Охрид

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Поздрав другари. Ме интересира Абаз Емин дали е асфалтирана целосно?
Не.
Ама имат нов паркинг со плаштање за неколку дена шо го асфалтираа.
Автоматски споено мислење:

Поздрав другари. Ме интересира Абаз Емин дали е асфалтирана целосно?
Не.
Ама имат нов паркинг со плаштање за неколку дена шо го асфалтираа.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
Abas Emin na sekoj mesec dena po site portali na golemo se pisuva za asvaltiranjeto. Sekoj 50 metri asvalt pompezno se najavuva, cinis avtopat gradat. Sahtite se 10cm na asvaltot, pa se preporacuva vozenje so kola samo denje, nokno vozenje po Abas Emin samo ako vozite sluzbeno vozilo:icon_mrgr:
Ne e gotova uste.
Ako ne e gotova ovaa prolet, drugata esen ke bide sugurno :icon_mrgr:
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
794
Поени од реакции
272
Баш затоа и прашав, гледам по медиуми се фалеа и пишуваа дека ја асфалтирале. Ме интересира поточно на почетокот од кружниот кај Монтенегрин до вулканизерот/пералната дали има асфалт?
 
Последно уредено:

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
Баш затоа и прашав, гледам по медиуми се фалеа и пишуваа дека ја асфалтирале. Ме интересира поточно на почетокот од кружниот кај Монтенегрин до вулканизерот/пералната дали има асфалт?
Ima eden sloj asvalt, potocno i poprecizno 3 mm asvalt :icon_mrgr: i ima 156 sakti ostaveni, po 10 cm nagore, cisto da ja iskrsis kolata ili za da ne ti bide dosadno vozenjeto, pa da kruzis okolu sekoja sakta:icon_mrgr:

P.S Najubavo mesto za ziveenje e Ohrid. Ti ne treba za nisto da se grizis, komsiite ti go berat celo gajle:love:
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.921
Поени од реакции
12.411
Градов секогаш ми бил посебен и сум голем локал патриот, и со душа чекам секој пат да си дојдам, ама последнава посета ми беше огромно разочарување. Од септемврито ко си заминав до сеа ни едно камче не е поместено, мислам дека градов ги живејт најмизерните деној од ко памтам. И сиромаштијата веќе е се поизразена, а и некој работи шо се напраени поубо да не ги праеле пошо со ваков табиет на луѓе џабе е се.
Да почнам од патот Охрид Скопје, срамота жива. Не знам како му се купвит на некој нова кола во Охрид, едно излегвење од градов и одма на ремонт требит да се носит. Мизерија жива, депресија уште невлезен в град, како шамарче едно за да те разбудит од сонот и да те спремит за то шо те чекат в град.
Влегвиш в град и таков хаос во сообраќај те чекат, џо Лос Анџелес си, не во прдеж место со 30 000 жители. Не постојт пешачка или велосипедска патека, то е непозната именка за Охриѓани. Пушти четри жмигавци и паркинг секаде. Да не прам муабет дека за 10 минути максимум стигвиш од една до друга точка пешки, ама ејјј прајме муабет за Охриѓани, ова е свето парче земја,не се будали пешки да одет.
Од друга страна паркинг немат за жива гла, полиција па уш помалце. Најголемо олицетворие на нишај врата земај плата ми е охридскава полиција. Махери, алал нека им е. То зима, то лето, си седет внатре во канцеларија и ич уво не ги болит шо се дешават низ град. Имат двајца шо се шетет низ чаршија ама тие се само за маски, немет ингеренции над сите возила паркирани на тротоар со четри жмигавци. Колегите им биле задолжени за то, шо е право право си е. Правилна распределба на работа, не можит и маски да пазит и коли дали имало. Сепак се полицајци.
Сообраќајот хаос. Три пати ќе ме изгазеа на пешачки. Нит ти застанвит некој нит ти се пулит. Ги разбирам луѓето, се брзет до 6 на кафе да стигнет. Јас ко растев ги јачаа колине на пистана, ама сеа излеа секое уличе е станато писта. Жмигавец е непознат збор. Врти на полна линија на Јане Сандански, немај гајле, немат полиција и така. Дива лига.
Ова уличново осветување кој го донесе се најмило по список. Штедливо не знам какво. Ај шо додават на депресивната атмосфера, ама НИШТО не се гледат навечер. Недај боже некој со црна облека решит да поминит на пешачки, дур го видиш Лескоец ќе завршит.

УНЕСКО, ма какво унеско за овој народ. Се рушеле дивоградбите, почнаа во јуни рушија две три плажи и си продолжија по старо. Немале пари да рушет. Опни му една кривична ако не го рушит ќе видиш како ојт се брзо. Најкатастрофална администрација, браво и на овие исто ко на полиција, алал нек им е. Се посраа ама со големо П. Имат бе градов некој архитект, некој дават дозволи за градење, имат некое просторно планирање? Па не е можно толку згради да се градет во градов, секоја колиба зграда стана. Зелена, плава, црвена, не е битно, гради Мишкоооо! Дали изгледат убо, не изгледат, дали требело, не требело, дали придонесвит за загадвење, дали имат можност за зграда тука, небитно скроз! Да се градит, да се крадит! Никој не мислит бе дека останвит за век и веков ова? Не е зградава изгради ја и за 5 години руши ја. Го видоизменаа градов, цицка ги нејало.

И то нешо шо се напрајло онака, ко мачката со опашката. Не можам да разберам, да ја прекопаш цела улица, да ја асфалтираш И ОВА ДА ГО ОСТАЈШ? Да не прам муабет дека немат тротоар, пешациве может и да лебдет, научени се, ама ебаго мајката, уш колку асфалт е ова?
137518404_449948402809002_5417958478581968772_n.jpg

И патекана до прва сеа ја приметив, средена наместена, и остаени каблите така отворени, од страна калој, недоасфалтирано. Зошто море?
И ова нешто шо ќе го напрает колку толку и на то ќе му се посерет Охриѓани. Улицава асфалтирана, ама сите колите паркирани на улица. Излеа го тестирет асфалтот. Дома дворој олкај, ама ќејфот е голем излеа за нов, свеж асфалт. Зш да прает паркинг место ко комотно может зграда да изградет в двор, и то го видовме низ град.

И ко ќе градиш толку неплански ќе успејш на град на езеро, со прекрасна клима со години уназад, со никакво загадување, е на таков град ќе го донесиш на прво место на загаденост. Градов корнит на чад, ова не е ни магла. Индустрија неаме за да загадвит, излеа сите на дрва или на пластика се горет. Живеам на 300 метри од езеро и џабе, сите згади шо се изградија за да се полнет буџованите со пари, е тие згради сеа прает никаков провев да немат подолу од Партизанска. Требит да излезиш на езеро за да те дувнит ветре, катастрофа. Штипит на очи ова веќе, не е нормално. Ама како и за се друго и за ова НЕМАМЕ НАДЛЕЖНИ, НЕМАМЕ СРЕДСТВА, НЕМАМЕ ИНСПЕКТОРИ, стандарден одговор од општина.

Бегајте луѓе шо е можно побрзо од овде, ова ни атомска бомба не го спасвит. Една позитивна работа не видов од ко сум дојдена, а препефкав за да се вратам. Овој град во оваа моментална состојба немат допирна точка со градот кај шо пораснав. Страв ми е само кај е крајот на ова уништвење.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.499
Поени од реакции
3.317
Ne mozam jas da dobijam ne igram.....ne razbravme ni koj e gazdata na SL ni dobitnikot?
Добитникот е Сашо мајмунон, ама никогаш нема да ги видит овие пари пошо е баг на машината, не е возможно да се паднит ваква добивка...

Иначе газди на спортлајф се браќа близнаци од Крушево, растени во СК не им ги знам имињата, едниот го викет Јапонец :ROFLMAO:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Ова уличново осветување кој го донесе се најмило по список. Штедливо не знам какво. Ај шо додават на депресивната атмосфера, ама НИШТО не се гледат навечер. Недај боже некој со црна облека решит да поминит на пешачки, дур го видиш Лескоец ќе завршит.
Ова.
И многу други истава реакција ја имале.

Не ми се возит навечер од овие таканаречени светла.
Се осеќам ко со затворени очи да возам, само ми е страв некој ден дан се изненадиме со некој друг `слепец` шо ќе преминвит улица, па двајцата да нсстрадаме од туѓи генијални идеи.
Пошо сообраќајов на моменти ни е ко Њујорк не е можно, ама ми идат со долги светла да возам цело време.

Бакрач, еби си матер!
 

Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.173
Поени од реакции
2.112
Барем ко ќе ни давет нафта, нека ни турат и кока кола внатре :D
Прегледај го приврзокот 280724

Еве што имаат сработено.

[B напиша:
Слабостите нотирани од УНЕСКО за односот на државата, институциите и властите на национално и локално ниво кон Охридското Езеро и градот Охрид како природно, односно културно наследство прогласени за светско богатство и несоодветниот одговор на државата и институциите по забелешките нотирани од Светската организација резултираа Охридскиот регион да ги исполни критериумите да биде впишан на Листата на УНЕСКО со светски богатства во опасност.[/B]


Обемниот Извештај на УНЕСКО со стотина страници за состојбата во регионот доставена до надлежните државни институции ја отсликува ситуацијата на терен, со сите недоследности, пропусти, промашувања, отстапувања, грешки и неостварени ветувања за подобрување. Извештајот е критички и реален, но пред се неповолен така што најверојатно нема да има некакви поголеми отстапувања од неговата финална верзија што најверојатно Охридскиот регион ќе го помести на Листата на загрозени светски природни и културни богатства.

Според она што може да се види во документот, властаите, како на национално така и на локално ниво, не ги имаат исполнето преземените обврски од 2017 година за намалување, односно остранување на индентификуваните закани по заштитеното подрачје. Напротив, дури и се посочуваат примери на продолжување на практиките на постапување спротивно предупредувањата посочени во Реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО од 2017 година. Негрижата кон природното и културното богатство резултира со постепена ерозија на атрибутите поради кои го уживаше добиениот статус.

Како што се наведува во извештајот, се уште постојат и се разработуваат планови и проекти што не соодветствуваат на статусот на УНЕСКО, а се нотирани и нови закани. Регистрираните неправилности во менаџирањето од институциите, во комбинација со недоволното имплементирање на законските одредби доведоа до реализација на несоодветни проекти со негативни последици во планирањето на развојот, дури и со предлози за мегаломански проекти, што сето заеднички доведе до сериозно нарушување на природниот и урбаниот изглед на градот и поширокото заштитено подрачје, со што Охридскиот регион ги има исполнето условите за негово ставање на Листата на загрозени светски вредности на УНЕСКО.

Меѓу другото, забелешките нотирани во нацрт-извештајот се однесуваат на веќе познатите проблеми, пред се прекумерната и неконтролирана урбанизација, бавноста во справувањето со дивоградбите, како на крајбрежјето така и во заштитеното градско подрачје, но и дерогирање на животната средина, нефункционалниот колектор, отсуството депонија за цврст отпад…

Во документот се посочува и на отсуството свест кај населението за одговорен однос кон светските културни и природни вредности, се забележува одлагање шут ѓубре на диви депонии, поставување соларни колектори на куќите во Стариот дел на Охрид со што се нарушува автентичниот изглед заради кој е доделен статусот светско културно богатство, па и поставувањето урбана опрема и тенди од најразличен изглед и боја во непосредна близина на светските културни вредности и споменици на културата.

Не се поштедени ниту институциите формирани за да се грижат за спомениците на културата и на природата, се посочува на несоодветната конзервација и реставрација на заштитените подрачја и објекти, се премолчувало или замижувало пред урбаното насилство врз културните вредности.

