ПМФ-Географија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bojan96
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
3 март 2012
Мислења
63
Поени од реакции
3
има некој што студира тука?
 
Зашто? Дан сакаш да се заебеш и да одбереш географија?
 
Што да ти кажам, размисли сам. Што ќе работиш со географија? Професор во средно. Гооолем успех ќе постигнеш.
Професорот по средно што ми предаваше географија беше магистер. Пред да се вработи таму, со години бил невработен. Презадоволен беше што нашол работа.
Види брат, во држава со 33% невработеност, со никаква економија немаш ти таков луксуз да учиш она што сакаш и да имаш разумна шанса да се вработиш со истото. Мораш обратно да одиш, што ќе ти даде подобри шанси за успех, а да можеш да го учиш.
 
да сакам да работам како професор и сакам да го работам тоа што сум го сакал, јас лично неможам да работам нешто што не сакам ете твојот професор неможел одма да се вработи ама некој можат и одма .
 
Оваа година на ПМФ има запишано најмногу студенти на географија т.е. на туризам, мислам преку 500 души. Наредниве години изгледа тој смер ќе биде во мода на ПМФ.

Институт за географија
 
да сакам да работам како професор и сакам да го работам тоа што сум го сакал, јас лично неможам да работам нешто што не сакам ете твојот професор неможел одма да се вработи ама некој можат и одма .

Срамота е да бидеш професор и да не знаеш дека се пишува ,,не можел,, место ,,неможел,, и ,,некои,, за множина, а ,,некој,, за еднина.
 
има некој што студира тука?

Што те интересира за ПМФ - географија? Оти сега функционира по смерови:

- наставна географија
- физичка географија
- демографија
- туризмологија
- Географско - информациски системи

Значи, батали ги овие know all фаци што ти реплицираа и ти напоменаа дека ке се заебеш со географијата и со тоа дека највисок дострел ти е „професор“.

Прашај што те интересира конкретно, ќе те удостојам со одговор.
--- надополнето: 23 мај 2012 во 13:21 ---
Срамота е да бидеш професор и да не знаеш дека се пишува ,,не можел,, место ,,неможел,, и ,,некои,, за множина, а ,,некој,, за еднина.

Жити наводниците писмени.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu5
И јас сум заинтересирана за овде и од студискиве програми најмногу ми се свиѓа географско-информациски системи
каде можеш да работиш со ова? Многу интересно ми делува. o_O
 
И јас сакам да се запишам на географија. Дали ќе можете да ме известите за прогесорите ? Дали се строги ?? :)
 
И јас сум заинтересиран да се запишам географија, а тоа што некој мислат дека со географија најголем дострел можеш да бидеш професор, слободно можам да кажам дека тие нешто слушнале ама не дослушнале. Тие што имаат големи географски познавања и што имаат желба да студираат географија му предлагам да се запишат на овој факултет, на кој што и јас ќе се обидам да претендирам.
 
Што да ти кажам, размисли сам. Што ќе работиш со географија? Професор во средно. Гооолем успех ќе постигнеш.
Професорот по средно што ми предаваше географија беше магистер. Пред да се вработи таму, со години бил невработен. Презадоволен беше што нашол работа.
Види брат, во држава со 33% невработеност, со никаква економија немаш ти таков луксуз да учиш она што сакаш и да имаш разумна шанса да се вработиш со истото. Мораш обратно да одиш, што ќе ти даде подобри шанси за успех, а да можеш да го учиш.

Потполно се согласувам, дури ни професор нема да можеш да бидеш ако немаш добри врски. Јас со атласот сум од прво одделение али ете ни на крај памет не ми текна да се запишам на географија, затоа што сум сигурен дека ке се покаев сега. Да живеев во некоја економски посилна држава ќе се запишев и со мерак ќе си завршев, меѓутоа добронамерен совет, доколку немаш кој да те ,, пикне " по завршување за работа ... барај си друг факс ...
 
Да да, затоа ќе си завршиш економски или правен, и имаш загарантирана работа.
 
Ќе
Да да, затоа ќе си завршиш економски или правен, и имаш загарантирана работа.

Ќе отвориш сајтови за вработување и ќе видиш што најмногу се бара на пазарот на труд, па ќе пробаш и ти да се прилагодиш кон нашава економија.

Еве чисто за информација што се бара, а кои кадри ги има повеќе отколку што има работни места за нив во РМ

http://www.time.mk/read/17d055832c/f5589219a7/index.html
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom