имаат три деца во бракот, понатаму следеше легендарна изјава од свекорот, дека снаа му била во право, зошто син му да чинел таа немало да си ја бара среќата кај друг, и немало да мрда со опашката. Ај сега де.

Еве ги есенва и ајварчето си го стокмија и кафенце со комшии си пијат хаха ха хи хи хи у двор се слушаат., ечат! Дали тоа биле други генерации? А сега само еднаш ако мажов ја опцуе жена му, или чувај Боже и исчупа влакно од коса одма развод.

Не оправдувам насилство во никој случај, нека не биде мојов пост погрешно сфатен!!

Само раскажав вистинита приказна, има и еден друг пример од блиски пријатели, мажот така си ја удирал жена му, повремено, и таа еден ден и се стемнило зела една даска и по глава мавај удри, потоа и полиција викаа ама не се разведоа. Потоа мажот почина и сега е вдовица.
Poznavam i nekoi drugi shto sega si zhiveat srejcno :shook:
 
Последно уредено:
Teta ni ja nema da ni ja razresi dilemata.
Sto e psihicko nasilstvo i dali peglanite alista spagjaat vo psihicko nasilstvo.
Ako gi prasame ovie modrrnite, psihicko nasilstvo mozi da ispadni i ako mazot ne ja ostava da prespie kaj svalerot, zatoa vaka ke si ja prasame teta i da sme nacisto.
 
Јас не реков дека нема жртви мажи, има и те како! Секој си одговара за своите постапки. Не е ова натпревар. Не знам на каква победа мислиш.
Како мислиш одговара, за што?
 
За своето насилство(психичко и физичко)
Во случајов се дискутира за ситуации каде истото не постои, или е бизарно да се нарече насилство, и верувам дека има такви превари, адвокатите живеат од вакви пациенти.
Автоматски споено мислење:

Малце оф топик. Глеам петелот многу ги малтретира кокошките, не се симнуе од нив... Да звонам во анима мунди, може ќе го викнат на советување?
Ако немал согласност толку од него, по можност на писмено.
 
Во слична ситуација сум, но на 60 години не би скокнал во третиот чамец,
па макар бил пратен и од Бога, лично.
Ќе си ја побарам „среќата“ на друго место,
општествени куќи има колку сакаш.
Пари земаат и тие од чамецот...
Ако тоа е све што ти треба од жена, тогаш тоа е право место за тебе. :)
 
Ако тоа е све што ти треба од жена, тогаш тоа е право место за тебе. :)
Дали сакаш да кажеш, дека некоја жена ќе те земе на 60 години... од ЉУБОВ. Јас на жена пружам љубов, она мене ми пружа алишта...
Готвам сам, се перам сам. Ниедна нема да сака со мене да живее заради љубов на тие години.
Па, кога веќе и "поозбилните" те гледаат само од некоја си корист, барем ќе ги дадам моите пари на нешто помладо и полично, кое никогаш нема да ми рече: "не можам, ме боли главата", за на крај да те остави заради "психичко насилство" и да појде кај друг.
 
Дали сакаш да кажеш, дека некоја жена ќе те земе на 60 години... од ЉУБОВ. Јас на жена пружам љубов, она мене ми пружа алишта...
Готвам сам, се перам сам. Ниедна нема да сака со мене да живее заради љубов на тие години.
Па, кога веќе и "поозбилните" те гледаат само од некоја си корист, барем ќе ги дадам моите пари на нешто помладо и полично, кое никогаш нема да ми рече: "не можам, ме боли главата", за на крај да те остави заради "психичко насилство" и да појде кај друг.
Ниедна не би сакала да живее со тебе само за да ти ги пружа алиштата, а да нема љубов од тебе.

Башка постарите жени би требало да се веќе реализирани, имаат изживеано добар дел од животот, па поверојатно е дека не би те гледале за некоја корист како што кажуваш. Поверојатно е од некоја што го нема изживеано животот да го доживееш тоа.
 
Дали сакаш да кажеш, дека некоја жена ќе те земе на 60 години... од ЉУБОВ. Јас на жена пружам љубов, она мене ми пружа алишта...
Готвам сам, се перам сам. Ниедна нема да сака со мене да живее заради љубов на тие години.
Па, кога веќе и "поозбилните" те гледаат само од некоја си корист, барем ќе ги дадам моите пари на нешто помладо и полично, кое никогаш нема да ми рече: "не можам, ме боли главата", за на крај да те остави заради "психичко насилство" и да појде кај друг.
Тоа ти кажав, ти си бараш нешто конкретно: секс, пружање веш и готвење. На твоја возраст постојат осамени жени кои пред се сакаат да го поминат животот или остатокот од животот со некој и најмалку им дошло до твоите пари. Ама ко што реков, се е до тоа што бараш, и по тоа што ти бараш, веројатно ги правиш вистинските работи за тебе.
 
Ова неколкуте жени на форумов одма застанаа во одбрана, а тука темата е почната како во законот жените си злоупотребуваат вадење дека трпеле психичко насилство за поголема алиментација. И тие 2 што пробуваат барем малку да глумат непристрасни накрај мажот сам си ја бирал жената и требал да гледа, другата дека свекорот рекол дека не е крива снаата што и мрдала опашката туку неговиот син. Класика. :icon_lol:
 
Обичниот човек е лекоумен и склон кон брзо донесување на погрешни заклучоци.
Јас сум во поодминати години, па сѐ уште не ми доаѓа памет
и се истрчувам ко прле пред магаре. Ќе пробам во кратки црти да се изјаснам.
Некои зборови болат...
Не сум јас за „јавна куќа“, како што се пошегува некој со мене овде,
но, бев тргнат по уште полош пат од кој што немаше веќе враќање,
па во последен момент скршнав од патот,
и тргнав по патеката што ме одведе „таму“.
...
Научив и што значи ЉУБОВ, дури и на ваквите како мене
Господ ни праќа 3 чамци со среќа.
Во вториот чамец седеше... со 4-годишно дете,
и ден денес му помагам како да е мое.
Љубовта е опасна состојба, посебно ако е возвратена.
Ветив дека ќе ја сакам ВЕЧНО, или што викаат у црква, дур смртта не не раздели.
Тоа ветување го исполнив, но ме мачи второто ветување што и го дадов,
а не го исполнив (дека нема да дозволам да и се случи нешто).
Појак беше „тој“, ми ја извлече директно од мојата прегратка.
...
И тогаш тргнав јас по патот (мислев дека тој е „вистинскиот“).
Ја видов бездната како се приближува, а јас упорен, право према неа.
Но, и тука „тој“ одлучи, не ми било времето вели, сум имал деца за дочувување.
Па, еве ме сега на „погрешниов“ пат, ја барам изгубената ЉУБОВ,
и така барајќи подолго време наидов на една куќа
како од приказната со Ивица и Марица (место ќерамиди има чоколади,
фасада со интересни цртежи како од сликовница, интересни светилки и то).
Влегов и таму да видам дали ЉУБОВТА можеби живее во неа.
Одговорот, верувам дека и сами го знаете...
...
Вистинска ЉУБОВ се случува само ЕДНАШ во животот на секој ЧОВЕК
и трае многу кратко, до кај 3 години.
Останатото е обострано ПСИХИЧКО малтретирање,
со големи жртви од двете страни, но само така може да потрае заедницата.
И затоа нема да влезам во третиот чамец, ами ќе јадосувам до крајот на мојов бесцелен живот.

Поздрав од еден грешник
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom