bucio
Урбан индијанец.
- Член од
- 8 јули 2008
- Мислења
- 16.330
- Поени од реакции
- 7.799
Атрактивната интерпретаторка на забавни мелодии од Хрватска , Северина Вучковиќ, ќерка на некогашната музичка дива Зденка Вучковиќ, ќе ги "пали" прилепчани и десетици илјади гости на Пивофестот во Прилеп од 16 до 19 јули во центарот на градот . Дека популарната Севе со "Моја штикла" и со неколку други хит мелодии, како и со приватниот порнографски клип, ќе се качи на сцената во Прилеп pos:) потврдија од организацијата. Речиси 90 отсто е сигурно дека Севе доаѓа во Прилеп, покрај балканските ѕвезди Луис од Белград и рок бендот Електрични оргазам од Загреб.
И македонската естрада ќе ги забавува прилепчани. Од народњаците, доаѓаат Гоце Арнаудов и Сузана Гавазова. Од забавната елита: Ван Гог, Тони Зен, Заре Бербер, Серчук оркестар, Фолтин, Ламбе Алабакоски и др. Во четиридневната слава на пивото, празникот ќе го збогатат дискџокеи со претстава од утро до утро на споредната сцена. Музика ќе избираат радиоводителите Александар Блажевски, Вера Јанковиќ и Драган Б. Костиќ.
Сеуште не е утврден бројот на пиварниците, но се најавуваат многу повеќе излагачи од минатите години. Зголемен е и интересот на мајсторите за скара.
Според проценките, поради погодниот термин во средината на јули, на прилепскиот Пивофест ќе "туркаат" пивски кригли (едитирано: нема кригли, само хартиени чаши) над 200 илјади прилепчани и гости.
ИЗВОР: Зенит.
Леле Северино мори само ако дојш, има сите манијаци да се соберат во градов :zlo: .