Документот содржи листа препораки со задолженија што мора да се спроведат, меѓу кои има обврски што мора да се реализираат неодложно и веднаш, за некои точки даден е рок за нивно спроведување, додека одредени проекти и планови ќе мора да бидат целосно отфрлени, каков што е планот за изградба марина во Студенчишкиот канал. Неодложно прогласување на Студенчишкото блато за строго заштитена зона и забрана за какви било интервенции во тој дел од крајбрежјето. Како итно се бара продолжување на процесот на отстранување на дивоградбите од крајбрежниот појас на Езерото, со изготвување регистар на дивоградби и тоа во сите општини од регионот и воведување вистински мораториум на градење се до донесување нови одржливи урбанистички планови.

Се посочува и на потребата од изнаоѓање алтернативни траси на далноводи, за железничката пруга на Коридорот 8, за гасоводот Битола – Елбасан, за автопатската делница Требеништа-Струга, контрола на степенот на искористување на водата од Езерото за производство на електрична енергија, пренасочување на реката Сатеска во старото речно корито…

Дури се оспорува и реализацијата на проектот за реконструкција на Кејот „Македонија“ во Охрид. За таа намена Владата неодамна на Општината и додели средства, обезбедени преку пренамена на пари предвидени за карго-аеродромот во Штип. Проектот чија реализација беше најавена за оваа година сега испаѓа дека е во спротивност со забелешките од УНЕСКО, од каде посочуват дека реконструкцијата не смее да се спроведува со изготвениот туку да се изврши по нов проект без отстапувања од постоечкиот габарит.

Обемен дел од извештајот го нотира она што е познато – евидентираното генерално отсуство на свест на институционално и индивидуално ниво за вредноста на регионот, постоењето конфликтност во визиите за развој и за приоритетите меѓу државните институции, субјектите надлежни за неговиот развој, слаба или отсуство на комуникација и координација меѓу националните институции, нивните регионални оддели и локалната администрација, како и недоволната вклученост на граѓанското општество во проблематиката. Се инсистира на поголема интеракција и соработка на државните и локалните институции, комисиите од сите сектори, но и интензивна прекугранична соработка со соодветните тела и институции во Албанија, се со цел нивна координираност во насока на заштита на регионот.

Ставот на државата по однос нацрт-документот засега е дека се работи на подготовка на заеднички одговор од сите засегнати страни како државни институции, министерства и локални самоуправи. До Националната канцеларија на УНЕСКО ќе бидат доставени ажурирани информации за степенот на реализација на спроведените препораки и одлуките на УНЕСКО од Реактивната мониторинг мисија од 2020 година.

Мала е веројатноста дека тоа нешто ќе смени кога е во прашање актуелниот статус на Охрид и Езерото, за кои постои реална основа да бидат поместени на листата светски вредности во опасност. Тоа не значи нивно бришење од листата на заштитени природни и културни вредности на УНЕСКО, туку очекувана разврска на она на што беше укажувано години наназад од страна на експертите и критичката јавност, како несоодветно однесување кон брендот признаен од светот. Дел од експертите се уште се на став дека можеби тоа е вистинскиот начин што ќе отвори повеќе можности државата, институциите и градот да добијат помош, искуства и механизмми на Светската организација во наредните активности за надминување на проблемите што впрочем и доведоа до сегашната состојба.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Се скапаа слики редење општинариве и нивните привезоци како ги исчистиле улициве.
Освен Туристичка (и то не цела, лентине за паркирање не се), Железничка, Јане Сандански и Македонски Просветители нишо не е асално средено.

Периферниве населби аут.Даљан, Воска, Бараки, Р. Новичиќ шо фрлале луѓе пред дворојне песок колку да излезет со колите од двор.
И сите помали улици така, па и в центар.Даме Груев, Стив Наумов...Кленоец и АСНОМ стакло вчера.
А паркинзине со наплата нормално исчистени, не смејт да не врвит бизнисот.

Абе куриња, синџири требит да клајш на чизмиве да прошеташ по тротоариве.
 
Последно уредено:

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.921
Поени од реакции
12.411
За многу години празников, Бог се јави!
Да ве потсетам дека светов почна удолница да фаќат од 2015, годината кога за прв пат после долго време неварошанец го фати крстот. Оските на Универзумот беа поместени со тој тежок дисбаланс, и конечно светот и Охриѓани сфатија дека Варош и крстот се едно и не требит никогаш да се разделени!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom