Нија сељани мисла од село, стално од култура викаме Добра вечер. Е сеа кај шо сме тука дојдени дур не ни је избеган алтобусо вечерен да ти кажа оту ова твојево је неје реферат. Реферат мојт да ти бијт нешто, пример ак ти заврта еден пос(т), не ај оту шо ќе бијт реферат, тук ќе мојш да напрајш збирка од раскази од него, чак мојт и да заработаш ак ти се нафатит некоја идзавачка куќа да ја издајт, а сигурно ќе се нафатит. Оту ќе се нафатат знам јас, врзан сум со сиве, сите ме знат а ме спомниш, истите тија зимет грав, пченка и пчејнца од кј мене, марула и троа праз, саде пиперот ова годиње не ми се погоди. Сакам да реча а незна да кажа, у чему је тај проблем ко теби?
Од шо ти е страф, па таму немат Орки од Мордор и Планински Гоблини од Морија за да се плашиш. Е сеа аку немаш доволно самодоверба или имаш настегано комплекс ќе им дајш до знаење дека си пишпириче не саде на факс, туку и во животот ќе ми те веслаат од позади добро. Е сеа да ми ти кажит овај сељанинов од Асанџура од угаре, прво заврши си средна чколија како што треба и не си прај бајрам со умот уште од сега за ова. По завршување размисли си добро што сакаш да правиш во животот. Преиспитај се добро, најпрво ти, па потоа и твоите од дома колку им се можностите. Е коа ќе удриш една рецензија тоаш сигурно ќе знајш што најмногу сакаш и што мислиш дека најмногу ќе ти одговара. Пази пуштај ја ногата колку шо ти је чергата
.
Брату/Братка (сумљива/сумвљивец си
) незна шо си, али не се сакалдисви уш од сеа, оту знаш ујдурма ќе те фати. Да преведа, ова шо го пишиш ти ја исто ко уш од сеа да мислиш шо фстан и шо штикли на свадбата ќе носиш, за така мојме да си прајме бабини деветини и пишејнци овде колку си ми ти душа сакат. Ја би ти рекол да се држиш до тоа шо ти го напишав угаре. Виј се имаш седумнајсет (мојт и лажиш ја незна), ги имаш годините дружи се, забавувај се, дрогирај се и пиј пљуги и алхокол(се шалам), терај си го средното тоа ти је приоритет и не се сакалдисви уш од сеа. Оту шо поќе навлегвиш то поќе прашања и потпрашања ти се отвораат на кои шо немаш одговор, на крај ќе биш пршалник или се ќе ти биде кашапопара, сигурно.
Остани ми созравје.
Со љубов ти пиша, твојот кајгана сослеанин Ем Тире Еден.